Ресул Шаќири
Изглед
| Ресул Шаќири | ||
| Роден | 10 ноември 1931 Сопотско, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
|---|---|---|
| Националност | Македонец | |
| Народност | Албанец | |
| Занимање | општественик и државник | |
Ресул Шаќири (10 ноември 1931 во Сопотско) — македонски комунистички деец, општественик и државник.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил гимназија, а потоа студирал на Филозофскиот факултет во Скопје.
Бил член на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ) од 1950 година, претседател на Општински комитет и член на Претседателството на Централниот комитет на Народната младина на Македонија, директор и главен и одговорен уредник на весникот „Flaka e Vellazerimit“ („Фљака е Влазримит“; во превод Пламен на братството).
Исто така, бил член на Извршниот совет на Народна Република Македонија, член на Извршниот одбор на Републичката конференција на ССРНМ, член на Градскиот комитет на СКМ во Скопје и пратеник во Собранието на Социјалистичка Република Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шакири“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1644. Text "series " ignored (help)