Риба и мачка (филм од 2013)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Риба и мачка - ирански филм од 2013 година, во режија на Шарам Мокри, кој е автор и на сценариото. Улогите ги толкуваат: Бабак Карими, Саид Ебрахимифар, Абед Абест и Ајназ Азархуш. Според режисерот Шарам Мокри, во филмот „се работи за тоа како да создадеш гледиште во времето и да го поместиш времето. Она што ме мотивираше во правењето на овој филм е неговиот стил во реализацијата: инсистирање на наративна фикција во границите на еден единствен кадар и обидот да се создаде пукнатина во времето за време на тој еден кадар. Избрав да раскажам вистинска приказна, што сепак потсетува на кошмар“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Студенти патуваат во една оддалечена област, каде што планираат да кампуваат и да учествуваат во настан, во кој се пуштаат летала. Крај пустиот езерски брег, има ресторан каде тројца готвачи се однесуваат многу сомнително со студентите. Односот помеѓу студентите и готвачите со време станува сè почуден, додека, се чини, дека студентите се соочуваат со извесни проблеми од кои нема бегање.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]