Роберт Наумоски
Изглед
Роберт Наумоски (Сиднеј, 1974 ) ― австралиски спортист од македонска народност, еден од најголемите практивачи на бразилска џиу-џица во светот[1]. Воедно тој е првиот Македонец носител на црн појас во овој спорт.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Наумоски е роден во 1974 година во Сиднеј, Австралија. Потекнува од Прилеп. Почнал да вежба боречки вештини уште на 12-годишна возраст. Во 1994 добил црн појас. До 2010 година пет пати бил првак на Нов Јужен Велс, трипати австралиски првак и четири пати сетихоокеански првак[3]. Тој е прв носител од Македонија на црн појас во бразилска џиу-џица. Има одржано 120 борби (состојба 2010), од кои доживеал само осум порази. Неговата сопруга Маја, исто така, тренира бразилска џиу-џица. Живее во Сиднеј.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Наумоски: Зависник сум од бразилската џиу-џица“. Нова Македонија. 10 декември 2010. Посетено на 2010-12-11.
- ↑ „Rob Naumoski gets his black belt“ (англиски). ROOTS. November 29, 2010. Архивирано од изворникот на 2013-11-17. Посетено на 2010-12-11.
- ↑ „Robert Naumoskis fight record:“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2010-12-27. Посетено на 2010-12-11.