Роберто Бетега
| Роберто Бетега | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Роден на | 27 декември 1950 | ||
| Роден во | Торино, Италија | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,84 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | напаѓач | ||
| Повлекување | 1985 (34 г.) | ||
| Младинска кариера | |||
| 1961-1969 |
| ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
| 1970-1983 |
| 326 | (129) |
| 1969-1970 |
→ | 30 | (13) |
| 1983-1984 |
| 48 | (11) |
| Репрезентација | |||
| 1971-1974 |
| 4 | (3) |
| 1971-1972 |
| 1 | (0) |
| 1975-1983 |
| 42 | (19) |
Роберто Бетега (роден на 27 декември 1950 година во Торино) — италијански поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.
Речиси целата своја кариера ја поминал во Јувентус, клубот на чиј младински сектор се приклучил во раните 60-ти,[1] играјќи тринаесет сезони како професионалец, освојувајќи седум национални првенства, еден Куп на УЕФА и еден Куп на Италија. Тој, исто така, одиграл 42 натпревари за италијанската репрезентација во перидот помеѓу 1975 и 1983 година, постигнувајќи 19 гола, и ја претставувал земјата на Светското првенство 1978 и Европското првенство 1980, како дел од екипите кои го освојувале четвртото место.
По пензионирањето, тој станал телевизиски коментатор и спортски директор: од 1994 до 2006 година бил потпретседател, а помеѓу 2009 и 2010 година, заменик-генерален директор во Јувентус.
За време на неговата натпреварувачка кариера го имал прекарот „Боби гол“ поради неговата убиственост пред голот, и прерано побелената коса што била карактеристична за него.[1] По тестамент на Франсиско Окампо, претседател на парагвајскиот клуб Такуари, стадионот на овој клуб во Асунсион, Парагвај, во 2002 година бил именуван по Бетега,[2] носејќи го името „Естадио Роберто Бетега“ се до затворањето на истиот во 2015 година.[3]
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]
Тој се смета за многу модерен напаѓач за својата генерација, како и за лидер на тимот, способен и да завршува и да создава шанси. Амбидекстер[5] надарен со атлетска фигура, интуиција, индивидуална техника и визија за играта, тој бил специјалист за удари со глава:[6] во контекст на ова, неговиот гол фрлајќи се по топката за да нанесе удар со глава против Англија во натпреварот одигран во Рим на 17 ноември 1976 година, останал незаборавен, погодок со кој резултатот гласел 2-0 за Италија и со кој им помогнал на „аѕурите“ да се квалификуваат за Светското првенство 1978 за сметка на Англичаните.
Тој бил еден од најкомплетните италијански напаѓачи на сите времиња, благодарение и на решителноста и професионализмот што го издвојуваат.[5]
Откако се етаблирал како чист напаѓач, неговиот подем бил забавен од појавата на туберкулоза која го погодила во сезоната 1971-1972;[6] Џампјеро Мугини напишал за него дека токму оваа болест го спречила да стане најголемиот фудбалер на модерната ера.[7] Подоцна, тој се вратил на теренот, првично дејствувајќи како маневрирачки централен напаѓач[6], а на крајот од својата кариера и како офанзивен играч од средниот ред.[8] Вреди да се напомене дека тој има импресивна статистика на постигнати голови дури и без помош на пенали: тој има изведено само 6 пенали во својата кариера, и сите ги реализирал.[9]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци, Јувентус и Варезе
[уреди | уреди извор]
Роден во Торино од венецијанско семејство кое емигрирало од Виљабруна;[10] неговиот татко бил работник во ФИАТ. Роберто му се приклучил на Јувентус како дете, минувајќи низ младинските категории.[11][12] Тука тој пораснал под водство на историскиот тренер на младинскиот тим на Јувентус од тоа време, Марио Педрале,[13] кој го споредил во почетокот со Џон Чарлс.[14]
Во пресрет на неговата прва сезона како професионалец, во летото 1969 година, клубот од Торино одлучил да го испрати перспективниот напаѓач, исто така за да избегне „прегорување“ со раниот скок во првиот тим на Јувентус, на позајмица во Серија Б, во екипата на Варезе:[14] всушност, тој бил побаран директно од тренерот на клубот од Ломбардија, Нилс Лидхолм, откако бил забележан од него за време на натпреварот помеѓу младинските екипи на двата клуба.[14]
