Референдум за членство на Унгарија во Европската Унија од 2003 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Референдумот за пристапување на Унгарија кон Европската Унија, бил одржан во Унгарија, на 12 април 2003 година.[1] Предлогот бил одобрен од страна на 83,8% од избирачите, а одзивот на гласачите на референдумот бил 45.6%. По гласањето, Унгарија се приклучила на Европската Унија на 1 мај 2004 година.

Позадина[уреди | уреди извор]

Унгарија поднела апликација за членство во Европската Унија (ЕУ) на 31 март 1994 година, а преговорите за влез започнале во 1998 година. На самитот во Копенхаген, во декември 2002 година, Унгарија била една од десетте земји поканети да се приклучат кон ЕУ во 2004 година.[2] Сите поголеми политички партии во Унгарија се согласиле дека задолжително е потребен референдум за членство, пред Унгарија да може да се приклучи на ЕУ.[3]

Националното собрание на Унгарија ги променило правилата за референдумите во Унгарија од 1997 година. Претходниот услов, дека е потребен одзив на гласачите над 50% бил отстранет, а наместо него бил поставен нов услов, според кој било доволно да излезат над 25% од регистрираните гласачи за подршка на референдумот. Во декември 2002, Уставот на Унгарија бил изменет за да може да се одржи референдумот за членство во Европската Унија. Како дел од промената било договорено референдумот да се одржи на 12 април 2003 година.[3]

Референдумското прашање[уреди | уреди извор]

Прашањето на референдумот гласело:

„Дали се согласувате дека Република Унгарија треба да стане членка на Европската Унија?“[4]

  • На унгарски: Egyetért-e azzal, hogy a Magyar Köztársaság аз Európai Unió tagjává váljon?

Кампања[уреди | уреди извор]

Сите големи политички партии во Унгарија, синдикатите, стопанските организации, црквите и медиумите го подржале членството во ЕУ.[5] Меѓутоа, главната опозициска партија, Фидес, иако дала подршката за членство, предупредила дека околу 100.000 работни места можат да бидат изгубени поради регулативите на ЕУ и дека странската конкуренција може да предизвика да некои сектори на економијата пропаднат.[6]

Медиумското покривање било многу позитивно, а со кампањата требало да се отфрлат сите секојдневни заблуди за членството во ЕУ. Меѓу ваквите заблуди биле и тие од типот дали јадењето на кнедли полнети со семе од афион ќе биде дозволено во ЕУ, или, дали само една големина на кондом била достапна во ЕУ.[7] Секоја од четирите главни политички партии, исто така, имале своја кампања за подршка на референдумот.[3]

Опозициската кампања, против референдумот, била ограничена само на некои мали групи кои биле организирани во „Движење за слободна Унгарија“. Ниту една од овие групи не биле во унгарскиот парламент и на тој начин не биле во можност да добијат било какво државно финансирање за нивната кампања. Повеќето противници истакнувале дека не се против Европа, туку дека се спротивставувале на условите за пристапување и тековните услови на ЕУ. Сепак анкетите за јавното мислење за време на кампањата покажале силна поддршка за членство.[3]

Резултати[уреди | уреди извор]

Избор Гласови %
За 3.056.027 83,8
Против 592.690 16,2
Невалиден/празни гласачки листови 17.998
Вкупно 3.666.715 100
Регистрирани гласачи/одзив на гласачите 8.042.272 45,6
Извор: Nohlen & Stöver

Реакции[уреди | уреди извор]

Премиерот Петер Медеши ги објавил резултати од референдумот на прославата приредена на брегот на Дунав со зборовите: „Дозволете ми официјално да објавам дека Република Унгарија ќе биде членка на Европската Унија“.[4] Европската Комисија го поздравила резултат како одбележување на крајот на унгарската „трагична оделеност од европското семејство на демократски нации“.

Сепак, постоела загриженост околу одзивот на гласачите кој бил значително под нивото од 70% на кој се надевале.[8] Имало критики дека референдумот би бил невалиден поради нискиот одзив на гласачите што не било истакнато во текот на кампањата.[9] Опозицијата, исто така, ја критикувала владината кампања како симплистичка, додека владата ја обвинувала опозицијата дека била умерена во својата поддршка за членство. Сепак, 38% од избирачите гласале да, што било доволно над бараните 25% потребни за референдумот да биде валиден.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nohlen, D; Stöver, P (2010). Elections in Europe: A data handbook. стр. 899. ISBN 978-3-8329-5609-7. 
  2. „SCADPlus: The 2004 enlargement: the challenge of a 25-member EU“. web.archive.org. 2007-12-30. конс. 2019-04-20. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2010-12-17. конс. 2019-04-20. 
  4. 4,0 4,1 (на en) Big 'Yes' vote for EU membership in Hungary. 13 април 2003 г. https://www.rte.ie/news/2003/0413/37214-hungary/. 
  5. Welle (www.dw.com), Deutsche. „Maltese, Hungarians Vote in Favor of European Union | DW | 13.04.2003“. DW.COM (en-GB). конс. 2019-04-20. 
  6. Thorpe, Nick. „Hungarians lukewarm about EU“, „The Guardian“, 14 април 2003. (на en-GB)
  7. „Budapest sun archive“. web.archive.org. 2011-06-05. конс. 2019-04-20. 
  8. „Hungarians approve EU entry“. The Age. 2003-04-13. конс. 2019-04-20. 
  9. European Press Review“, 14 април 2003. (на en-GB)
  10. Hungary's EU apathy“, 14 април 2003. (на en-GB)