Ричард Вилијам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ричард Рајт
Rickwright.jpg
Основни податоци
Роден(а)28 јули 1943
Обединето Кралство Лондон, Обединето Кралство
Умрел(а)15 септември 2008
Обединето Кралство Лондон, Обединето Кралство
Занимање/њаклавијатурист во Пинк Флојд

Ричард Вилијам „Рик“ Рајт (англиски: Richard William Wright; Лондон, 28 јули 1943Лондон, 15 септември 2008) бил клавијатурист на групата Пинк Флојд.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Бил единствен музички образован член на бендот, бидејќи едно време студирал музика, откако ги напуштил студиите по архитектура кои ги следел заедно со басистот на Пинк Флојд Роџер Вотерс и со тапанарот Ник Мејсон. Сепак Рајт не ги завршил ни едните ни другите студии.

Иако не бил толку продуктивен автор како останатите чланови на бендот, односно Дејвид Гилмор, Сид Барет или Роџер Вотерс, значајно придонел со музичките класици на Пинк Флојд, како што се албумите Meddle, The Dark Side of the Moon и Wish You Were Here како и на последниот албум The Division Bell. Рајтовите богато исткаени делови на клавијатурите секогаш биле витален дел и изразена карактеристика на звукот на Пинк Флојд. Бил коавтор на некои од најпознатите песни на бендот, како што се Shine On You Crazy Diamond, Us And Them и Time.

Починал на 15 септември 2008 година во својата куќа во Лондон, од брзорастечки рак чија форма неговото семејство никогаш не соопштила во јавноста. По неговата смрт Роџер Вотерс и Дејвид Гилмор официјално потврдиле дека до повторно обединување на Пинк Флојд никогаш нема да дојде.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Со Пинк Флојд[уреди | уреди извор]

  • The Piper at the Gates of Dawn (1967)
  • A Saucerful of Secrets (1968)
  • More (1969)
  • Zabriskie Point (1970)
  • Ummagumma (1969)
  • Atom Heart Mother (1970)
  • Meddle (1971)
  • Relics (1971)
  • Obscured by Clouds (1972)
  • The Dark Side of the Moon (1973)
  • Wish You Were Here (1975)
  • Animals (1977)
  • The Wall (1979)
  • A Momentary Lapse of Reason (1987)
  • Delicate Sound of Thunder (1988)
  • The Division Bell (1994)
  • P.U.L.S.E. (1995)

Соло албуми[уреди | уреди извор]

Останато[уреди | уреди извор]

  • Identity (1984 – со групата Zee
  • On An Island (2006 – албум на Дејвид Гилмор
  • Remember That Night (2007 - концерт на Дејвид Гилмор
  • Live In Gdansk (2008 - албум на Дејвид Гилмор

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • Рајт го напуштил Пинк Флојд за време на снимањето на албумот "The Wall", поради несогласувањата со Роџер Вотерс. Меѓутоа, останатите членови на бендот го ангажирале како придружен музичар на турнејата која го следела албумот.
  • На албумот "A Momentary Lapse Of Reason" од 1987 година исто така бил ангажиран како придружен музичар. Официјално станал полноправен член на бендот на турнејата која го следела овој албум.
  • Последниот басист на Пинк Флојд, Гај Прат оженет е со рајтовата ќерка Гаја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Erlewine, Stephen. „Biography“. Allmusic. конс. 16. 9. 2008.. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]