Ристо Шулески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ристо Јончев Шулески (1916 во Оздолени, Охридско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ристо Јончев Шулески е роден во селото Оздолени. Се занимавал со земјоделие. Во НОБ доброволно пристапил на 3 август 1943 година. Како борец на првиот македонски баталјон, Мирче Ацев, загинува во борбите против балистите кај селото Кленоец, на 6 октомври 1943 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)