Римска брокула
Римска брокула | |
---|---|
![]() Римската брокула со својот карактеристичен самосличен облик | |
Вид | дива зелка (Brassica oleracea) |
Сортна група | Ботритис |
Римска брокула (римски карфиол) — прехранбен цвет на дивата зелка (Brassica oleracea) и сорта на карфиолот. Во историските документи за првпат се среќава во XVI век во Италија како broccolo romanesco
Опис
[уреди | уреди извор]Римската брокула личи на карфиол, но по боја е светлозелена, а соцветието има самосличен карактер, со разгранети творни ткива кои образуваат логаритамска сипрала. Во оваа смисла обликот приближно образува природен фрактал. Секоја пупка се состои од низа помали пупки, кои исто така образуваат логаритамски спирали. Оваа шема продолжува неколкупати, во сè помал размер. Фракталот е приближен биедејќи шемата завршува кога доаѓа до достатно мал размер.
Зеленчукот е богат со витамин Ц, витамин К, прехранбени влакна и каротиноиди.
Приготвување и вкус
[уреди | уреди извор]Како и обичната брокула, римската брокула треба да се готви само делумно, бидејќи во спротивно добива непријатна текстура. По состав е покревка од карфиолот, што значи дека е погодна за туршии и конзумирање во сирова состојба. Во споредба со обичната брокула и карфиолот, римската брокула има помек вкус, составот ѝ покремаст, по арома потсетува на ореви, а по вкус нагорчува помалку од нив.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Фрактални прехранбени артикли: Самосличност на полиците (англиски)
- Сметачко моделирање на римска брокула Архивирано на 8 октомври 2011 г. - Александар Родиќ (англиски)