Прејди на содржината

Роберт Хартинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Хартинг
Медали

Роберт Хартинг
Натпреварувач за  Германија
Машка атлетика
Олимписки игри
Златен медал - прво место2012 Лондонфрлање диск
Светски првенства
Сребрен медал – второ место2007 Осакафрлање диск
Златен медал - прво место2009 Берлинфрлање диск
Златен медал - прво место2011 Тегуфрлање диск
Златен медал - прво место2013 Москвафрлање диск
Европски првенства
Сребрен медал – второ место 2010 Барселонафрлање диск
Златен медал - прво место 2012 Хелсинкифрлање диск
Златен медал - прво место 2014 Цирихфрлање диск

Роберт Хартинг (18 октомври 1984 во Котбус) е германски фрлач на диск, Олимписки, трикратен светски и двократен европски првак.

Првиот поголем успех, Хартинг го постигна на светското јуниорско првенство во 2001 година, на кое го освои второто место. На следните неколку поголеми првенства нема остварено забележителни резултати, сè до победата на светското првенство за млади сениори во 2005 година.

На светските првенства, првиот медаљ го освои на првенството во Осака во 2007, освојувајќи го второто место. Веќе на следното светско првенство во Берлин, Хартинг ја израдува домашната публика со освоениот златен медаљ, а истиот успех го повтори и две години подоцна, на првенството во Тегу, како и четири години подоцна на светското првенство во Москва.

Хартинг за првпат на Олимписките игри настапил на игрите во Пекинг во 2008 година, на кои го зазел четвртото место. Четири години подоцна, на игрите во Лондон го освоил златниот медал со префрлени 68,27 m во финалето.

Освен на Олимписките игри и светските првенства, тој има постигнато забележителни успеси и на европските првенства. Така, освојувач е на сребрен медал на Европското првенство во Барселона во 2010, како и на златен медал на првенствата во Хелсинки во 2012 и во Цирих во 2014 година.

Неговиот личен рекорд изнесува 69,69 m и е постигнат на 28 август 2010 во Нојбранденбург.[1]

  1. Harting wirft Bestleistung Архивирано на 4 септември 2010 г., sport1.de.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]