Рефошк
Рефошк | |
---|---|
Боја на лушпата | сино-црна |
Вид | Лоза |
Потекло | Италија, Словенија |
Рефошк — многу стар вид на сорта на грозје со темна лушпа, домородно на Венетската зона и соседните области на Гави, Трентино,[1] Истра и Карстниот регион. Во овие региони се смета за автохтонo.
Вината создадени од ова грозје може да бидат доста моќни и танични, со длабока виолетова боја и мала горчина. Виното може да издржи одредено стареење (во зависност од сортата), а по период од четири до десет години постигнува и цветен квалитет. Рефошкот треба да се служи на 16 °C или ако е особено богат со танини, на 18 °C. Најдобро оди со суво месо, дивеч и живина на скара.
Потекло и историја
[уреди | уреди извор]Фамилијата вина Рефошк има долга историја, но непознати се податоци за неговото потекло. ДНК анализите на ова вино укажуваат на неговата врска со едно друго вино под името Марземино, стара варијанта од северна Италија.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
|