Ерменија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Република Ерменија)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Република Ерменија
Հայաստանի Հանրապետություն
Hayastani Hanrapetut῾yun
Знаме Грб
ХимнаՄեր Հայրենիք (ерменски)
Mer Hayrenik   (transcription)
"Нашата татковина"


Главен град
(и најголем)
Ереван
40°11′N 44°31′E / 40.183° СГШ; 44.517° ИГД / 40.183; 44.517
Службен јазик ерменски[1]
Народности (2011)
Демоним Ерменски
Уредување Претседателска република[4]
 •  Претседател Армен Саркисјан
 •  Премиер Никол Пашинјан (в.д.)
 •  Прет. на парламентот Ара Баблојан
Независна
 •  Традиционална[5]
11 август, 2492 пр.н.е 
 •  Урарту под Араму
840s пр.н.е 
 •  Тигранес Оронтид
560 пр.н.е 
 •  Кралство Ерменија
формирано

190 пр.н.е 
 •  Ерменска апостолска црква
301 г. 
 •  Демократска Република Ерменија основана
28 мај, 1918 
 •  Независност
од СССР
Декларирана
Призната
Финализирана


23 август, 1990
21 септември, 1991
25 декември, 1991 
Површина
 •  Вкупна 29,800 км2 (142ра)
 •  Вода (%) 4,71
Население
 •  проценка за Јули 2008 г. 3.231.900[6] (133та)
 •  Попис 2001 3.002.594[7] 
 •  Густина 101 жит/км2 (103та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $19,298 милијарди[8] 
 •  По жител $5.437[8] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $12,070 милијарди[8] 
 •  По жител $3.400[8] 
Џиниев коеф. (2013)31.5[9]
среден
ИЧР (2013) 0.730[10]
висок · 87ма
Валута Драм (AMD)
Часовен појас UTC (UTC+4)
 •  (ЛСВ) DST (UTC+5)
Се вози на десно
НДД .am
Повик. бр. 374
Светец-заштитник Св. Апостол Вартоломеј,
Св. Апостол Тадеј,
Богородица

Ерменија е држава во Евроазија. Од некои историско-културни причини се смета за дел и на Европа. Главен град е Ереван.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Ерменија, Ерменците ја нарекуваат Хајастан (Hayastan), што значи „Хаикова земја“. Според Светото писмо, Хаик бил правнук на Ное. Според легендата, тој во својата 130 година, отишол во Шинар, Вавилон, да ја гради Вавилонската кула. Тогашниот асирски крал Бел, познат и како Нимрод, поради неговата „божествена“ надворешност, му понудил да остане во Вавилон и му ветил дека тие ќе го слават и почитуваат како Бог. Но, тој одбил и се вратил во својата земја под Арарат. Тогаш асирскиот крал Нимрод, ја собрал војската и тргнал по него. Во битката кај езерото Ван (денешна Турција), Хаик со стрела со три пердуви, го пробил оклопот на Химрод и го убил. Асирската војска се повлекла, а се вели дека Хаик живеел 400 години. Од таа битка се смета традиционалниот ерменски календар.

Името Ерменија (Аrmenia),коешто се користи во повеќето земји, се користи од пред околу 3.000 години. Почнале да го користат грчките историчари, по ерменскиот водач Арам, кој според легендата бил шести член на Хаиковата лоза (правнук на правнукот на Хаик).

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Ерменија.

Праисторија[уреди | уреди извор]

На просторот на денешна Ерменија, во околу 6 век п.н.е. Ерменците се населиле во царството Урарту. Во времето на Тигран Велики (95 п.н.е.- 45 п.н.е.), ерменската држава го достигнала својот најголем подем и станала една од најголемите и најсилните држави во Азија. Во тоа време, таа се протегала од Касписко Езеро до Средоземно Море. Во текот на својата античка историја, Ерменија била постојан сојузник на Македонците, Римјаните итн.

Кралство Ерменија[уреди | уреди извор]

Ерменија станала првата држава која го примила христијанството како официјална религија во 301 година.

Последното Ерменско царство (1050 - 1375) опфаќало територии од денешна југоисточна Турција.

