Рибница (Осоговска)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Рибница (Осоговска) — река која ја сочинуваат Вратиславската Река, Тинта, Бесни Дол и други помали реки. Нејзиниот изворишен дел се наоѓа под врвот Омар на Осогово покрај државната граница со Бугарија. Должината изнесува 10,8 км, сливот има површина од 37,6 км2. Реката извира на 1100 м.н.в., а се влева во Брегалница на кота од 490 метри, што значи дека вкупниот пад има вредност од 610 метри, или просечен пад од 56,5%. Средната височина на сливот е мошне голема (989 м), додека средниот наклон на сливот изнесува 11,9%.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петрушевски, Илија (2014). Реките во Македонија. стр. 61, 62.