Прејди на содржината

Рита Вилсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рита Вилсон
Рита Вилсон во 2019
Роден(а)Маргарита Ибрахимова
26 октомври 1956(1956-10-26)(68 г.)[1]
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Државјанство
  • САД
  • Грција[2]
Алма матерЛондонска академија за музика и драмски уметности
Занимање
  • Глумица
  • пејачка
  • продуцент
СопружникТом Хенкс (в. 1988)

Музичка кариера
Жанрови
Период на активност1972 - денес
Издавачи
  • Sing It Loud Records

Маргарита Вилсон Хенкс (англ: Margarita Wilson Hanks; моминско: Ибрахимова; 26 октомври 1956 година) ― американска глумица, пејачка и филмски продуцент. Глумела во филмовите: Волонтери (1985), Несоница во Сиетл (1993), Од време на време (1995), Тоа што го правиш! (1996), Jingle all the way (1996), Приказната за нас (1999), Невестата бегалка (1999), Комплицирано е (2009) и Лери Краун (2011), а се појавила и во телевизиските серии Добрата сопруга и Девојки. Вилсон настапувала на Бродвеј и продуцирала неколку филмови, меѓу кои и „Мојата голема дебела грчка свадба“ (2002). Како пејачка, Вилсон ги издала албумите AM/FM, Rita Wilson, Bigger Picture и Halfway to Home. Во март 2019 година, добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[3]

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Маргарита Ибрахимова е родена на 26 октомври 1956 година во Лос Анџелес.[4] Нејзината мајка, Доротеа Цигкоу (грчки: Δωροθέα Τζίγκου), била Гркинка,[5] а татко ѝ, Хасан Халилов Ибрахимов бил бугарски муслиман (помак). Татко ѝ се преселил во САД во 1949 година, и во 1960 година од ислам се покрстил во православен христијанин при што го променил името во Алан Вилсон.[6] Семејството живеело во Лос Анџелес, каде што татко ѝ работел како шанкер.[7]

Филм, телевизија и театар

[уреди | уреди извор]

Вилсон ја започнала нејзината глумечка кариера со мали улоги на телевизија. Дебитирала со појавување во една епизода во серијата The Brady Bunch во 1972 година.[8] Двапати се појавила во M*A*S*H во 1982 година,[9] а се појавила и во ситкомите Three's Company и Bosom Buddies во кои глумел нејзиниот иден сопруг Том Хенкс.[10]

Глумела во многу филмови, меѓу кои: „Волонтери“, „Варвари на портата“, „Оган на суети“, „Mixed Nuts“, „Несоница во Сиетл“, „Сега и тогаш“, „Тоа што го правиш“!, Невестата бегалка, Невидливо дете, Приказната за нас, Крени глас, Комплицирано е и Лери Краун.[11]

На телевизија, ја глумела Сузан Борман во мини-серијата на HBO Од Земјата до Месечината, а гостувала во многу серии, вклучувајќи ги: „Фрејзер“, „Curb Your Enthusiasm“, „Закон и ред: специјална единица за жртви“ и „Тело на доказ“. Имала повторливи улоги во „Добрата сопруга“ и „Девојки“.[11]

Таа многу ѝ помогнала на глумицата и сценарист Нија Вардалос да склучи договор за снимање на филмот Мојата голема дебела грчка свадба,[12] кој станал независен филм со најголема заработка на сите времиња и во кој била продуцент.[13] Вилсон продуцирала две сценски претстави, додека се работело на продукцијата на филмот. Продолжението, Мојата голема дебела грчка свадба 2, чиј копродуцент била Вилсон и во кој имала споредна улога, било објавено во 2016 година.[14]

Во 2008 година, Вилсон го продуцирала филмот Мама Миа!,[15] и осум години подоцна неговото продолжение, Мама Миа! 2.[16]

Во 2006 година, Вилсон дебитирала на Бродвеј, каде што ја глумела Рокси Харт во возобновената претстава Чикаго.[17] Во април 2015 година, Вилсон објавила дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка и дека била подложена на двојна мастектомија и реконструктивна операција.[18] Вон Бродвеј, играла различни улоги во драмата од Нора и Делија Ефрон Љубов, загуба и она што го носев. Вилсон настапила во претставата од Даниел Маргулис, добитник на Пулицерова награда, Вечера со пријателите, во режија на добитникот на наградата „Тони“, Ден Саливан.[19][20]

Вилсон го продуцирала филмот Човекот по име Ото, првично објавен во декември 2022 година.[21][22]

Првиот соло-албум на Вилсон AM/FM бил објавен на 8 мај 2012 година со Decca Records. Албумот содржел класици од 1960-тите и 70-тите. Таа, исто така, извела дует на „All I Have To Do Is Dream“ со Крис Корнел, поранешен музичар од Soundgarden и Audioslave.