Среден век[уреди | уреди извор]

Ерменците во Отоманската Империја припаѓале на Ерменската апостолска црква, Ерменската католичка црква и Ерменската протестантска црква. Во составот на Отоманската империја тие претежно живееле во ерменскиот милет.

Денешната територија на Ерменија под Османлиите започнала да потпаѓа во времето на Мехмед II, а целосното заземање завршило во времето на Селим II (1524 - 1574). Османлиското владеење на Ерменија траело околу 300 години кога по Руско-турската војна (1828-1829) Источна Ерменија била отстапена на Руската империја. Западниот дел од земјата под османлиско владеење била до поразот на империјата во Првата светска војна.

Во текот на османлиското владеење дел од елитните ерменски семејства имале голема доверба кај султанот и добиле можност да допрат до големи позиции во власта. Со текот на времето бројот на Ерменците постојано се намалувал главно поради тоа што биле третирани како народ од втора класа или пак поради разни прогони, па дури и геноциди.

Во Константинопол по 1453 година продолжила да опстојува Ерменската апостолска црква предводена од ерменскиот патријарх. Ерменците живееле во шест вилаети и тоа Ерзурум, Ван, Битлиш, Дијарбекир, Карпут и Сивас.

По Берлинскиот конгрес се отворило т.н. Ерменско прашање кое се однесувало во преден план за заштита на населението. Ерменското прашање станало дел од Источното прашање во меѓународната политика. Во империјата било формирано Ерменска револуционерна организација која се борела за решавање на ерменското прашање и подем на ерменскиот национализам.

Жртви во геноцидот во 1915 година.

Поради ова следувале серија од бунтови и востанија од страна на ерменските сили кои завршувале безуспешно. Во текот на Првата светска војна ерменското население било подложено на масовно истребувње од империјата. По крајот на војната Ерменија за кратко станала независна држава.

Светски војни[уреди | уреди извор]

Република Ерменија била основана на 28 мај 1918 година, по поразот на Османлиската Империја во Првата светска војна. Како таква, функционирала до 29 ноември 1920 година, кога била заземена од советската армија. На 12 март 1922 година Грузија, Ерменија и Азербејџан се обединиле како Закавкаска Советска Федеративна Социјалистичка Република. Од 1936 година, Ерменија станала одделна република во рамките на СССР.

Најнова историја[уреди | уреди извор]

На 23 август 1990 година е преименувана во „Република Ерменија“, којашто беше во составот на СССР уште една година, а потоа добива суверенитет во 1991 година.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Ерменија.
Топографска карта на Ерменија

Поголемиот дел од територијата на Ерменија е планинска. Највисоката точка во државата се наоѓа на планината Арагатс, на 4.095 метри надморска височина. Езерото Севан се наоѓа на 1.900 метри надморска височина. Климата во Ерменија е континентална. Летата се суви и топли и траат од јуни до септември, а зимите се многу студени со изобилство од снег. Вкупната површина на земјата изнесува 29.800 km², и според тоа се наоѓа на 142 место по големина во светот. Ерменија граничи на север и исток со Грузија и Азербејџан, а на југ и запад со Иран и Турција.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Ерменија.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Ерменија е поделена на покраини и град Ереван кој има специјална административна положба:

Марз Главен град Површина Население
Арагацотн (Արագածոտն) Аштарак (Աշտարակ) 2,753 km² 126,278
Арарат (Արարատ) Арташат (Արտաշատ) 2,096 km² 252,665
Армавир (Արմավիր) Армавир (Արմավիր) 1,242 km² 255,861
Гехаркуник (Գեղարքունիք) Гавар (Գավառ) 5,348 km² 215,371
Котајк (Կոտայք) Раздан (Հրազդան) 2,089 km² 241,337
Лори (Լոռի) Ванаѕор (Վանաձոր) 3,789 km² 253,351
Ширак (Շիրակ) Гјурми (Գյումրի) 2,681 km² 257,242
Сјуник (Սյունիք) Капан (Կապան) 4,506 km² 134,061
Тавуш (Տավուշ) Иџеван (ջևան) 2,704 km² 121,963
Вајоц Ѕор (Վայոց Ձոր) Ехегнаѕор (Եղեգնաձոր) 2,308 km² 53,230
Ереван (Երևան) 227 km² 1,091,235

