Прејди на содржината

Ристо Фотов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ристо Фотов (роден во селото Балталија, Штипско, на 25 март 1952) — македонски економист.

Завршил основно училиште во Лакавица и Лесковица, Штипско. Гимназија завршил во гимназијата „Славчо Стојменски“ - Штип во 1971 година. Во 1971 се запишува на Економски факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и дипломира во 1975 година.

Во јануари 1976 се вработува во ЗОИЛ Македонија, денес QBE Македонија, Скопје. Во 1976 во зимскиот семестар се запишува на постдипломски студии на група Монетарно - кредитна теорија и политика, на која што магистрирал на 8 јануари 1982. Во 1987 пријавува тема за неговата докторска дисертација под менторство на професор д-р Тодор Тодоров. На 17.06.1991 тој докторирал.[1]

Во 1995 и 1996 тој посетувал предавања на тема: Справување и тргување со хартии од вредност и научил како да управува со финансиски средства и добива диплома за стекнатото образование во таа област.

Во период од 01.07.2003 до 01.10.2005 тој е извршен директор во осигурителната компанија Макошпед во Скопје. Од 01.10.2005 е доцент на Економскиот факултет при Европски универзитет во Скопје. Од 01.07.2007 тој е доцент[2] на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, за предметот Финансии, каде што тековно е вработен.

Во моментот тој е професор и декан[3] на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.[4]

Фотов е автор на над педесет објавени и необјавени научни трудови во различни весници и списанија.[5]

  1. „Мрежно место на проф. д-р Ристо Фотов - „Биографија". Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-05-29.
  2. „Официјално мрежно место на Економски факултет - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-06-14. Посетено на 2013-05-29.
  3. „Официјално мрежно место на Економски факултет - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2012-12-21. Посетено на 2013-05-29.
  4. Мрежно место на проф. д-р Ристо Фотов - „Настава“
  5. Објавени научни и стручни трудови, проекти и книги

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]