Роберт Бернс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Роби Бернс)
Роберт Бернс
Портрет на Бернс од 1787 г.
Роден/а25 јануари 1759(1759-01-25)
Ершир, Шкотска
Починат/а21 јули 1796(1796-07-21) (возр. 37)
Дамфрис, Шкотска
Занимање
  • поет
  • текстописец
  • земјоделец
  • exciseman
НационалностШкотланѓанец
ДржавјанствоБританско
Книжевно движењеромантизам
Значајни дела
Потпис

Роберт Бернс (шкотски: Robert (Robbie) Burns; 25 јануари 1759 — 21 јули 1796) — шкотски поет и лиричар. Тој се смета за национален поет на Шкотска и се слави насекаде во светот. Тој е најпознат од поетите кои пишувале на шкотски иако многу од неговите дела се на англиски и „лесен“ шкотски дијалект, достапен за публиката надвор од Шкотска. Тој исто така пишувал и на стандарден англиски јазик и овие дела се сметаат за премногу остри поради неговите политички и социјални коментари.

Тој се смета за пионер на романтичарското движење и по неговата смрт станал инспирација за основачите на либерализмот и социјализмот. Тој e културна икона во Шкотска и меѓу шкотската дијаспора во светот. Прославата на неговиот живот и дело стана национален култ во текот на XIX и XX век и неговото влијание врз шкотската литература е големо. Во 2009 тој е прогласен за "Најголемиот Шкот" од страна на шкотскиот народ.

Бернс правел оригинални композиции, но исто така собирал и народни песни од цела Шкотска кои потоа ги адаптирал. Неговата поема (и песна) „Старите добри времиња“ (Auld Lang Syne) често се пее на Нова Година, а „Маршот на Брус“ (Scots Wha Hae) долго време служеше како неофицијална химна на земјата. Други поеми и песни на Бернс кои се насекаде познати во светот се: “Црвена, црвена роза”;” Човек си е човек”; “За еден глушец”; ” Битката на Шерамур”;” Там О`Шантер” итн.

Ершир[уреди | уреди извор]

Аловеј[уреди | уреди извор]

Бернс е роден 3 километри на југ од Ер, во Аловеј, Јужен Ершир, Шкотска, како најстаро дете од седумте деца на Вилијам Брнес (1721-1784) (Роберт Бернс го пишува своето презиме како Burness сè до 1786 година) самообразуван земјоделец од Данхотар, и на Агнес Браун (1732-1820), која е ќерка на фармер од Киркосвалд, Јужен Ершир.

Тој е роден во куќата која ја изградил неговиот татко (сега музеј), каде живеел сѐ до Велигден 1766. Вилијам Брнес ја продал куќата и земал под закуп фарма од 70 хектари југоисточно од Аловеј. Тука Бернс растел во сиромаштија и тешката физичка работа на фармата оставиле траги во физичкиот развој на Бернс.

Тој има малку формално школување и поголемиот дел од неговото образование го добивал од неговиот татко кој ги учел своите деца да читаат,пишуваат, аритметика, географија и историја и исто така го напишал за нив “Упатството за Христијанска Вера”. Тој бил исто така подучуван од Џон Мердок, кој отворил “школо за авантура” во Аловеј во 1763 и им предавал латински,француски и математика на Роберт и Гилберт, братот на Роберт. По неколку години домашно образование, Бернс во 1772 бил пратен во летно училиште да учи и да се врати за време на жетвата во 1773.

На 15 годишна возраст, Бернс бил главен работник на фармата. За време на жетвата во 1774, помош му пружила Нели Килпатрик, која го инспирирала да започне да пишува поезија и од ова произлегла неговата прва поема, “Еднаш сакав убава девојка”. Во летото во 1775 г. тој бил испратен да го заврши своето образование кај тутор во Киркосвалд и таму ја запознал Пеги Томпсон на која ѝ напишал две поеми, “Сега борбени ветрови” и “Сонував дека лежам”.

