Рикардо Гарднер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рикардо Гарднер
Лични податоци
Роден на 25 септември 1978 (1978-09-25) (42 г.)
Роден во Сент Ендрју, Јамајка
Држава Јамајка Јамајка
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2014 (35 г.) - како играч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997-1998 Харбур Вју Харбур Вју 10 (2)
1998-2012 Болтон Болтон 342 (20)
2011Престон Престон 4 (0)
Репрезентација
1997-2012 Јамајка Јамајка 111 (9)
Раководител на екипите
2015–2016 Јамајка Јамајка 20
2015–2018 Харбур Вју Харбур Вју
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 28 јуни 2013.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 28 јуни 2013

Рикардо Гарднер (роден на 25 септември 1978 година во Сент Ендрју) — јамајкански поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал како лево крило. Во сезоната 2003-2004 менаџерот на Болтон Вондерерс, Сем Алардајс, го преместил на позицијата лев бек и останал на таа позиција сè до крајот на својата кариера.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Гарднер ја започнал својата кариера во екипата на Харбур Бју, во својата родна Јамајка, за која дебитирал на возраст од само 14 години. Во 1998 година тој бил избран во составот на репрезентацијата на Јамајка за Светското првенство 1998, каде со својте настапи го свртел вниманието на англискиот клуб Болтон Вондерерс кој во тоа време се натпреварувал во Првата дивизија (втора лига по ранг), и со кој на крајот и потпишал договор откако тие му понудиле на Харбур Вју 1 милион фунти за неговите услуги.[1]

Откако го комплетирал својот трансфер во Болтон, Гарднер го направил своето деби за клубот на 25 август 1998 влегувајќи како замена во натпревар од Лига купот против Хартлепул Јунајтед.[2] Своето деби во лигашки натпревар го имал на 8 септември 1998 против Вест Бромвич Албион; во тој натпревар, Болтон бил во намален состав со 10 играчи на теренот по црвениот картон на Гудни Бергсон што се случил малку по влегувањето во игра на Гарднер, за во последните мигови од натпреварот токму тој да го постигне победничкиот гол за Вондерерс во незаборавна победа над Вест Бромвич Албион со 3–2.[3]

Гарднер бил стандарден првотимец во Болтон во својте први две сезони сè до повредата на вкрстениот лигамент кон крајот на сезоната 1999-2000 поради која морал да го пропушти крајот на оваа сезона и дури почетокот на следната. Во сезоната 2000-2001 по оправувањето од повредата Гарднер повторно се вратил во стартниот состав на Вондрерс и одиграл одлична сезона. Болтон изборил промоција во Премиер лигата преку плејофот на Првата дивизија во кој во финалето биле подобри од Престон Норт Енд со 3-0, а Гарднер го постигнал третиот гол за Вондерерс.

Во сезоната 2001-2002 Гарднер го направил своето деби во Премиер лигата уште во првиот натпревар на Болтон за сезоната, изненадувачката победа со 5-0 на гостувањето кај Лестер Сити. Својот прв гол во Премиер лигата го постигнал на 2 февруари 2002 во поразот со 3-2 на гостувањето кај Њукасл Јунајтед, а само една недела подоцна го постигнал единствениот погодок во победата над Вест Хем Јунајтед со 1-0 на Рибок. Својата прва сезона во највиското ниво на англискиот фудбал ја завршил со 31 настап и 3 постигнати гола.

За време на сезоната 2003-2004, менаџерот на Болтон Сем Алардајс решил да ја промени позицијата на која играл Гарднер, враќајќи го поназад од лево крило на лев бек. Како резултат на тоа јамајканецот ја одиграл својата прва сезона во дресот на Болтон во која неуспеал да постигне ниту еден погодок. Сепак, и покрај тоа тој останал да игра на таа позиција до крајот на својата на кариера. Во ноември 2007, по пауза од речиси пет години Гарднер повтрорно постигнал гол, отворајќи го резултатот во натпреварот против Бајерн Минхен на Алијанц Арена што завршил 2-2 во групната фаза од Купот на УЕФА.

На 8 март 2011, Гарднер бил позајмен на еден месец на Престон Норт Енд. Менаџерот на Болтон Овен Којл изјавил дека тоа ќе биде одлична можност за Рикардо да ја подобри својата физичка подготовка откако неодамна се опоравил од повреда.[4] Веќе следниот ден тој дебитирал за Престон играјќи 86 минути на позицијата лев бек во поразот со 2-1 од Лидс Јунајтед.[5] Тој одиграл вкупно 4 натпрвари за Престон пред да се врати во Болтон во април 2011.

На 27 април 2011, Гарндер го одиграл својот 400-ти натпревар за Болтон во кариерата, во поразот со 3-0 од Фулам на Крејвен Котиџ.[6] На 5 август 2011, потпишал продолжување на договорот со Болтон за уште една сезона. Тој одиграл четири натпревари во сезоната 2011-2012, но бил исклучен поради добивање на два жолти картони во натпреварот против Свонзи Сити а потоа и се повредил поради што не настапил повеќе ниту еднаш до крајот на сезоната. Во мај 2012 било објавено дека договорот на Рикардо со Болтон ќе истече на крајот на сезоната и двете страни нема да ја продолжат соработката.[6]

По истекот на неговиот договор со Болтон, Гарднер тренирал со неколку клубови како Вест Хем Јунајтед и Барнсли, но решил да ја напушти Англија и да се пресели во МЛС лигата.[7] После не успешната проба во Реал Солт Лејк и не потпишувањето на договор со клубот[8], тој го објавил своето повлекување во 2014 година.[9]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Гарднер бил член на репрезентацијата на Јамајка во периодот 1997-2012, и со својте 111 одиграни натпревари во националниот дрес е четврти по бројот на настапи за Јамајка.[10] Своето деби го имал на само 18 години, на 12 февруари 1997 во пријателски натпревар одигран во Кингстон против Венецуела кој завршил 0-0.[11]

Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 1998 во Франција, играјќи во сите три натпревари на својата репрезентација од групата Х. Јамајка била елиминирана уште во фазата по групи забележувајќи два порази од Хрватска и Аргентина и победа над Јапонија.

