Роберт Стамболџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Роберт Александар Петар Стамболџиевавстралиски фудбалер со македонско потекло. Роден е на 26 октомври 1990 во Мелбурн, Австралија. Моментално игра во ФК Ники од Волос, Грција.

Kaриера[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал во австралиски Престон лајонс, кој всушност е клуб на македонските иселеници во Австралија. Во 2009 година се сели во Европа и тоа во грчкиот гигант Панатинаикос, со кој стана првак на Грција во сезоната 2010/11. По две сезони се сели во Кавала, па Продефтики и Трасиволос.

Во 2012 година Грција ја менува со Кипар, каде игра во дресот на Олимпијакос Никозија. На Кипар игра и за АЕК Куклиа, а во овој преоден рок потпиша за Ники Волос, со што направи кам-бек во Грција.

За квалитетот на Стамболџиев доволно говори фактот дека тој веќе има 7 настапи и 2 гола за австралиската млада репрезентација, но бидејќи нема настап за најсилната репрезентација на Австралија може да заигра за нашиот состав според правилата на ФИФА.

Поврзано[уреди | уреди извор]