Во својата единствена година во црвено-белиот дрес, осумнаесетгодишниот Бетега бил најголемото откритие во Серија Б во сезоната 1969-1970, придонесувајќи за првото место поврзано со промоција во Серија А, успех за кој придонел со постигнување на 13 гола, кои воедно го направиле, заедно со соиграчот Ариедо Браида и Аквилино Бонфанти од Катанија, најдобар стрелец во првенството.[14]
Враќање во Јувентус
[уреди | уреди извор]1970-1976
[уреди | уреди извор]
Тој се вратил во Јувентус во сезоната 1970-1971, останувајќи таму тринаесет последователни сезони до 1983 година. Тој одиграл вкупно 481 натпревар за Јувентус (326 во Серија А, 73 во Купот на Италија, 31 во Купот на шампионите, 8 во Купот на победниците на куповите и 42 во Купот на УЕФА), постигнувајќи 178 гола (129 во Серија А, 22 во Купот на Италија, 7 во Купот на шампионите, еден во Купот на победниците на куповите и 19 во Купот на УЕФА), со што претставува трет најдобар стрелец на клубот на сите времиња зад Алесандро Дел Пјеро и Џампјеро Бониперти.
Интересно е што Бетега се вратил во Јувентус како единствен играч од Торино кој пораснал во младинскиот систем, токму кога тимот веќе имал или бил на пат да потпише група млади играчи од Јужна Италија;[15] меѓу нив бил и оној кој станал негов референтен напаѓачки партнер, катанијецот Пјетро Анастази, со кого во следните шест сезони ќе формира - Анастази како централен напаѓач и Бетега како лево крило - еден од најдобрите напаѓачки тандеми во историјата на Јувентус.[16][17]

Своето деби во Серија А го имал на 27 септември 1970 година, во натпреварот на гости против Катанија, постигнувајќи го решавачкиот гол; во текот на остатокот од сезоната, „единаесетката“ на Јувентус одиграла 42 натпревари (28 во Серија А 1970-1971, 11 во Купот на саемските градови 1970-1971 и 3 во Купот на Италија 1970-1971) и постигнал 21 гол (13, 6 и 2 соодветно). По втор пат во својата историја, Јувентус стигнал до финалето на континентално натпреварување, губејќи од англискиот тим Лидс Јунајтед во последното издание на Купот на саемските градови: по нерешениот резултат 2-2 на домашен терен, во кој Бетега го постигнал голот за 1-0, реваншот завршил 1-1, а трофејот го освоиле Англичаните според правилото за голови во гости.[18]
Тој имаше одличен почеток на првенството 1971-1972, во кое постигнал два гола против Милан во четвртото коло, постигнувајќи прво гол со глава, а потоа, вториот на асистенција на Анастази, со убав удар со пета - технички подвиг што сè уште бил редок за гледање во тоа време[4] – останал во аналите.[6][19] Сепак, по 10 гола во 14 натпревари, последниот на 16 јануари 1972 година против Фјорентина, тој бил принуден на долга пауза поради појава на туберкулоза:[6] ова нарушување го мачело уште од почетокот на неговата кариера, предизвикувајќи му тешкотии со дишењето и ограничување на неговите перформанси.[7] Тој се вратил во акција дури на почетокот на следната сезона, помагајќи му на Јувентус да го освои второто последователно скудето и придонесувајќи за патувањето што ги одвело „бјанконерите“ до нивното прво финале во Купот на шампионите 1972-1973, кое го загубиле на 30 мај 1973 година од Ајакс.[20]

И покрај тоа што постигнувал поретко голови во текот на следните две години, во истиот период дебитирал за репрезентацијата под водство на селекторот Фулвио Бернардини во јуни 1975 година, играјќи го целиот натпревар, добиен на гостински терен против Финска. Тој повторно ја надминал границата од десет гола во сезоната 1975-1976, годината во која Јувентус го загубил скудетото од своите градски ривали Торино, откако испуштиле предност од пет бода во 21-вото коло. Во исто време, во репрезентацијата тој морал да се задоволи со помала улога во натпреварите под водството на новиот технички менаџмент доверен на тандемот Бернардини-Беарцот.
