Ристо Палигора
| Ристо Палигора | |
|---|---|
| Роден(а) | 1961
Битола |
| Починал(а) | 24 декември 2018
Битола, |
| Националност | Влав |
| Занимање | конзерватор |
Ристо Палигора (влашкиː Risto Paligora; Битола, 1961 - Битола, 24 декември 2018 ) — македонски историчар на уметноста и публицист. Бил советник конзерватор во Завод и музеј –Битола и познат експерт во Македонија од областа на конзервацијата и историјата на уметност.
Животопис
[уреди | уреди извор]Палигора е роден во Битола во 1961 година во влашко семејство. Тој учествувал во конзервацијата на поголем дел од верските објекти во Битола и Битолско и се залагал за поголема заштита на историско-културното богатство во овој регион. Тој бил и вклучен во изработка на проектот за заштита на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Преспанско. Бил автор на голем број дела поставени на уникатноста и заштитата на културното наследство, а последната книга ја објавил еден месец пред да почине во ноември 2018 година, била посветена на Влашката црква во Битола. Починал во Битола на 24 декември 2018 година.[1]
Библиографија[2]
[уреди | уреди извор]- Р. Палигора, Пристап кон јавноста и маркетинг во музеите, во: Зборник на трудови на Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости, музеј и галерија – Битола, бр. 9, Битола 1988.
- Р. Палигора, Резбаната декорација од црквата Св.Петка во с. Маловиште, во, Перистил, Зборник радова за повијест умјетности, г. XXXII, бр. 31-32, Загреб 1989. Р. Палигора, Св.Петка- Маловишта, изд. Црковен одбор Маловишта, Битола 1988.
- Р. Палигора, Маловишта (фотомонографија), Завод за заштита на спомениците на културата, музеј и галерија – Битола, Битола 2001.
- Р. Палигора, Сликарството од црквата Успение на Св. Богородица во Велушина, Битола : Херакли комерц, Битола 2001.
- Р. Палигора, Црквата Успение на Пресвета Богородица во селото Велушина, во: Битола низ вековите, VI , Битола 2003.
- Р. Палигора, Влашката заедница од Битола во почетокот на 19 век и нејзиниот придонес во изградбата на црквата Св. Димитрие, во „Битола низ вековите“, Битола 2004.
- Р. Палигора, Маловишта - традиција што трае, Битола : Здружение за одржлив развој на с. Маловишта - ЕКЕ, 2004
- Р. Палигора, Св. Петка, Маловишта, јубилејно издание по повод 150 годишнината од изградбата на црквата, Битола 2006.
- Палигора, Ристо, Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина[3]. Битола, Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, декември 2011.
- Р. Палигора, Неколку царски двери од XVI и XVII век во регионите на Пелагонија и Преспа, Прилози, Год. 44, бр. 1/2 (2013)
- Р. Палигора, Црквата „Св. Димитриј“ во Долно Чарлија, Битола : НУ Завод и музеј Битола, 2016
- Р. Палигора, Сенки на фениксот : ѕидното сликарство од Долно Егри, Битола : НУ Завод и музеј Битола, 2016
- Р. Палигора, Православниот храм Св. Константин и Елена во Битола, Битола : Комуна на Власите-Армʼните "Браќа Манаки", 2018
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тажна вест: Почина Ристо Палигора“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2018-12-24.
- ↑ Цветковски, Сашо (2019). „Во чест на м-р РИСТО ПАЛИГОРА (1961 – 2018)“ (PDF). Патримониум. XII (17): 7–10. Посетено на 20 октомври 2025.
- ↑ Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина Архивирано на 28 декември 2013 г.