Ригојанчи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Колач ригојанчи
Клара Вард со својот втор маж, Риго Јанчи

Ригоjанчи (унгарски: Rigó Jancsi) е колач кој го осмислил непознат сласткар од Будимпешта тогаш во Австроунгарија кон крајот на 19 век. Овој колач го добил името по учесникот во скандалот за кој во тоа време пишувале европските весници.

Риго Јанчи бил музичар од ромско потекли и водач на музичкиот оркестар кој ги забавувал гостите во рестораните ширум Европа. Неговото име во последата деценија од 19 век станало познато на широката јавност поради врската со Клара Вард, белгиската принцеза од американско потекло.

Рецепт[уреди | уреди извор]

Ригојанчи се састои од кора, фил и глазура.[1]

Кора[уреди | уреди извор]

Да се изматат жолчки со шеќер и во така изматенасмеса постепено се додаваат брашно и чоколада во прав. Да се измати цврст шлаг од белки и да се соедини со изматената смеса која треба да се сипе во подмачкана тепсија и да се пече на 200 C° 25 минути. Готовата кора да се излади и да се пресече на половина. Постои и верзија со само една кора (на сликата) кај која кората не се сече на половина.

Фил[уреди | уреди извор]

Добро да се измати слатка павлака со шекер во прав и чоколадо во прав. Со половина од филот треба да се филува кората и да се поклопи со другата кора, а потоа да се премачка со остатокот од подготвениот фил.

Глазура[уреди | уреди извор]

Да се истопит чоколадата заедно со маргаринот, да се додаде малку масло за да сјае глазурата, а потоа да се прелие преку колачот и да се остави во фрижидерот да се стегне.

Оладениот колач се служи исечен на коцки.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]