1976-1981
[уреди | уреди извор]Во летото 1976 година, со доаѓањето на Џовани Трапатони на клупата на Јувентус, започнал победнички циклус кој бил предодреден да трае една деценија. Јувентус го освоил скудетото со еден бод повеќе пред бранителот на титулата Торино, освојувајќи рекордни 51 бод од можни 60.[21][22] (Фјорентина, како трета, завршила со 16 бода зад шампионот); Бетега – кој во меѓувреме, со оглед на продажбата на Анастази, си нашол во Роберто Бонинсења нов партнер во нападот[23] – не пропуштил ниту еден натпревар и постигнал 17 гола, додавајќи уште 5 во Купот на УЕФА освоен во истата сезона. Тоа бил првиот меѓународен трофеј освоен од тимот, кој бил подобар од баскискиот тим Атлетик Билбао во финалето од два натпревари: во реваншот загубен со 2-1 во Шпанија, во огнената арена на Сан Мамес, решавачкиот бил токму голот со глава на Бетега, по центаршутот на Марко Тардели, што му го донел трофејот на Јувентус благодарение на поголемиот број постигнати голови во гости.[24]

Јувентус ја одбранил титулата во италијанското првенство во сезоната 1977-1978, овојпат пред Торино и изненадувањето Виченца. Тоа било прелудиум на големото Светско првенство што Бетега и Италија го играле во Аргентина во летото 1978 година. Откако се докажал и на меѓународната сцена, Бетега се нашол на четвртото место на ранг-листата на „France Football“ во изборот за „Златната топка“ и во 1977 и во 1978 година.[6]
Во следните две сезони, Јувентус ја загубил титулата во Италија, прво од Милан, а потоа и од Интер, но го освоил Купот на Италија 1978-1979, победувајќи го Палермо со 2-1 по продолженија во финалето во Неапол, за време на кое Бетега бил принуден да го заврши натпреварот предвреме поради повреда на ребрата.[25]
Во пресрет на сезоната 1979-1980, нападот на Јувентус претрпел одредени промени со оглед на збогувањето со Бонинсења и со Пјетро Паоло Вирдис, откако вториот не успеал да ја убеди околината, Трапатони одлучил да му го довери дресот со „бројот девет“ на Бетега, односно да го премести во центарот на шеснаесетникот, поддржан од крилните играчи Франко Каузио и Пјерино Фана.[26][27] Во новата улога, Бетега постигнал 16 гола во првенството што му ја донело титулата најдобар стрелец во Серија А за првпат во неговата кариера; ова било потпомогнато и од фактот дека тој отстапи од својата вообичаена практика, согласувајќи се да стане, во завшницата од сезоната, изведувач на пеналите во тимот.[9] Сепак, и покрај головите на Бетега, Јувентус не успеал да ја освои титулата, завршувајќи на второто место со три бода помалку од шампионот Интер. Истата година, Јувентус се соочил со англискиот клуб Арсенал во полуфиналето на Купот на победниците на куповите: во првиот натпревар на Хајбери, Бетега си постигнал автогол, со што натпреварот завршил со резултат 1-1 откако „бјанконерите“ повеле,[28] но потоа биле елиминирани по реваншот во Торино.
