Реџов Гроб (Сретково)
Реџов Гроб — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Сретково. Претставува утрвдување од средниот век. Се наоѓа на околу 2 км западно од селото, во непосредната близина на преминот Стража, каде на висок рид со доминантна местоположба се гледаат грамади од градежен камен што ѝ припаѓаат на мала фортификација што го обезбедувала планинскиот премин кон кичевскиот басен.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Јела — средновековна населба и некропола;
- Крстови — средновековна некропола;
- Сотка — средновековна некропола;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |