Ринолит
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Ринолит | |
---|---|
Радиограм на параназални синуси со ринолит | |
Специјалност | Пулмонологија |
Ринолит или носен конкремент (латински: rhinolithiasis) – надворешни тела во носот кои можат да останат незабележани подолг временски период, а да не предизвикаат позначителни тегоби. Најчесто тоа се помали коскени секвестри, коагулуми на крвта или слузта, кои може да послужат како јадро околу кое се таложат варовнички соли од носниот секрет (калциум, магнезиумови фосфати и карбонати).
Етиопатогенеза
[уреди | уреди извор]Ринолитите се камчиња или надворешни тела во носот со различна големина и облик кои се создаваат со таложење на калиумови соли (карбонати и фосфати), околу делови на згуснат носен секрет, крвни згрутчувања или околу јадро од надворешно тело, на пример, копче, џамлија, парчиња хартија или пластелин, делови од играчки или семки од разни плодови, кои најчесто децата ги пикнале во носната шуплина.
Клиничка слика
[уреди | уреди извор]Во зависност од големината и изгледот на ринолитот, која може да биде различна, зависи и клиничката слика. Со своето присуство во носот ринолитите доведуваат до еднострана опструкција на надворешните дишни патишта и го нарушуваат нормалното дишење. Проследени се со мукопурулента, а понекогаш и прокрвавена секреција од носот.[1]
Кај некои пациенти може да биде причина за отежнато или оневозможено спроведување на мирисната супстанција до олфактивната регија, што има за последица кондуктивно оштетување на органот на мирисот.[2]
Дијагноза
[уреди | уреди извор]Дијагноза се поставува врз основа на:
- Анамнеза, при која пациентот наведува; отежнато дишење низ носот, губење на чувството за мирис и појава на секрет од носот.
- Предна риноскопија, на која се гледаат носните конкременти, обично рапави површини, со мрко-сива боја, со големина на носната школка па и поголеми.[3]
- Рендгенографија, на која се гледа присуството на ринолит во носната шуплина.[4][5]
Терапија
[уреди | уреди извор]Лечењето се заснова на механичко отстранување на надворешното тело од носот, кое понекогаш треба да се здроби пред екстракција (вадење). Ретко за отстранување на ринолитот се применува помала хируршка интервенција.
После екстракцијата на конкрементот доаѓа до спонтана санација на локалните промени во носната школка, освен ако не дошло до перфорација на носната преграда.
Компликации
[уреди | уреди извор]Можни компликации од ринолитот во носот се:
- Синуситис, се појавува како последица на отежната или неможна дренажа на синусите.
- Перфорација на носната преграда, која е можно, но ретка.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ugur KS, Vuran O, Ark N, Kurtaran H. Rhinolith: incidental finding during routine physical examination. Cumhuriyet Med J 2011;33:88-92.
- ↑ Aktaş D, Özturan O, Çokkeser Y, Kızılay A. Rinolitler. Kulak Burun Boğaz Klinikleri 1999;1:94-97.
- ↑ Ghorayeb, Bechara. „Pictures of Rhinolith (Nasal Calculus)“. www.ghorayeb.com.
- ↑ Larrier D, Dhingra J. Radiology quiz case 1. Rhinolith. Arch Otolaryngol Head Neck Surg 2004;130:1342-1343.
- ↑ Yildirim N, Arslanoglu A, Sahan M, et al. Rhinolithiasis: Clinical, radiological, and mineralogical features. Am J Rhinol 2008;22:78–81.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ринолит“ на Ризницата ? |