Респираторни притисоци

Од Википедија — слободната енциклопедија


Постојат два вида на респираторни притисоци :

  • интраалвеоларен и
  • интраплеврален

Интраалвеоларен притисок[уреди | уреди извор]

Промени на притисокот во респираторните патишта настануваат поради наизменичното зголемување и намалување на волуменот на градниот кош и поради активноста на респираторните мускули. За време на инспирација притисокот во респираторните патишта паѓа под вредноста на атмосферскиот притисок што предизвикува навлегување на воздухот во белите дробови. Доволно е притисокот во респираторните патишта да стане 1mm понизок од атмосферскиот, па воздухот од надворешната средина преку респираторните патишта да навлезе во белодробните алвеоли. При експирација , со намалување на волуменот на градниот кош, белите дробови се стегаат. Ширењето на градниот кош и белите дробови не настанува поради навлегување на воздухот во белите дробови , туку спротивно- воздухот влегува во белите дробови затоа што се шират градниот кош и белите дробови.

Интраплеврален притисок[уреди | уреди извор]

Површината на белите дробови е обложена со висцеларна плевра , а внатрешните ѕидови на градната празнина , дијафрагмата и медијастиналните органи со париетална плевра. Праиеталната плевра минува во висцеларната во пределот на белодробните хисули . Во другите делови двете плеври налегнуваат една врз друга, а меѓу нив се наоѓа сосема тенок слој на серозна течност , чија улога е да го намали триењето меѓу плеврите во тек на процесот на дишењето. Пукнатината меѓу двете плеври претставува потенцијална празнина или простор , само во оние случаи кога во овој простор ќе навлезе воздух (пневмотракс ), крв (хемотракс), или ќе се насобере течност ексудат или трансудат како резултат на некое вопспаление . Притисокот во интраплевралниот простор е негативен во споредба со притисокот на атмосферскиот воздух. Оваа негативност е условена, бидејќи вредноста за атмосферскиот притисок условно се зема за 0. Негативниот притисок во овој простор настанал поради нееднаков развиток на ѕидот на градниот кош и белодробното ткиво . Развитокот на ѕидовите на градниот кош се одвивал попрзо во споредба со развитокот на белите дробови. Тоа е основна причина за создавање на негативен притисок во интраплевралниот простор. Негативноста на притисокот во овој простор зависи од присуството на серозната течност и притисокот на плевралната површина . Серозната течност создавајќи површинска напнатост придонесува притисокот во интраплевралната пукнатина да биде понизок во споредба со притисокот во надворешната средина. Притисокот на серозната течност во ионтраплевралниот простор изнесува 10мм Hg (-1.3 kPa) при што , вредноста на атмосферскиот притисок ( 760 мм Hg-101.3 kPa) условно се зема за 0. Бидејќи притисокот на интраплевралната површина е позитивен и изнесува + 6мм Hg (0.8 kPa), тогаш притисокот во интраплевралниот простор има просечна вредност од -4 мм Hg (-0.5 kPa). Оваа вредност на интраплевралниот притисок изнесува од -4 мм Hg деволна е белите дробови секогаш да ги држи во состојба на напнатост . Тоа е можно, затоа што белите дробови спаѓаат во еластични ткива . При ширење на градниот кош , негативноста на притисокот на интраплевралниот простор се зголемува. Тоа значи дека ширењето на белите дробови се остварува со поголема влечна сила . Токму оваа појава е основана причина што белите дробови го следат ширењето на грандиот кош.

Мерење на притисокот во интраплевралната празнина[уреди | уреди извор]

Притисокот на интраплевралната празнина претставува варијабилна големина која зависи од степенот на раширеност на градниот кош. Овој притисок може директно да се мери со вовлекување на гумено црево во канилата во интраплевралната празнина. Преку гумено црево канилата се поврзува соеден крак на живиниот манометaр. Во моментот кога канилата ќе влезе во интраплеварлната празнина се абележува подигање на живниот столб во кракот од страна на канилата. Тоа покажува дека притисокот во интраплевралнта празнина е понизок од атмосферскиот.

При дишењето зависно од фазата на респираторниот циклус и од длабочината на дишењето нивото на живата во манометарот се менува како израз на промените на притисокот во интраплевралниот простор така што:

  • На максималната експирација интраплевралниот простор е понизок за -1.5 -2мм Hg (0,1 до 0,3 кРа)
  • На крајот од нормалната инспирацијa интраплевларниот притисок е понизок од атмосферскиот за -2 до -3мм (-0,3 до – 0,4 кРа)
  • На крајот од нормалната инспирација интраплевралниот притисок е за 4-5мм Hg (-0,5 до -0,7 кРа) понизок од атмосферскиот.
  • На крајот од максималната инспирација интраплевралниот притисок може да биде за 10 до 15мм Hg (-1,3 до 2 кРа) понизок од атмосферскиот.