Римска архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вовед[уреди | уреди извор]

Римската архитектура можеби не е толку значајна по својата уметничка вредност колку што е значајна по својата големина и распространетост. Своите почетоци таа ги наоѓа во грчката и етрурската архитектура веројатно и заради големиот број на грчки уметници кои твореле во Рим додека римските војски го освојувале светот. Но уметноста, вклучувајќи ја и архитектурата, и нејзината улога се измениле значајно кога Рим станал центар на античкиот свет. Римјаните не ја сметале архитектурата за уметност сама по себе. Тие во неа гледале алатка со чија помош ја истакнувале моќта на својата држава. Исто така со неа на некој начин ги одредувале границите на Рим, бидејќи римските државни градби секаде низ империјата морало да изгледаат исто.