Прејди на содржината

Ритуалите на преминот

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Ритуалите на преминот“ (англиски: Rites of Passage) — роман на британскиот писател Вилијам Голдинг од 1980 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејствието на романот се случува за време на Наполеоновите војни. На патот за Австралија, еден англиски брод го минува екваторот, но наместо вообичаената веселба, ритуалот на преминот се одбележува со хомосексуално насилство чија жртва е привидно невиниот свештеник Коли, кој упорно сака да одржи миса за членовите на екипажот и за сиромашните иселеници. По ритуалот, засрамениот свештеник се затвора во кабината и за него нема да се дознае ништо повеќе. Приказната ја раскажува младиот и амбициозен Талбот, кој е уште едно лажно невино суштество. Меѓутоа, читателот не дознава за неговите намери, зашто тој ненадејно ја прекинува својата приказна.[1]

За делото

[уреди | уреди извор]

За ова дело, Голдинг ја добил највисоката британска книжевна награда „Букер“.[2]

  1. Вера Чаповска, „Кон животот и делото на Вилијам Голдинг“, во: Вилијам Голдинг, Господарот на мувите. Скопје: Наша книга, 1984, стр. 213.
  2. Вера Чаповска, „Кон животот и делото на Вилијам Голдинг“, во: Вилијам Голдинг, Господарот на мувите. Скопје: Наша книга, 1984, стр. 213.