Ристо Менчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 18 август 1928
Гуменџе
Познат борец во НОФ

Ристо Менчев е македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Грција. Роден на 18 август 1928 година во Гуменџе, Кукушко. Во август 1946 година се приклучил на одредот на НОФ на Пајак планина. Извршувал и курирска служба. Во април 1947 година е фатен од монархофашистите, но е пуштен. Во една борба на Пајак планина бил ранет и преку тајните пунктови на ДАГ е префрлен во Катлановската болница. Кога оздравел е испратен во Романија за учител во детска градина, каде останал да живее 27 години. Во ноември 1976 година се враќа во Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]