Реџеп Шкријељ

Од Википедија — слободната енциклопедија

М-р Реџеп Шкријељ — роден 1959 година во Меѓугор (кај Сеница) во областа Санџак, Србија. Се занимава со историографија, старотурска литература, етнологија, етномузикологија, историска генеалогија, ономастика, филологија, преведување и публицистика. Објавил неколку книги и научни студии во бројни списанија во бивша Југославија. Живее и работи во Скопје и Нови Пазар, Србија.