Во сезоната 1980-1981, скудетото се вратило кај Јувентус; сепак, за Бетега, кој го освоил своето шестто лично скудето во кариерата, оваа сезона го означила почетокот на неговата опаѓачка ефективност, откако напаѓачот придонел за успехот постигнувајќи само пет првенствени гола. Во Купот на УЕФА таа сезона, неговите три гола не биле доволони за Јувентус да ја мине втората рунда, каде што биле елиминирани од Виѓев Лоѓ: полјаците го добиле првиот натпревар дома со 3-1 (Бетега бил стрелец на голот за Јувентус), додека во реваншот „бјанконерите“ победиле со 3-1, по што натпреварот отишол во продолженија а од таму и до изведување пенали по кој италијанската екипа загубила со 5-4.
1981-1983
[уреди | уреди извор]На почетокот на сезоната 1981-1982, се чинело дека Бетега се враќа во форма, постигнувајќи пет гола во своите први седум натпревари. Но, на 4 ноември 1981 година, по поразот во првиот натпревар од осминафиналето на Европскиот куп на шампиони против Андерлехт во Брисел, судирот кој го имал со белгискиот голман Џеки Мунарон во реваншот во Торино му нанел сериозна повреда на лигаментите на коленото. Јувентус бил елиминиран, а напаѓачот ја пропуштил практички целата сезона поради проблематично закрепнување;[29] Поради повредата, тој бил само спореден актер во освојувањето на своето седмо и последно скудето, а во летото 1982, неговата сè уште несигурна физичка и здравствена состојба го принудила да го одбие повикот да го носи италијанскиот дрес на „Мундијалот“ во Шпанија.[30]
Во сезоната 1982-1983, тој повеќе не бил централна фигура во нападот: стартер на позицијата централен напаѓач станал Паоло Роси, па Бетега почнал да носи необичен „број седум“ на грбот, наизменично делејќи ја минутажата со младиот Доменико Марокино.[31][32][33] Тој немал посебна среќа пред голот во текот на сезоната, погодувајќи ја пречката единаесет пати; сепак, на 10 април, во победата од 5-0 на домашен терен над Асколи, тој го имал задоволството да го постигне голот 3000-тиот гол на Јувентус во историјата на Серија А, од кога се играло првенството во „единечна група“.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Европскиот куп на шампиони против Виѓев Лоѓ, Бетега постигнал гол за 2-0; клубот од Торино потоа се пласирал во финалето, загубено во Атина од Хамбургер, последниот натпревар на Бетега во црно-белиот дрес и покрај тоа што сезоната сè уште била во тек. Тој го напуштил Јувентус на крајот на мај 1983 година, после 490 одиграни натпревари за и 179 постигнати гола.
Торонто Близард
[уреди | уреди извор]Откако се збогувал со Јувентус, тој се преселил во Северноамериканската фудбалска лига (НАСЛ) во јуни 1983 година, за да игра за канадскиот тим Торонто Близард.[34] Своето деби за клубот го имал на 6-ти истиот месец, во поразот по шут-аутот од Ванкувер Вајткапс во регуларната сезона.[35][36] Тој останал во Торонто две сезони, стигнувајќи до финалето на плејофот на првенството, таканаречениот Сокер Боул, во двете години, натпревари кои Близард ги загубиле од Талса Рафнекс во 1983 година и од Чикаго Стинг во 1984 година.