Тарболтон[уреди | уреди извор]

Во Витсан, 1777 Вилијам Брнес ја спасува неговата фамилија од неповолните услови на фармата, и се преселуваат на фарма од 130 хектари која се наоѓа во близина на Тарболтони таму остануваат сѐ до смртта на Вилијам Брнес во 1784. Фамилијата на Бернс се навикнува на Тарболтон и брзо се приспособуваат на средината. Иако татко му негодува, Бернс се запишува во школо за танцување во 1779 и со Гилберт го формираат “Клубот за Ергени” во Тарболтон. Неговите најрани писма датираат од ова време кога ѝ започнува романса со Алисон Беџби. Иако напишал четири песни за неа и ветува дека ќе се ожени со неа, таа го одбива.

Во декември 1781, Бернс се сели привремено во Ирвин, Северен Ершир, да научи да шие лен, но за време на забавата за нова година 1781/1782, продавницата за лен се запалува и е премногу оштетена за да продолжи со работа. Бернс се враќа дома на фармата. Тој продолжува да пишува песни и поеми и започнува збирка во 1783 додека татко му води судски спор со сопственикот на фармата.

Мошлин[уреди | уреди извор]

Роберт и Гилберт воделе спор за да останат на фармата, но по поразот, тие се преселиле на фарма во Мосгил, во близина на Мошлин no продолжиле со спорот следните четири години. За време на летото во 1784 година, Роберт запознал група девојки кои се познати како “Дамите на Мошлин”, од кои едната од нив била Жан Армур, ќерка на каменорезец од Мошлин.

На 22 години Роберт Бернс бил внесен во ложата на “Свети Дејвид Тарболтон” на 4 јуни 1781. Подоцна тој преминал во ложата на “Свети Џејмс Тарболтон” –Килвининг- број 135. Локацијата каде Бернс бил направен масон е непозната.

Иако редовно се состанувале во Тарболтон, “Бернс ложата” исто така одржуваат состаноци и во Мошлин. Во текот на 1784, Бернс длабоко бил инволвиран во работата со ложата, присуствувал на сите девет средби, помагал да се прифатат други членови и ја управувал ложата. Во 1785 тој бил подеднакво вклучен во ложата ѝ тоа како заменик на учителот и повторно присуствувал на сите девет состаноци. Во текот на 1785 г. тој го вклучил својот брат Гилберт.

На состанокот на ложата “Свети Ендрју” во Единбург во 1787, во присуство на Големиот Учител и Големата Ложа на Шкотска, Бернс наздравил со Големиот Учител, Франсис Шатери. Во почетокот на 1787, тој бил прифатен од масонското братство на Единбург и бил наречен Поет Лаутерат на ложата – титула која оттогаш е прифатена од масонсвото во целина. Периодот во Единбург има големо значење во животот на Бернс, бидејќи понатамошни изданија на Килманрошкото iздание се спонзорирани од масоните на Единбург, осигурувајќи се името на Бернс да се шири низ Шкотска и Англија, а потоа и пошироко.

За време на неговата турнеја во Југот на Шкотска собирајќи материјали за шкотскиот музички музеј, тој посетил бројни ложи и бил прифатен како почесен член во истите. Кога се враќал назад за Ершир, тој поминал низ Дамфри (каде што подоцна и се преселил).

На 25 јули 1787, откако бил ре-избран за Заменик Учител, тој претседавал на состанок каде што на неколку познати масони им било дадено почесно членство. За време на Хајленд турнејата, тој посетил многу други ложи. Од времето на периодот од неговото назначување како Заменик Учител во 1784, ложата на Свети Џејмс се состанала 70 пати. Бернс бил присутен 33 пати, а претседавал на 25 од нив.

Тој се приклучил на ложата “Свети Ендрју” број 179 во Дамфри на 27 декември 1788. Од шесте ложи во Дамфри, тој се придружил на најслабата. Евиденцијата на оваа ложа е слаба и не се знае ништо за Бернс сè до 30 ноември 1792, кога Бернс бил избран за Главен Чувар. Од овој датум па сè до последниот собир на ложата на 14 април 1796, оваа ложа се состанала само пет пати.

На 28 август 1787 Бернс го посетил Стерлинг и на патот до римската тврдина кај Брако, поминал и по мостот на Ален. Во 1793 ја напишал неговата поема “Од текот на Ален”.

