Ристо Огненовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1870
Галичник, Гостиварско , Македонија Македонија
Починал 1941
Занимање етнограф и професор


Ристо Огненовиќ - Лоноски (Галичник, Гостиварско, 1870 - 1941) бил македонски етнограф и професор.

Биографија[уреди | уреди извор]

Огненовиќ роден е во Галичник во 1870 година во семејството Лоновци. Заминува со татко му на печалба во Солун, каде се запишува во егзархиската гимназија. Подоцна се запишува на Учителската школа „Свети Сава“ во Белград и во 1890 година станува учител. По неуспешниот обид да отвори српско училиште во Битола, се враќа во Белград. Потоа заминал за Истамбул, во Галата Сарај и се запишал на францускиот лицеј и го изучувал францускиот јазик. Бил еден од главните луѓе на Новаковиќ кој ја ширел на самиот терен српската пропаганда, односно отварал српски училишта во Македонија. Ристо Огњановиќ работел како професор во српската гимназија во Скопје. Но пред својата смрт во 1940 година ја пишува книгата “Галичник и Мијаците”[1], на македонски јазик, тврдејќи дека самиот тој не е ниту Србин, ниту Бугарин, односно дека Македонците се посебен народ кој јасно се разликува од нив во секој научен поглед.

„Одма да кажа да Мијациве, како и сиве други племиња во Македонија, имајет две јаки осеќања: едно, да се Славјани и да се многу родниње како со Србите, таке и со Бугарите, а друго-да не се ни Срби ни Бугари, токо нешчо треќо: да се Мијаци, Брсјаци итн., а по теја Македонци“

— од книгата „Галичник и Мијаците“[2]

„Ни Срби ни Бугари, пред да завладејет Турциве, немале ни време ни начин, ни стредства, ни сила за да напрвит (од нами) едно тесто: српско или бугарско... Македонец се делит јасно и од Србин и од Бугарин и овије ги броит како братучеди од вујко и од стрико. Овакво је осаќањето, свеста и волјата на овја народ овамо и добро је овеја да го знојет и едните и другите. Овеја го знојет и историјата и науката и неопходно је овеја да не го заборавит и нашиве славјански политичари“

— од книгата „Галичник и Мијаците“[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rista Ognjanov·ik-Lonoski (2004). Galičnik i Mijacite. Skopje: Makedonska Akad. na Naukite i Umetnostite. ISBN 9989101361. 
  2. „Галичник и Мијаците“, стр. 133, Риста Огњановиќ 1940
  3. „Галичник и Мијаците“, стр. 131, Риста Огњановиќ 1940