Ретиже

Координати: 41°45′32″N 23°40′34″E / 41.7589° СГШ; 23.6761° ИГД / 41.7589; 23.6761
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ретиже
Реката Ретиже по истекот од Поповото Езеро
Местоположба
МестоРазлошко (Оп. Банско), Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоПопово Езеро, Пирин
 • координати41°42′34″N 23°30′33″E / 41.7094° СГШ; 23.5092° ИГД / 41.7094; 23.5092
 • надм. вис.2.234 м
Устие 
 • место
р. Места, кај с. Места, Општина Банско
 • координати
41°45′32″N 23°40′34″E / 41.7589° СГШ; 23.6761° ИГД / 41.7589; 23.6761
 • надм. вис.
646 м
Должина18,5 км
Големина на сливот46 км2
Проток 
 • просечен1,33 м3
Особености на сливот
ТечениеМестаЕгејско Море
Водно лутиче во разлиено место на Ретиже.

Ретижерека во Разлошко (Општина Банско), Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 18,5 км.[1]

Течение и особености[уреди | уреди извор]

Реката потекнува од Поповоезерскиот Цирк, образувајќи се од слевањето на неколку потоци. Од север доаѓа потокот кој се спушта од врвот Мангар (Полежан); од запад потокот што почнува од Долното Полежанско Езеро и минува низ Банските Езера, кој е најсилен може да се смета за почеток на реката; од југ — потокот кој доаѓа од Поповото Езеро (на 2.234 м.н.в., најголемо и најдлабоко езеро на Пирин). Овие три се соединуваат на подрачјето на Рибните Попови Езера на 2.174 м.н.в. Малку подолу во Ретиже од десно се влева Кременски Поток, кој доаѓа од Кременските Езера. Потоа Ретиже се спушта на североисток како буен планински поток во длабока живописна долина, со брзаци и водопади. Подолу долината уште повеќе се продлабочува и станува густо пошумена. На 4 км пред устието Ретиже свртува на исток и образува длабока и непроодна клисура. Завршува како десна притока на Места кај селото Места.

Сливот на реката зафаќа 46 км2, што претставува 1,33 % од вкупниот слив на Места. Главна притока е Кремешница (десна), која се влева во Ретиже пред споменатото устие. Средниот наклон на течението е 95 ‰, а средниот годишен истек изнесува 1,33 м3; најполноводна е во јуни, а најслабоводна во февруари.

Единствено населено место по течението е селото Места в Општина Банско.

Иако Ретиже има многу потенцијал, по нејзиното течението се изградени само пет мали хидроцентрали со вкупна моќност од околу 10.000 киловати.

Топографска карта[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 408.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]