=Љубовни врски[уреди | уреди извор]

Љубовните врски на Бернс не ѝ сметале на локалната црква и тие го претставувале како му распуштеник. Неговото прво дете, Елизабета Патон Бернс (1785-1817) било родено од слугинката на мајката на Бернс, Елизабет Патон, додека тој сè уште бил во врска со Жан Армур која била бремена со неговите близнаци во 1786. Иако таткото на Армур го забранил нивниот брак, тие се земале во 1788. Тие имале девет деца, но само три го преживеале детството.

Жан Армур првпат забременила во март 1786. Бернс потпишал документ со кој се потврдува бракот со Армур но нејзиниот татко “бил во голема болка и се онесвестил”. За да се избегне срамот, нејзините родители ја пратиле да живее со нејзиниот вујко во Пејсли. Бернс бил во финансиски проблеми и за да собере доволно пари за да гледа фамилија, тој прифатил работа на Јамајка за 30 фунти годишно. Работата која Бернс ја прифатил е библиотекар на плантажа со робови. Ова се во спротивност со ставовите на Бернс, како што напиша во “Каењето на робовите” шест години подоцна, но во 1786 свеста на јавноста за аболиционизмот била мала.

Во исто време, Бернс се заљубува во Мери Кемпбел, која ја видел во црква додека живеел во Тарболтон. Таа е родена блиску Данун и живеела во Кемпбелтон пред да замине да работи во Ершир. Бернс и ги посветил поемите “Девојко од планината О, Мери од планината” и “Мери во рајот”.Во неговата песна ”Ќе одиме ли на Карибите,моја Мери, и да ја напуштиме Шкотска?” сугерирал на тоа дека тие планираат да се преселат на Јамајка. Нивната врска била предмет на многу озборувања, и е решено на 14 мај 1786 да ги заменат своите библии и да дадат заклетва кај “Водата на пропастот” како традиционален брак. Набргу потоа Мери Кемпбел ја напуштила својата работа во Ершар, оди до морското пристаниште во Гринок и отпловила дома кај нејзините родители во Кемпбелтон.

Издание од Килмарнок[уреди | уреди извор]

Бернс бидејќи немал средства да го плати неговото патување на Карибите, Гевин Хамилтон му предложил на Бернс да ги издава неговите песни само на оние кои се претплатиле, така Бернс би собрал пари за основните потреби на Јамајка. На 3 април Бернс испратил предлози за издавање на “Шкотски поеми” до Џон Вилсон, кој бил локален издавач во Килмарнок, кој ги објавил овие предлози на 14 април 1786, на истиот ден кога таткото на Жан Армур го раскинал бракот на Бернс со Армур. За да добие потврда дека е ерген, Бернс се согласил на 25 јуни, три недели остро да критикува во Мошлин црквата. Тој го префрла својот удел од фармата на неговиот брат Гилберт на 22 јуни и на 30 јули му пишува на својот пријател Џон Ричмонд дека “Армур има налог за да ме пикне во затвор додека не најдам пари....шетам од куќата на еден пријател кон друг”.

На 31 јули 1786, Џон Вилсон ja објавил збирката на Роберт Бернс и Pоеми, главно на шкотски дијалект. Познатa како “Книгата Килмарнок”, збирката се продавала за три шилинзи и ги содржи неговите најдобри дела како “Двете кучиња” ; ”Обраќање до ѓаволот” ; „Ноќ на вештерките“ ; “За еден глушец” и многу други од кои голем дел биле напишани на Мосгил фармата. Збирката станала многу позната и Бернс набрзо бил познат низ цела земја.

Бернс го одложил своето емигрирање во Јамајка до 1 септември,а бил во Мосгил кога дознал дека Армур родила близнаци два дена подоцна. На 4 септември, Томас Блеклок напишал писмо изразувајќи восхит за поезијата во Килмарнок предложувајќи второ, поголемо издание. Копија од ова му била дадена на Бернс, кој подоцна се потсетува: “Веќе се бев простил со моите пријатели и мојот багаж беше на пат кон Гринок; само што ја напишав последната песна во Шкотска – “Мрачната ноќ доаѓа брзо”- кога писмо од д-р Блеклок до мој пријател ги фрли сите мои шеми отворајќи нови можности за мојата поетска амбиција. Докторот припаѓаше на оние критичари на чија поддршка не се ни надевав. Неговото мислење дека ќе соберам храброст за второ издание во Единбург, ме загреа толку многу што веднаш заминав за Единбург без ниту еден познаник и без претходна најава”.