Бетега се вратил привремено во Италија во есента 1984 година,[37] од една страна, поради сè погласните гласини за претстоен финансиски колапс на НАСЛ,[37] а од друга страна да ја тестира можноста за привремено враќање во Серија А;[38][39] Всушност, сезоната во Северноамериканската лига во 1985 година, дури и да била завршена, немало да започне повторно до доцна пролет, а во меѓувреме, напаѓачот добил неколку понуди од италијански клубови, но „најважната“ од Удинезе.[38][39]
Сепак, кога се чинело дека е само на еден чекор од постигнување договор со фриулијанците,[38][39] на почетокот на ноември тој бил жртва на сериозна сообраќајна несреќа на автопатот Торино-Милано и бил хоспитализиран неколку дена на интензивна нега:[39][40] и покрај првичните намери да се врати на фудбалот,[41] конечната одлука, исто така со оглед и на банкротот на НАСЛ, била да стави крај на неговата играчка кариера.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Младински репрезентации
[уреди | уреди извор]Бетега го имал своето деби во синиот дрес во 1970 година, со италијанската репрезентација под 23 години,[42] во натпреварот одигран на 1 ноември во Варезе против врсниците од Австрија (3-1),[43] во кој исто така постигнал гол со кој резултатот станал 2-1.[44] Неколку месеци подоцна, тој го имал своето деби и за репрезентацијата под 21 година,[42] на 5 мај 1971 година во Трст против Холандија (5-2).[45][46]
Сениорска репрезентација
[уреди | уреди извор]
Повикан од селекторот Фулвио Бернардини, Бетега го имал своето деби за сениорската репрезентација на Италија на 5 јуни 1975 година,[42] на возраст од 24 години, за натпреварот Финска-Италија (0-1), важечки за квалификациите за Европското првенството 1978.[47] Своите први голови за „аѕурите“ ги постигнал точно една година по неговото деби, на 5 јуни 1976 година, постигнувајќи два гола во пријателската победа од 4-2 против Романија, откако влегол во игра заменувајќи го Паоло Пуличи на полувремето.[48]
Играјќи постојано од 1976 година, првично во пар со Франческо Грацијани, а потоа и со младиот Паоло Роси, тој го наследил Џиџи Рива во центарот на нападот на националниот тим. Тој бил клучна фигура во квалификациите за Светското првенство 1978, во кои постигнал 9 гола во шест натпревари, вклучувајќи ја и „четворката“ – сè уште последниот играч во дресот на сениорската репрезентација на Италија кој го сторил тоа – во мрежата на Финска за време на победата од 6-1,[49] нешто што се покажало како одлучувачко во обезбедувањето пласман на завршниот турнир благодарение на подобрата гол-разлика во споредба со Англија. Помеѓу јуни 1976 и јуни 1977 година, тој постигнал голови, меѓу другото, во шест последователни натпревари.

Врвот на својата репрезентативна кариера, Бетага го достигнал на Светското првенство 1978 во Аргентина, каде што бил избран за стартер од селекторот Енцо Беарцот.[50] Таму, во натпреварот во кој идните светски шампиони го претрпеле единствениот пораз на турнирот, тој бил стрелец на голот со кој италијанците го победиле домаќинот предводен од Сесар Луис Меноти. Италијанскиот тим завршил четврти, откако го загубиле натпреварот за третото место од Бразил: „Аѕурите“ дури три пати ја погодиле стативата во тој натпревар, последниот пат било по ударот со глава на Бетега во последните минути.[51]
Две години подоцна, тој учествувал на Европското првенство 1980 одржано во Италија, на кое италијанската репрезентација повторно завршила на четвртото место. Бетега повторно бил дел од почетните единаесет, откако завршил како најдобар стрелец на италијанското првенство, но не успеал да постигне ниту еден гол во своите четири натпревари на турнирот.
