Роберт Јаки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Роберт С. Јаки ( 1950 - Скопје, 29 октомври 2010) бил познат македонски фотограф[1][2] и еден од доајените на македонското фоторепортерство[3].

Творештво[уреди | уреди извор]

Јаки своите први фотографии ги објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1975 година, како претставник на новата генерација фотографи на современата македонска новинска фотографија. Станал познат по своите фотографии на големите несреќи и трагедии. Работел за сите изданија на „Нова Македонија“, потоа во Танјуг, Алсат М, а во еден период имал и свој фотомагазин „Фотон“. Неговите критериуми за фотографија биле на светско рамниште. Отворил повеќе самостојни изложби на уметничка и новинска фотографија[4]. Починал на 29 октомври 2010 година во Скопје на 60 годишна возраст, токму на 66 годишнината од Нова Македонија, весникот во кој започнал да работи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kulturen život (28 издание). Kulturno-prosvetnata zaednica na Makedonija. 1983. 
  2. (на македонски) Македонска библиографија (2 издание). Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. 1990. 
  3. Почина Роберт Јаки - симболот на македонското фоторепортерство“, Нова Македонија, сабота 30.10.2010 (посет. 30 октомври 2010 г). (на македонски)
  4. Изложба на новински фотографии "Македонија 2001 — култура и војна"“, Дневник, 2001 (посет. 30 октомври 2010 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]