Во 2016 година го издала нејзиниот втор албум, Rita Wilson.

За поддршка на албумот, Вилсон била на турнеја со групата Чикаго; таа изјавила дека е долгогодишна обожавателка на групата.[23][24]

Тематиката од нејзиниот трет албум, Bigger Picture, била извлечена директно од нејзиниот личен живот. За албумот, објавен на 28 септември 2018 година, повторно соработувала со продуцентот Фред Молин (Џони Матис, Џими Веб и Крис Кристоферсон); тие соработувале на нејзиниот прв албум AM/FM од 2012 година.

На 29 март 2019 година, Вилсон го издала нејзиниот четврти албум, Halfway to Home, кој ја содржел песната „Throw Me a Party“, песна инспирирана од нејзиното преживување на рак на дојка.[25] Halfway to Home бил копродуциран од Нејтан Чепмен, кој редовно соработувал со Тејлор Свифт.

На 24 август 2022 година, Вилсон го најавила нејзиниот албум со дуети Now & Forever, збирка на преработки на песни од 70-тите.[26][27][28] Албумот, меѓу другите гости, содржи дуети со: Вили Нелсон, Кит Урбан и Елвис Костело. Албумот, на кој му претходеле 3 сингла, вклучувајќи го и „Songbird“ што таа го извела со Џош Гробан во Радио Сити Мјузик Хол во април, бил објавен на 27 септември.[26][28] За да го промовира албумот Вилсон настапила на Добро утро Америко со Смоки Робинсон и на Вечерното шоу со Џолс Холанд со Џексон Браун.[29][30][31] Албумот бил номиниран за самоиздаден запис на годината на наградите „Либера“ во 2023 година.[32]

Личен живот

[уреди | уреди извор]
Вилсон и Хенкс на 61-то доделување на Оскарите во 1989 година

Вилсон се омажила за глумецот Том Хенкс во 1988 година. Хенкс имал две деца од претходниот брак, Колин и Елизабет Хенкс. Со Хенкс таа има два сина, Чет и Труман.[33] Вилсон има три внуци.[34]

Таа е член на Грчката православна црква.[35]