Во следните квалификации за Светското првенство 1982, на 17 октомври 1981 година, тој го постигнал израмнувачкиот гол на гостувањето во Белград против Југославија (1-1). Сепак, Бетега морал да го пропушти „Мундијалот“ во Шпанија, на кој „аѕурите“ триумфирале, поради последиците од сериозната повреда на левото колено здобиена во ноември 1981 година.[30]
Откако две години не добивал повик, на 16 април 1983 година, тој играл во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 1984, загубен со 1-0 од Романија во Букурешт: тоа бил последниот натпревар на Бетега во дресот на „аѕурите“, а истиот го завршил во 69-тата минута кога бил заменет од Алесандро Алтобели. За репрезентацијата, тој забележал вкупно 42 настапи и 19 голови.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]| Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
| 1969-1970 | Б | 30 | 13 | КИ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 33 | 13 | |
| 1970-1971 | А | 28 | 13 | КИ | 3 | 2 | КСГ | 11 | 6 | ТП | 4 | 1 | 46 | 22 | |
| 1971-1972 | А | 14 | 10 | КИ | 4 | 1 | КУ | 5 | 4 | - | - | - | 23 | 15 | |
| 1972-1973 | А | 27 | 8 | КИ | 9 | 1 | КШ | 7 | 2 | - | - | - | 43 | 11 | |
| 1973-1974 | А | 24 | 8 | КИ | 5 | 2 | КШ | 2 | 0 | ИнтК | 1 | 0 | 32 | 10 | |
| 1974-1975 | А | 27 | 6 | КИ | 10 | 3 | КУ | 10 | 1 | - | - | - | 47 | 10 | |
| 1975-1976 | А | 29 | 15 | КИ | 3 | 2 | КШ | 4 | 1 | - | - | - | 36 | 18 | |
| 1976-1977 | А | 30 | 17 | КИ | 4 | 1 | КУ | 12 | 5 | - | - | - | 46 | 23 | |
| 1977-1978 | А | 30 | 11 | КИ | 4 | 2 | КШ | 7 | 2 | - | - | - | 41 | 15 | |
| 1978-1979 | А | 30 | 9 | КИ | 9 | 2 | КШ | 2 | 0 | - | - | - | 41 | 11 | |
| 1979-1980 | А | 28 | 16 | КИ | 4 | 0 | КПК | 8 | 1 | - | - | - | 40 | 17 | |
| 1980-1981 | А | 25 | 5 | КИ | 8 | 3 | КУ | 4 | 3 | ТК | 4 | 0 | 41 | 11 | |
| 1981-1982 | А | 7 | 5 | КИ | 4 | 2 | КШ | 3 | 1 | - | - | - | 14 | 8 | |
| 1982-1983 | А | 27 | 6 | КИ | 7 | 1 | КШ | 6 | 1 | - | - | - | 40 | 8 | |
| Вкупно Јувентус | 326 | 129 | 74 | 22 | 81 | 27 | 9 | 1 | 490 | 179 | |||||
| 1983 | НАСЛ | 21 | 2 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 21 | 2 | |
| 1984 | НАСЛ | 27 | 9 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 27 | 9 | |
| Вкупно Торонто Близард | 48 | 11 | - | - | - | - | - | - | 48 | 11 | |||||
| Вкупно во кариерата | 404 | 153 | 77 | 22 | 81 | 27 | 9 | 1 | 571 | 203 | |||||
Репрезентативна статистика
[уреди | уреди извор]| Репрезентација | Година | Настапи | Голови |
|---|---|---|---|
| 1975 | 2 | 0 | |
| 1976 | 7 | 8 | |
| 1977 | 5 | 6 | |
| 1978 | 12 | 3 | |
| 1979 | 2 | 0 | |
| 1980 | 10 | 1 | |
| 1981 | 3 | 1 | |
| 1982 | 0 | 0 | |
| 1983 | 1 | 0 | |
| Вкупно | 42 | 19 | |
Хет-трикови
[уреди | уреди извор]| Хет-трикови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Варезе
[уреди | уреди извор]
Серија Б : 1
- 1969-1970
Јувентус
[уреди | уреди извор]
Серија А : 7
- 1971-1972, 1972-1973, 1974-1975, 1976-1977, 1977-1978, 1980-1981, 1981-1982
Куп на Италија : 1
- 1978–1979
Куп на УЕФА : 2
- 1976-1977

Индивидуални
[уреди | уреди извор]- Најдобар стрелец во Серија Б: 1
- 1969-1970 (13 гола)
- Идеален тим на Светско првенство: 1
- Најдобар стрелец во Серија А: 1
- 1979-1980 (16 гола)
- World Soccer Најдобри XI: 1978
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Emanuele Gamba (27 декември 2009). „Vizi e virtù di Bobby gol“. la Repubblica.
