Прејди на содржината

Рикардо Бакели

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Рикардо Бачели)
Рикардо Бакели
Riccardo Bacchelli
Роден/а19 април 1891(1891-04-19)
Болоња, Италија
Починат/а8 октомври 1985(1985-10-08) (возр. 94)
Монца, Италија
Занимањероманописец, драматург, есеист
Националноститалијанец
ЖанрРоман, драмски текстови, есеј
Значајни делаВоденицата на По

Рикардо Бакели (италијански: Riccardo Bacchelli), (19 април 1891, Болоња - 8 октомври 1985, Монца) — италијански писател[1].

Бил номиниран аа Нобелова награда за литература осум пати.

Рикардо Бакели бил избран за член на Кралската академија на Италија,. Тој бил награден со витешкиот крст на Орденот за заслуги на италијанската Република во 1971 година. Откако работел неколку години како новинар, се повлкол од професијата за да се фокусира на пишувањето уметничка литература.

Во неговите рани дела доминирала поезија, раскази и драмски текстови. Подоцна објавувал повеќе романи.

Во Европа, тој станал познат по своите историски романи, кои комбинираат факти и возбудливи приказни. „Воденицата на По“, е негово најпознато дело каде што детално е опишана историјата на Италија од крајот на ерата на Наполеон до формирањето на модерната држава.

Починал на 94-годишна возраст на 8 октомври 1985 година во Монца[2].

Творештво

[уреди | уреди извор]

„Ѓаволот на Понтелунго“, историски роман (1927)

„Воденицата на По“, историски роман. Трилогија (1938-1940)[3].

„Плачот на Лаисовиот син“,. историски роман (1946)

„Погледот на Исус“, историски роман (1948)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]