Македонија во 1995 година
Изглед
(Пренасочено од Република Македонија во 1995 година)
Република Македонија во 1995 година | |
---|---|
Години : | 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 |
Векови: | 20 век · 21 век · 22 век |
Децении: | 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти |
Години: | 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 |
Водачи
[уреди | уреди извор]- Претседател - Киро Глигоров; Стојан Андов (4 октомври - 17 ноември)
- Премиер - Бранко Црвенковски
- Претседател на Собранието - Стојан Андов; Тито Петковски (4 октомври - 17 ноември)
Настани
[уреди | уреди извор]јануари
[уреди | уреди извор]- 5 јануари - Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Узбекистан и Република Молдавија.
- 10 јануари - почнува приватизација на тутунските претпријатија.
- 11 јануари - Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија.
- 18 јануари - Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови.
- 27 јануари - Република Молдавија и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
февруари
[уреди | уреди извор]- 15 февруари - Во Мала Речица е основан Тетовскиот парауниверзитет. По ова следувале големи протести во цела држава од страна на македонските студенти и средношколци. По два дена, универзитетот бил затворен, а во немирите еден Албанец убиен.
- 23 февруари - Околу 2.000 македонски студенти и средношколци протестираа против универзитетот во Мала Речица, барајќи негово затворање.
- 27 февруари - 19 албански пратеници го напуштија парламентот во знак на протест против затворањето на универзитетот во Мала Речица и поради одбивањето да говорат на свој мајчин јазик во работата на парламентот.
март
[уреди | уреди извор]април
[уреди | уреди извор]- 8 април - Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставија дипломатски односи.
- 11 април - Во Скопје е формирано Здружение за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.
- 14 април - Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи.
- 18 април - Регистрирана е Партијата за демократски просперитет на Албанците.
- 24 април - Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.
мај
[уреди | уреди извор]- 3 мај - Деканот на универзитетот во Мала Речица беше осуден на затворска казна од две и пол години, поради немирите од пред универзитетот на 17 февруари.
- 8 мај - Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи.
- 15 мај - Кај с.Богомила пуштена е првата електро-централа на реката Бабуна.
јуни
[уреди | уреди извор]- 7 јуни – Собранието на Република Македонија го донесе Законот за Воена академија на АРМ.
јули
[уреди | уреди извор]- 11 јуни – Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади..
август
[уреди | уреди извор]- 17 август – Во Скопје, во составот на весникот "Вечер", излезе првиот број на "Армиски збор", весник на Армијата на Република Македонија.
септември
[уреди | уреди извор]- 13 септември - Македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Каролас Папуљас во Њујорк ја потпишуваат Привремената спогодба за нормализација на односите помеѓу Македонија и Грција. Со спогодбата Грција се обврзува да ја прекине економската блокада на Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина[1].
- 18 септември - Antonov 2R кој беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје. Загинаа два члена на екипажот.
- 24 септември - се менува државното знаме. Идејното решение на новото знаме е на арх. Мирослав Грчев.
- 27 септември - Македонија е примена во Советот на Европа.
октомври
[уреди | уреди извор]- 2 октомври - средба на претседателот Глигоров со Слободан Милошевиќ, на која средба бил постигнат договор за меѓусебно признавање.
- 3 октомври - Пред хотелот "Бристол" во Скопје е извршен неуспешен атентат со "автомобил (ами 8) бомба" (натоварен со 4,5 кг. експлозив) врз претседателот Киро Глигоров, во моментот кога крај него поминуваше со службениот автомобил. Притоа загина неговиот шофер и еден случаен минувач.
- 5 октомври - Собранието на Р Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутните 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Р Македонија. Дизајнот на знамето е на Мирослав Грчев, со финална корекција на Костадин Танчев - Динката[2]
- 12 октомври - Република Македонија е премена во редовно членство на Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа.
- 15 октомври - По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница.
ноември
[уреди | уреди извор]- 15 ноември - Македонија стана 27. членка на мировната иницијатива на НАТО - партнерство за мир.
- 16 ноември - Почина Петре Прличко.
- 27 ноември - Црвениот крст на Република Македонија е примена во членство на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
декември
[уреди | уреди извор]- 19 и 22 декември - Договор Македонија - НАТО за транзит на силите на ИФОР/СФОР низ територијата на Република Македонија. Договорот беше продолжен на 18 и 26 декември 1996 година.
Култура
[уреди | уреди извор]Музика
[уреди | уреди извор]- Основана е групата String Forces.
- Основана е групата Холокауст.
- Вљубена жена, албум на Благица Павловска.
- Endless view, албум на Бодан Арсовски.
- Реинкарнација, албум на Симеон Иванов - Канго.
- Damjan's war, албум на Кисмет.
- Леб и сол Anthology, албум на Леб и сол.
