Ричард Атенборо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лорд Атенборо
CBE
Атенборо на Филмскиот фестивал во Торонто во 2007
Роден(а)Рчард Самуел Атенборо
29 август 1923(1923-08-29)
Кембриџ, Кембриџшир, Англија
Починал(а)24 август 2014(2014-08-24) (возр. 90)
Денвил Хол, Лондон, Англија
НационалностБританец
Занимањеглумец, режисер, продуцент, полтичар
Активен период1942–2007
СопружникШила Сим
Деца3, вклучително Мајкл Атенборо
РодниниДејвид Атенборо (брат)
Џон Атенборо (брат)

Ричард Самуел Атенбороу (англиски: Richard Samuel Attenborough, 29 август 1923 - 24 август 2014), бил англиски глумец, режисер, претприемач и политичар. Тој беше претседател на Кралската академија за драмска уметност и Британската академија за филмска и телевизиска уметност. Атенборо се приклучил на Кралските воздухопловни сили за време на Втората светска војна и служел во филмската единица. Присуствувал на неколку бомбашки напади врз Европа.Тој бил постар брат на Сер Дејвид Атенборо, природонаучник, документар и радиодифузер, и Џон Атенборо, извршен директор на Алфа Ромео. Бил во брак со глумицата Шила Сим од 1945 до неговата смрт.

Како филмски режисер и продуцент, Атенборо добил две награди за Оскар за „Ганди“ во 1983 година, добивајќи награди за најдобра слика и за најдобар режисер. БФИ го рангирал „Ганди“ како 34-тиот најголем британски филм од 20 век. Тој исто така освоил четири награди „Златен глобус“. Како глумец, тој е можеби најпознат по своите улоги во „Брајтон Рок“), „Големото бегство“, „10 Рилингтон Плејс“, „Песочните камчиња“, „Чудото на 34 Улица“ и „Паркот Јура“.

Атенборо умрел на 24 август 2014, пет дена пред неговиот 91 роденден.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Actor Richard Attenborough dies at 90“. BBC News. 24 August 2014. Посетено на 24 August 2014.
  2. Johnston, Chris (24 August 2014). „Richard Attenborough dies aged 90“. The Guardian. London, UK. Посетено на 24 August 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]