Ричмондски мост (Тасманија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ричмондски мост
Поглед кон мостот
Координати42°44′01″S 147°26′22″E / 42.73361° ЈГШ; 147.43944° ИГД / -42.73361; 147.43944
Носимоторни возила, пешаци и велосипеди
ПреминуваЈаглена Река
МестоРичмонд, Тасманија, Австралија
Особености
Вкуп. должина41 м
Ширина7,2 м
Најдолг распонМинистерство за инфраструктура, енергетика и ресурси
Историја
Отворен1825
Местоположба
Карта

Ричмондскиот мост (англиски: Richmond Bridge) — своден мост од културно-историско значење долж познатиот пат B31 наречен „Пат на осудениците“ (Convict Trail) во Ричмонд, 25 km северно од Хобарт во Тасманија, Австралија. Ова е најстариот мост во Австралија кој сè уште се користи.

Историја[уреди | уреди извор]

Темелот на Ричмондскиот мост е удрен на 11 декември 1823 и изградбата траела сè до 1825 година, сето време користејќи робијашка работна сила. Мостот првобитно го носел името „Бигиев мост“ (Bigge's Bridge), именуван по кралскиот комесар Џон Биги, кој ја воочил потребата од мост во 1820 г.

Во 2005 година мостот бил прогласен за место од инзвонредно историско значење и бил прогласен за културно наследство на Австралија.

Изградба[уреди | уреди извор]

Ричмондскиот мост е изграден од песочник одломен од ридот Бучерс Хил, па пренесуван од робијашите со рачни колички. Тој се состои од четири главни свода, секој со распон од 4,3, 8,1, 8,3, 8,5, 8.3 и 4.1 метри, кои се издигаат над нагибени носачи со заострени триаголни краеви порамнети со течението на реката.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]