- ↑ Mario Salvini (27 декември 2011). „Uno stadio chiamato Roberto Bettega“.
- ↑ „Stadi del passato: Paraguay, Estadio Roberto Bettega“. 23 март 2017.
- 1 2 Massimo Perrone (10 ноември 2018). „E poi c'è Milan-Juve... Lo spettacolo è servito“ (nº 45 (910)). La Gazzetta dello Sport. стр. 56. Занемарен непознатиот параметар
|city=(help) - 1 2 Beccantini.
- 1 2 3 4 5 6 Giorgio Dell'Arti. „Biografia di Roberto Bettega“. Corriere della Sera. Архивирано од изворникот на 26 јануари 2016. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - 1 2 Mughini, pp. 204-205.
- ↑ Sasso, p. 40.
- 1 2 Stefano Olivari (10 мај 2020). „Roberto Bettega senza rigori“.
- ↑ „Roberto Bettega ieri a Luxottica“. Corriere delle Alpi. 18 декември 2014.
- ↑ Ettore Boffano (21 декември 2009). „Lo chiamavano Bobby Gol“.
- ↑ Timothy Ormezzano (23 декември 2009). „Riecco Bettega-Juve: "Saremo subito grandi"“.
- ↑ „Vizi e virtù di Bobby gol“. la Repubblica. 27 декември 2009.
- 1 2 3 4 „Ritratti: Roberto Bettega“. 26 април 2008. Архивирано од изворникот на 2023-09-07. Посетено на 2025-07-26.
- ↑ Giovanni De Luna (12 февруари 1990). „La Juve delle passioni e le anime di Torino“. Stampa Sera. стр. 17.
- ↑ Romano, Saoncella, Film, 07 min 50 s.
- ↑ „Lazio-Juve, il match mai banale“. 16 gennaio 2009. Архивирано од изворникот на 4 ноември 2015. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=(help) - ↑ Bruno Bernardi (4 јуни 1971). „La Coppa delle Fiere al Leeds“. La Stampa. стр. 16.
- ↑ Salvatore Lo Presti (6 јануари 1999). „Quel "tacco" di Bettega che tutti ancora ricordano“. La Gazzetta dello Sport.
- ↑ Bruno Perucca (31 мај 1973). „Ajax terzo titolo europeo. Sconfitta (1-0) la Juventus“. стр. 16. Занемарен непознатиот параметар
|pubblisher=(се препорачува|publisher=) (help) - ↑ Giorgio Gandolfi (23 мај 1977). „Mai nessuno a quota 51 punti“. Stampa Sera. стр. 10.
- ↑ Ferruccio Cavallero (23 мај 1977). „Una stagione da non dimenticare“. Stampa Sera. стр. 11.
- ↑ Angelo Caroli (4 agosto 1976). „Signora, perché?“. Stampa Sera. стр. 10. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help) - ↑ Bruno Bernardi (19 мај 1977). „Juventus, la Coppa Uefa finalmente!“. La Stampa. стр. 18.
- ↑ „Benetti ha salutato la Juventus spingendola sull'ultima salita“. l'Unità. 22 јуни 1979. стр. 12. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Rivoluzione alla Juventus: come e perché“. Stampa Sera. 13 август 1979. стр. 13.
- ↑ „Ruolo di Bettega“. La Stampa. 29 септември 1979. стр. 19.
- ↑ Bruno Perucca (10 април 1980). „La Juve, in dieci, pareggia a Londra: 1-1“. La Stampa. стр. 19.
- ↑ Bruno Bernardi (8 мај 1982). „Bettega della Juventus «operato» al ginocchio“. La Stampa. стр. 20.