Гарднер бил еден од најважните играчи на Јамајка и во целата следна декада, носејќи ја и капитенската лента во периодот 2005-2009 година. Својот последен натпревар за репрезентацијата го одиграл на 12 декември 2012, во поразот со 1-0 од Куба на Карипскиот куп 2012.[11]

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Во декември 2015, Гарднер бил назначен за селектор на репрезентацијата на Јамајка под 20 години.[12] Потоа тој ја водел и екипата на Харбур Вју каде што ја започнал својата играчка кариера сè до декември 2018, кога бил отпуштен.[13]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 8 април 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1998-1999 Англија Болтон Вондерерс ПД 30+3[14] 2 ФАКуп+ЛК 1+3 0+1 - - - - - - 37 3
1999-2000 ПД 29 5 ФАКуп+ЛК 4+9 0+1 - - - - - - 42 6
2000-2001 ПД 32+3[14] 3+2[14] ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 37 5
2001-2002 ПЛ 31 3 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - - 34 3
2002-2003 ПЛ 32 2 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 32 2
2003-2004 ПЛ 22 0 ФАКуп+ЛК 0+4 0 - - - - - - 26 0
2004-2005 ПЛ 33 0 ФАКуп+ЛК 4+1 0 - - - - - - 38 0
2005-2006 ПЛ 30 0 ФАКуп+ЛК 4+3 0 КУ 7 0 - - - 44 0
2006-2007 ПЛ 18 0 ФАКуп+ЛК 3+0 0 - - - - - - 21 0
2007-2008 ПЛ 26 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 КУ 4 1 - - - 30 1
2008-2009 ПЛ 29 4 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 31 4
2009-2010 ПЛ 21 1 ФАКуп+ЛК 3+2 0 - - - - - - 26 1
2010-2011 ПЛ 5 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 6 0
март - апр. 2011 Англија Престон Норт Енд ЧЛ 4 0 - - - - - - - - - 4 0
2011-2012 Англија Болтон Вондерерс ПЛ 4 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 6 0
Вкупно Болтон Вондерерс 348 22 51 2 11 1 410 25
Вкупно во кариерата 352 22 51 2 11 1 414 25

Репрезентативна статистика[уреди | уреди извор]

[11]

Фудбалска репрезентација на Јамајка
Год. Наст Гол
1997 24 3
1998 19 0
1999 9 0
2000 5 0
2001 11 2
2002 1 0
2003 10 0
2004 9 0
2005 1 0
2006 0 0
2007 4 2
2008 12 2
2009 3 0
2010 0 0
2011 0 0
2012 3 0
Вкупно 111 9

Титули и награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bibi vs Boyz“. Jamaica Star. Архивирано од изворникот на 30 October 2012. Посетено на 1 February 2013.
  2. „Hartlepool 0 Bolton 3 (Agg: 0–4)“. Sporting Life. 25 August 1998. Посетено на 28 March 2012.
  3. „West Bromwich Albion 2 Bolton Wanderers 3“. Sporting Life. 8 септември 1998. Архивирано од изворникот на 19 октомври 2011. Посетено на 28 март 2012.
  4. „Bolton midfielder Gardner heads to Preston on loan to improve fitness following lengthy lay-off“. Mail Online. 8 March 2011. Посетено на 8 January 2013.
  5. „Ricardo Gardner“. Preston North End FC. Архивирано од изворникот на 20 March 2011. Посетено на 16 June 2011.
  6. 6,0 6,1 „Relegated Bolton release 'Bibi' Gardner“. www.jamaicaobserver.com. 18 May 2012. Архивирано од изворникот на 20 May 2012. Посетено на 1 February 2013.
  7. http://www.theboltonnews.co.uk/news/10422048.Ricardo_Gardner_thanks_everyone_for_the_great_Bolton_memories/
  8. http://lionofviennasuite.sbnation.com/2013/8/13/4618356/ricardo-gardner-on-trial-with-major-league-soccers-real-salt-lake
  9. http://rjrnewsonline.com/sports/ricardo-bibi-gardener-announces-retirement
  10. „Appearances for Jamaica National Team“. RSSSF. Посетено на 8 април 2019.
  11. 11,0 11,1 11,2 „Ricardo Wayne Gardner - Century of International Appearances“. RSSSF. Посетено на 8 април 2019.
  12. http://www.jamaicafootballfederation.com/v1/?p=13569
  13. http://jamaica-gleaner.com/article/sports/20181211/bibi-says-bye-gardner-resigns-harbour-view-head-coach
  14. 14,0 14,1 14,2 Во Плејофот за промоција во Премиер лигата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]