Роберт Фрост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роберт Фрост
Фрост на поштенска марка

Роберт Ли Фрост (роден во Сан Франциско, 26 март 1874, починал во Бостон, 29 јануари 1963) бил еден од најголемите американски поети на дваесеттиот век. Добил четири Пулицерови награди.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден бил во Сан Франциско, а живеел во Калифорнија до својата единаестта година. Фрост пораснал како градско дете и својата прва песна је објавил во Лоренс, Масачусетс. Студирал во колеџот Дармут и во Универзитетот Харвард, но не дипломирал. Откако купил фарма во Дери, Њу Хемпшир, станал познат по својот искривен говор кој бил рурален и личен.

Во 1912 година, ја продал фармата и се преселил во Англија за да може да се посвети на пишување. Неговата прва книга „Волјата на момче“ била објавена наредната година. Повторно се вратил во Америка во 1915 година, па купил фарма во Франконија, Њу Хемпшир, и ја започнал својата кариера како поет и учител.

Тој рецитирал свое дело на инаугурацијата на претседателот Џон Д. Кенеди 1961 година и ги претставувал САД во неколку официјални мисии.

Учениците во Америка често ја учат неговата песна „Застанување кај дрвјата во снежна вечер“. Негови најпознати песни се: Поправање на ѕидот, Бобинки, По собирање јаболка, Пасиштето, Оган и мраз, Патот по кој не се оди, и Директива.

Откако починал во 1963 године, Роберт Фрост е закопан на гробиштата Олд Бенингтон, во Бенингтон, Вермонт. Универзитетот Харвард му доделил диплома.

Негови дела[уреди | уреди извор]

  • Волјата на момче 1913 година
  • Северно од Бостон 1914 година
  • Планински интервал 1916 година
  • Њу Хемпшир 1923 година (Пулицерова награда)
  • Брук бега на запад 1928 година
  • Прекрасната ќе биде избирач1929 година
  • Собрани поеми 1930 година (Пулицерова награда)
  • Осамениот штрајкувач 1933 година
  • Од снег до снег 1936 година
  • Понатамошен опсег 1936 година (Пулицерова награда)
  • Дрво сведок 1942 година (Пулицерова награда)
  • Влези, и други поеми 1943 година
  • Маска на разумот 1945 година
  • Шпил од грмушки 1947 година
  • Тешко да не бидеш крал 1951 година
  • При расчистување 1962 година

Наводи[уреди | уреди извор]