Ризлинг
| Ризлинг Riesling | |
|---|---|
Зрело грозје ризлинг во Рајнгау, Германија | |
| Боја на лушпата | Бело |
| Вид | Vitis vinifera |
| Други називи | Рајнски ризлинг |
| Потекло | Рајна, Германија |
| Региони | Германија, Унгарија, Луксембург, Франција, Австрија, Словачка, Хрватска, Италија, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, САД, Канада |
| Чувствителност | Недозрева во постудените реони |
Ризлинг[1][2] (германски: Riesling) — бела сорта грозје кое потекнува од долината на реката Рајна во Германија. Исто така е познат како рајнски ризлинг. Ризлингот е ароматична сорта грозје која покажува цветни, речиси парфимирани ароми, како и висока киселост. Се користи за производство на суви, полуслатки, слатки и пенливи бели вина. Вината од сортата ризлинг обично се се произведува како младо вино и ретко се барикира. Од 2004, ризлингот се проценува дека е 20-та најодгледувана сорта грозје во светот на 48.700 хектари (со тренд на зголемување),[3] но во однос на битноста за квалитетните вина, се смета во „трите најдобри“ сорти бели вина заедно со шардонето и совињон блан. Ризлинг е сорта која е многу „тероар-изразлива“, што значи дека наравот на вината од сортата ризлинг е во голема мера под влијание на местото на потекло на виното.
Најмногу се одгледува во винарските региони на Германија и Франција (долината на Рајна), но се одгледува и во Унгарија, Луксембург, Австрија, Словачка, Хрватска, Италија, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, САД, Канада, а е исто така популарен во Македонија, Србија, Романија и Молдавија. Ризлинг има долга историја, судејќи според документите од Германија неговото прво споменување датира од 15 век.
Во Македонија, виновата лоза од оваа сорта со Правилникот за реонизација на лозарските подрачја[4] е препорачана во Пчинско-осоговскиот и Пелагониско-полошкиот реон.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Лозје
- Германски ризлинг
- Австралиски ризлинг
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ризлинг“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „ризлинг“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ J. Robinson (ed) The Oxford Companion to Wine Third Edition, Oxford University Press 2006, p. 746: "Vine varieties", ISBN 0-19-860990-6.
- ↑ Правилник за реонизација на лозарските подрачја
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- A history of German Riesling
- A Case Study of Chateau Ste. Michelle in Marketing Riesling (ppt download)
- The Riesling Report
- The Myth of Sweet Riesling Архивирано на 2 декември 2020 г.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||