- 1 2 Carlo Coscia (25 мај 1982). „Bettega costretto alla rinuncia, niente Mundial“. La Stampa. стр. 28.
- ↑ Piercarlo Alfonsetti (3 октомври 1982). „Senza Bettega ma con una staffetta“. La Stampa. стр. 20.
- ↑ Bruno Perucca (20 октомври 1982). „Staffetta con Marocchino o Bettega a tempo pieno?“. Stampa Sera. стр. 17.
- ↑ „Trapattoni mette fuori Bettega“. La Stampa. 21 јануари 1983. стр. 24.
- ↑ Marco Tarozzi (април 1999). Action Group (уред.). „Gli avventurieri“ (nº 4 (18)). Calcio 2000. стр. 56–57. Занемарен непознатиот параметар
|град=(help) - ↑ „Bettega grande ma sconfitto“. La Stampa. 7 јуни 1983. стр. 20.
- ↑ Bruno Bernardi (8 јуни 1983). „«È calcio vero anche sulla moquette»“. стр. 23. Занемарен непознатиот параметар
|pubblicazione=(help) - 1 2 „Bettega: «Se il soccer fallisce giocherò a calcetto a Toronto»“. La Stampa. 23 октомври 1984. стр. 25.
- 1 2 3 Bruno Bernardi (27 октомври 1984). „Bettega, giocatore e manager a Udine?“. La Stampa. стр. 22.
- 1 2 3 4 Conti Editore, уред. (7–13 ноември 1984). „La grande paura“ (nº 45 (514)). Guerin Sportivo. стр. 26. Занемарен непознатиот параметар
|град=(help)CS1-одржување: датумски формат (link) - ↑ „Bettega quasi fuori pericolo“. Stampa Sera. 3 ноември 1984. стр. 8.
- ↑ Franco Badolato (6 декември 1984). „Bettega: «Tornerò a giocare»“. La Stampa. стр. 26.
- 1 2 3 Beltrami, Bilancio generale, p. 552.
- ↑ Beltrami, Italia B, p. 533.
- ↑ „Sala costruisce per Anastasi e Bettega“. Stampa Sera. 1970-11-02. стр. 10.
- ↑ „Cinque reti dei giovani azzurri“. La Stampa. 1971-05-06. стр. 16.
- ↑ Beltrami, Italia giovanile «Under 21», p. 546.
- ↑ Italia A Text "Beltrami" ignored (help); Text "p. 498" ignored (help).
- ↑ „Dettaglio gara Italia-Romania 4-2“.
- ↑ „È record come Pernigo, Sivori, Orlando e Riva“. La Stampa. 16 октомври 1977. стр. 17.
- ↑ Bruno Perucca (7 јуни 1978). „Valanga azzurra con Rossi-Bettega-Benetti“. La Stampa. стр. 12.
- ↑ Bruno Perucca (25 јуни 1978). „Il Brasile conquista il terzo posto mondiale. Italia in vantaggio di nuovo scavalcata (1-2)“. La Stampa. стр. 14.
- 1 2 4. место
- ↑ Di Maggio, Roberto (9 November 2002). „Roberto Bettega - Goals in International Matches“. RSSSF. Посетено на 19 April 2013.
Библиографија
[уреди | уреди извор]Enzo Sasso, Il centravanti, Edizioni Mediterranee.
Roberto Beccantini, Dizionario del calcio: campioni, squadre, nazionali, tecnici, albi d'oro, record, Biblioteca universale Rizzoli: Dizionari.
Arrigo Beltrami, Almanacco illustrato del calcio 1991, Modena, Panini.
Giampiero Mughini, Il grande disordine: i nostri indimenticabili anni Settanta, Mondadori.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Роберто Бетега на transfermarkt
- Роберто Бетега на tuttocalciatori
- Роберто Бетега на worldfootball
- Роберто Бетега на whoscored