Во октомври, Мери Кемпбел и нејзиниот татко отпловиле за Кемпбелтон да го посетат нејзиниот брат во Гринок. Нејзиниот брат се разболел од тифус,па додека се грижела за него,и таа се разболела. Таа умрелa од тифус на 20 или 21 октомври 1786 во Гринок и била закопана таму.

Единбург[уреди | уреди извор]

На 27 ноември 1786, Бернс позајмил пони ѝ заминал за Единбург. На 14 декември Вилијам Крич издал записи за претплата за Едингбургшкото издание на збирката “Поеми, главно напишани на шкотски дијалект” која излегла од печат на 17 април 1787 во Единбург. Во рок од една недела Бернс ги продал своите авторски права на Крич за 100 гвинеи. Во Единбург бил одлично прифатен од страна на литературното милје и бил гостин на собирите на аристократијата. Таму се сретнал и притоа оставил траен впечаток на 16 годишниот Валтер Скот кој подоцна го опишува Бернс со голем восхит:

“Неговото лице беше силно и цврсто; неговити манири едноставни, не како на кловн, еден вид на достоинствена ограниченост и едноставност која ја добил можеби од познавањето на своите извонредни таленти. Неговите одлики се отсликани во сликата на г-н Насмит, но за мене тие изгледаа како намалени, како да се отсликани во преспектива. Мислам дека неговото лице изгледаше поголемо отколку што беше претставено на портретите....имаше и силен израз на итрина во сите негови црти на лицето; самото око, ми се чинеше, посочуваше на поетски карактер и темперамент. Тоа беше големо и темно и буквално светеше кога зборуваше со чувство или интерес. Никогаш не видов такво око во друг човек, иако сум ги видел најценетите луѓе во мое време.” - Валтер Скот

Неговиот престој во градот резултирал со создавање на доживотни пријателства, како она со Лорд Гленсерн и Френсис Ана Данлоп кои биле негови повремени спонзори сè додека не се појавил јаз помеѓу нив. Бернс се обидел да ја заведе Агнес “Ненси” Меклехоус со која разменувал страствени писма под псевдоними (Бернс се нарекуваше себеси “Силвандер”, а Ненси “Кларинда”). Откако му станало јасно дека не може да ја натера Ненси да бидат во физичка врска, тој се пренасочил кон Џени Кроу, слугинката на Ненси, со која имал син Роберт Бернс Кроу во 1788. Неговата врска со Ненси завршилa во 1971 кога се состанале за последен пат во Единбург пред таа да отплови во Јамајка да биде со нејзиниот маж. Пред таа да замине, тој и го испратил ракописот на “Љубовен бакнеж” како проштален подарок за неа.

Во Единбург, во почетокот на 1787, тој го запознал Џејмс Џонсон, продавач на музика со љубов за шкотски песни и со желба да ги зачува. Бернс се пронашол во овој интерес и станал страствен придонесувач на Шкотскиот Музеј за Музика. Првата збирка со шкотска музика била објавена во 1787 и вклучува три песни од Бернс. Тој придонел со 40 песни во втората збирка и од севкупната збирка на 600 песни, Бернс имал околу третина удел во ова. Последното издание било објавено во 1803.

Дамфри[уреди | уреди извор]

Елисанд[уреди | уреди извор]

По неговото враќање во Ершир на 18 февруари 1788 тој ја обновил врската со Жан Армур и земал под закуп фарма кај Елисанд, близу Дамфри на 18 март. Тој бил назначен за царински службеник во 1789 и подоцна се откажал од фармата во 1791. Во меѓувреме, тој ги напишал своите најдобри дела меѓу кои и Там О’Шантер. Во исто време му била понудена средба во Лондон со уредникот на весникот Стар, но тој ја одбил. Исто така тој одбил да се кандидира за место во ново-оформената Катедра за земјоделство во Универзитетот во Единбург, иако имал влијателни пријатели за да ги поддржат неговите тврдења.