  1. Edwards, Gavin (October 2018). The World According to Tom Hanks. Grand Central Publishing. ISBN 978-1538712207. Архивирано од изворникот June 29, 2023. Посетено на March 19, 2023.
  2. „PM meets Tom Hanks, now a Greek citizen“. Ekathimerini. July 26, 2020. Архивирано од изворникот July 26, 2020. Посетено на July 26, 2020.
  3. „Larry King Now Rita Wilson“. Ora.tv. Архивирано од изворникот на February 18, 2022. Посетено на March 27, 2019.
  4. Празен навод (help)
  5. Dilouambaka, Ethel (March 18, 2018). „Famous Greek Actors in Hollywood“. The Culture Trip. Архивирано од изворникот на September 28, 2022. Посетено на September 28, 2018. Born Margarita Ibrahimoff in Los Angeles, California, Wilson is Greek through her mother, Dorothea Genkos, a Greek native of Sotirë, Albania, near the Greek border. Her father, born Hassan Halilov Ibrahimoff, was a Bulgarian Muslim born in Oraio, Greece, near the Bulgarian border.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име wdytya.
  7. Segalov, Michael (October 22, 2022). „Rita Wilson: 'I say a prayer of gratitude every morning'. Guardian. Архивирано од изворникот на November 13, 2022. Посетено на November 13, 2022.
  8. Parker, Maggie (March 16, 2016). „Tom Hanks Recalls Watching Wife Rita Wilson on The Brady Bunch: 'I Remember Thinking, "That Girl's Cute" '. People. Архивирано од изворникот на November 14, 2022. Посетено на September 28, 2018.
  9. Andrews, Travis M. (February 28, 2018). „106 million people watched 'M*A*S*H' finale 35 years ago. No scripted show since has come close“. Stars and Stripes. Архивирано од изворникот на April 1, 2019. Посетено на September 28, 2018.
  10. Varga, George (March 23, 2016). „Rita Wilson talks music, cancer & recovery“. San Diego Union Tribune. Архивирано од изворникот на December 24, 2022. Посетено на September 28, 2018.
  11. 11,0 11,1 „Rita Wilson“. Архивирано од изворникот на December 23, 2022. Посетено на March 23, 2021. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „IMDB.com“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  12. „5 things you never knew about 'My Big Fat Greek Wedding'. ABC News (англиски). February 10, 2018. Архивирано од изворникот на December 24, 2022. Посетено на June 28, 2020.
  13. Strause, Jackie (March 25, 2016). „How 'My Big Fat Greek Wedding' Became an Indie Phenomenon“. Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на March 9, 2021. Посетено на October 1, 2018.
  14. Willman, Chris (November 24, 2016). „How Rita Wilson Became a Singer-Songwriter for 'My Big Fat Greek Wedding 2'. Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на April 23, 2021. Посетено на September 28, 2018.
  15. „Liner Notes: Songwriters, Stories and Music with Rita Wilson and Friends“. Geffen Playhouse. Архивирано од изворникот на April 1, 2019. Посетено на April 1, 2019.
  16. „Paris 'Mamma Mia!' Stars, Cher, Amanda Seyfried, & Lily James Talk Fashion, Feminism, & the Power of Song“. Harpers Bazaar. May 23, 2018. Архивирано од изворникот на November 25, 2018. Посетено на September 28, 2018.
  17. Weinberg, Lindsay (June 25, 2018). „The Cast of 'Sleepless in Seattle,' Then and Now“. Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на March 17, 2021. Посетено на September 29, 2018.
  18. Празен навод (help)
  19. „Rita Wilson se recupera de doble mastectomía“. Associated Press. August 13, 2021. Архивирано од изворникот на June 6, 2023. Посетено на June 6, 2023.
  20. MacNicol, Glynnis (June 16, 2011). „Arianna Taps Actress Rita Wilson To Head New 'Boomer' Vertical Huff/Post 40“. Business Insider. Архивирано од изворникот на December 24, 2022. Посетено на September 29, 2018.
  21. Gajewski, Ryan (10 February 2022). „Tom Hanks Comedy 'A Man Called Otto' Lands at Sony After Bidding War“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на June 19, 2023. Посетено на 19 June 2023.
  22. Grobar, Matt (14 December 2022). „Rita Wilson Talks Oscar-Qualifying 'A Man Called Otto' Song, Plans For New Production Company Artistic Films, First Collaboration With Wes Anderson On 'Asteroid City' & More“. Deadline. Архивирано од изворникот на May 20, 2023. Посетено на 19 June 2023.
  23. Petrucelli, Alan W. (April 15, 2016). „Rita Wilson to tour with Chicago, the band that was 'so much of my musical life'. AXS. Архивирано од изворникот на April 1, 2019. Посетено на October 2, 2018.
  24. Stewart, Allison (April 28, 2016). „Rita Wilson is singing, and she's serious“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на December 25, 2022. Посетено на October 1, 2018.
  25. Moreau, Jordan (March 1, 2019). „Kate Hudson, Gabrielle Union Honored by Women's Cancer Research Fund“. Variety. Архивирано од изворникот на December 24, 2022. Посетено на March 27, 2019.
  26. 26,0 26,1 Празен навод (help)
  27. Hall, Kristin (7 October 2022). „Rita Wilson creates conversations with '70s-era duets“. AP News. Архивирано од изворникот на June 19, 2023. Посетено на 19 June 2023.
  28. 28,0 28,1 Patton, Alli (25 August 2022). „Rita Wilson Announces Album of Superstar Duets—"I Wanted to Honor Where I Came From with Songs From the Seventies". American Songwriter. Архивирано од изворникот на June 19, 2023. Посетено на 19 June 2023.
  29. „Rita Wilson and Smokey Robinson perform 'Where Is the Love' on 'GMA' - Good Morning America“. Good Morning America. 12 October 2022. Архивирано од изворникот на October 12, 2022. Посетено на 19 June 2023.
  30. „Rita Wilson & Jackson Browne - Let It Be Me (Later with Jools Holland)“. BBC. 29 October 2022. Архивирано од изворникот на June 19, 2023. Посетено на 19 June 2023.
  31. Празен навод (help)
  32. Празен навод (help)
  33. „Tom Hanks Biography“. Biography.com (FYI/A&E Networks). Архивирано од изворникот на March 21, 2019. Посетено на August 6, 2014.
  34. Wilson, Rita (September 5, 2014). „How My Parents Taught Me To Be A Grandparent“. HuffPost. Архивирано од изворникот на September 27, 2022. Посетено на June 28, 2020.
  35. „Спектар: Живот и стил: Православни Холивуд : ПОЛИТИКА“. Politika.rs. February 28, 2010. Архивирано од изворникот на September 24, 2015. Посетено на February 9, 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Rita Wilson at the TCM Movie Database
  • Rita Wilson at the Internet Off-Broadway Database