Ристо Шапкар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ристо Шапкар (Велгошти, Охридско, 1931) е македонски политиколог, стопанственик и фотограф[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Шапкар е роден во охридското село Велгошти во 1931 година. Бил долгогодишен директор на РО „Херој Тоза Драговиќ“ во Охрид (членка на корпорацијата Заводи „Црвена застава“ од Крагуевац). Истовремено извесен период бил и секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Охрид. Како страстен љубител на уметничката фотографија, станал еден од водечките македонски фотографи. Приредил повеќе изложби со уметнички фотографии во Македонија, како и во разни југословенски и европски центри како Рим, Париз и др.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Д-р Асен Групче, Охрид. Културниот живот и творештво во Охрид и Охридско во 20 век, Скопје, 1998, 254

Надворешни врски[уреди | уреди извор]