Рибар
Изглед

Рибар,[1][2] риболовец[3][4] или влакар[5][6] — лице што се занимава со риболов, односно фаќа риби и други организми што живеат во вода. Рибарите можат да ја вршат својата работа професионално или рекреативно.
Во македонскиот јазик, рибар вообичаено се користи за лицата што професионално се занимаваат со риболов, а риболовец за рекреативците. Влакарите, пак, се рибарите што ловат риби со влак (мрежа на влечење).
Дури и во мезолитот, луѓето фаќале риба за да се прехранат.[7]
Риболовот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Султанот и рибарот“ — приказна на африканското племе Свахили.[8]
- „За синот на сиромашниот рибар“ — полска народна приказна.[9]
- „За рибарот и неговите три сина“ — полска народна приказна.[10]
- „На рибарите“ (српски: Аласима) — српска народна песна.[11]
- „Рибару, рибару!“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[12]
- „Рибари“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[13]
- „Итар Пејо и селаните риболовци“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.[14]
- „Рибарска“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[15]
- „Сказна за рибарот и рипката“ — бајка во стихови на рускиот писател Александар Сергеевич Пушкин од 1833 година.[16]
- „Рибарска незгода“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[17]
- „Неодоливиот рибар“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[18]
- „Рибари со харпун“ (хрватски: Ribiči s harpunom) — слика на хрватскиот уметник Мијо Ковачиќ од 1965 година.[19]
- „Рибар“ (хрватски: Ribič) — слика на хрватскиот уметник Мирко Вириус од 1939 година.[19]
- „Риболовот на китови на Гренланд“ (англиски: Greenland Whale Fisheries) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[20]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „рибар“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „рибар“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „риболовец“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „риболовец“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „влакар“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „влакар“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Early humans followed the coast“. BBC News. 5. 10. 2006. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 44-46.
- ↑ Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 49-60.
- ↑ Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 5-23.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 107.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 49.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 17.
- ↑ Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 24-25.
- ↑ Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 510.
- ↑ Пушкин, „Лирика, сказни“, том I, Наша книга, Скопје, 1986. стр. 229.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 42.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 30.
- ↑ 19,0 19,1 Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
- ↑ YouTube, The Pogues - Red Roses For Me (FULL ALBUM) (пристапено на 22.8.2017)
|