- 5, албум на Меморија.
Филм и телевизија
[уреди | уреди извор]- Ангели на отпад, филм во режија на Димитрие Османли .
- Н.Е.П., филм во режија на Игор Иванов Изи.
Книги и списанија
[уреди | уреди извор]- Маркучот во четири гласа од Коле Чашуле
- Недостижна од Гане Тодоровски
- Провиденија од Анте Поповски
- Нешто се слуша од Јовица Тасевски - Етернијан
- Празни од Јован Котески
- Трагач од Јован Котески
- Јавач на звукот од Радован Павловски
- Поетовата смрт од Данило Коцевски
- Страв од тишината од Санде Стојчевски
- Скалд од Санде Стојчевски
- Уличето со обетки од цреши од Михо Атанасовски
- Привремен престој од Димитар Башевски
- Маглите на Кајмакчалан од Димитар Башевски
- Гласови и траги од Атанас Вангелов
- Поетика на два брега од Паскал Гилевски
- Самоубиство на глувците од Јован Дамјановски
Објекти
[уреди | уреди извор]- Започна изградбата на црквата Св. Василиј во Крушево.
- Осветена е црквата Св. Наум Охридски на Попова Шапка.
- Осветена е црквата Св. Илија во Луковица.
Останато
[уреди | уреди извор]- Митрополит г. Наум стана епископ на Струмичката епархија.
Спорт
[уреди | уреди извор]Фудбал
[уреди | уреди извор]- ФК Вардар стана шампион по фудбал во сезоната 1994/1995 година.
- ФК Вардар го освои купот на Македонија.
* Квалификации за Европско првенство во 1996 година во Англија:
26 април 1995 |
Данска | 1 – 0 | Македонија | Копенхаген Гледачи: 38,888 |
---|---|---|---|---|
Петер Нилсен 70' |
10 мај 1995 |
Ерменија | 2 – 2 | Македонија | Ереван Гледачи: 5,000 |
---|---|---|---|---|
Размик Григоријан 23' Армен Шагелдијан 50' |
Христов 60' Марковски 69' |
7 јуни 1995 |
Македонија | 0 – 5 | Белгија | Градски стадион, Скопје Гледачи: 532 |
---|---|---|---|---|
Grün 15' Scifo 18', 59' Schepens 27' Versavel 43' |
6 септември 1995 |
Македонија | 1 – 2 | Ерменија | Градски стадион, Скопје Гледачи: 10,000 |
---|---|---|---|---|
Мицевски 10' | Григоријан 61' Шагелдијан 78' |
11 октомври 1995 |
Кипар | 1 – 1 | Македонија | Лимасол Гледачи: 4,513 |
---|---|---|---|---|
Агатоклеус 90' | Јовановски 35' |
15 ноември 1995 |
Шпанија | 3 – 0 | Македонија | Елче Гледачи: 21,350 |
---|---|---|---|---|
Кико 8' Манхарин 73' Каминеро 78' |
- Пријателски натпревари:
30 08 1995 20:00 |
Турција | 2 – 1 | Македонија | Истанбул, Истанбул Гледачи: 18,500 Судија: Кудиев Асим (Азербејџан) |
---|---|---|---|---|
Огун Темираноглу 6' Мандирали Хами 53' |
Report | Караџов Сашо 52' |
Кошарка
[уреди | уреди извор]- Годел Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига.
- КК Кочани Деликатес го освои купот на Македонија.
- Основан е КК Водњански Лисици.
Починати
[уреди | уреди извор]- 12 јануари - Климе Савин, македонски маратонец.
- 27 јануари - Лилјана Белева, македонски писател.
- 17 февруари - Благоја Корубин, македонски македонист.
- 24 февруари - Ката Лахтова, претседател на собранието на Социјалистичка Република Македонија.
- 25 април - Јово Камберски, македонски раскажувач и романописец.
- 27 април - Цветко Мартиновски, македонски раскажувач и преведувач.
- 12 мај - Круме Наумовски, македонски првоборец.
- 28 мај - Исак Сион, македонски борец.
- 13 август - Симеон Гугуловски, македонски оперски пејач.
- 29 октомври - Киро Поповски, македонски правник, политичар, прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија.
- 1 ноември - Васил Иљоски, македонски драмски писател.
- 16 ноември - Петре Прличко, македонски глумец.
- 4 декември - Петар Глигоровски, македонски сликар и режисер на анимирани филмови.
Родени
[уреди | уреди извор]- Дарко Велковски, македонски фудбалер.
- Александра Јанева, македонска поп-пејачка.
- Никола Тефов, македонски пејач.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македонија е сè што имаме“, Киро Глигоров (2001), стр. 550.
- ↑ https://heraldika.org.mk/news/nov-pretendent-za-dizajnot-na-znameto/
|