Рејни Езеро
Рејни езеро е слатководно езеро со површина од 932 км2 и се протега на границата помеѓу Соединетите Американски Држави и Канада. Реката Рејни извира од западната страна на езерото. Денес се користи за хидроелектрична енергија за локациите во САД и Канада. Интернешнл Фолс, Минесота и помалиот град Раниер, Минесота се наоѓаат наспроти Форт Франсес, Онтарио, од двете страни на реката Рејни. Езерото Рејни и реката Рејни воспоставуваат дел од границата помеѓу американската држава Минесота и канадската покраина Онтарио.
Националниот парк „Војажер“ се наоѓа на југоисточниот дел од езерото и се поврзува со езерата Кабетогама и Намакан кај водопадите Кетл. Езерото Рејни е дел од големиот систем на езера што го формираат сливот на заливот Хадсон, кој на запад се протега до Горно Езеро, на север до Северноледен Океан. Сливот на езерото Рејни ги вклучува дивите предели на областа кану Баундари Вотерс.
Геологија
[уреди | уреди извор]
Геолошки, езерото Рејни е дел од Супериорниот Кратон на Канадскиот Штит и имаат заеднички карактеристики, како што се голема, древна калдера и раседни линии што јасно може да се видат на сателитските слики од езерото.
Поврзано
[уреди | уреди извор]