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Ерменија.
Производство на памуа
Нуклеарна електрана Мецамор

Ерменија е индустриско-аграрна земја. Државата располага со значајни наоѓалишта на бакар, молибден, боксит и градежен материјал, а постојат и мали залихи од благородни метали како злато и полускапоцени камења.[11] Исто така, бројни се и минералните извори. [12]

Општи одлики на стопанството[уреди | уреди извор]

БДП според паритетот на куповната моќ во 2010 година изнесувал 17,27 милијарди американски долари, додека БДП по жител изнесувал 5.800 американски долари. Структрурата на БДП за 2010 година била следната: примарен сектор 22%, секундарен сектор 46,6% и терцијарен сектор 31,4%.[13]

Уште во советско време, во Ерменија била развиена модерна индустрија која го снабдувала останатиот дел од Советскиот Сојуз со машини, опрема и други производи во замена за сировини и енергија. Земјоделието се развивало на основ ана големи земјоделско-индустриски комбинати. Распадот на Советскиот Сојуз, војната во Нагорно-Карабах и затворањето на границата со Турција довеле до стопански колапс на почетокот на 1990-тите години. Многу фабрики биле затворени заради недостаток на сировини и енергија, а земјоделието се вратило во рамки на производство за сопствени потреби. По добивањето независност во земјата биле спроведени бројни пазарни реформи, вклучувајќи и приватизација на државниот капитал, со цел да бидат ублажени последиците од транзицијата во пазарна економија. Исклучително големата зависност на домашното стопанство од надворешните фактори, ја направило Ерменија особено осетлива на потресите на глобалниот пазар. Со помош на Меѓународниот монетарен фонд, владата на Ерменија во 1994 година покренала амбициозен програм за економска либерализација што помогнало да се намали сиромаштијата и исклучително високата инфлација, била стабилизирана националната валута, а била интензивирана и приватизацијата на средните и малите претпријатија.

Според индексот на човековиот развој на Организацијата на обединети нации Ерменија во 2010 година била рангирана на 78. место што било најлошо во однос на останатите земји од КавказАзербејџан бил 67., а Грузија 76.,[14] а по индексот на перцепција на корупцијата во 2010 година од 178 држави била рангирана на 123. место.[15] Според индексот на економски слободи била рангирана на 36. место (3 мај 2011).[16]

Во средината на 2000-тите години, годишната стапка на стопански раст била околу 10 %, но во 2009 година дошло до голема рецесија и пад на БДП за дури 14% (и покрај огромните странски кредити). Иако во средината на 2010 година дошло до благо закрепнување, магазинот Форбс во својата публикација за 2011година, ја рангирал Ерменија како втора најлоша економија на светот.[се бара извор] Ерменија е членка на СТО од 2003 година. И покрај силниот економски раст во последните години, и понатаму еден од големите проблеми е изразито високата стапка на невработеност.[17]

Земјоделие[уреди | уреди извор]

Ерменија располага со многу малку обработливо и плодно земјиште, и тоа главно во долината на Аракса и на јужните краеви на Араратската Низина. На мал број земјоделски површини се одгледува памук, маслинки, винова лоза, бадеми, житарици и зеленчук. Ерменија е традиционално подрачје на одгледување винова лоза – а на нејзино тло е пронајдена и најстарата винарија на светот.[18] Грозјето, заради климатските фактори и педолошки карактеристики е со одличен квалитет, плодот е богат со шеќер и како таков погоден за производство на десертни вина и ракија. Развиено е и овоштарството, а по квалитет особено се издвојуваат сортите кајсии, праски, дуњи, сливи и ореви.

Сточарство, лов и риболов[уреди | уреди извор]

Благодарени на големите пространства кои се под пасишта развиено е овчарството и говедарството, односно месната и млечната индустрија. Традиционален сточарски крај е Лориската Висорамнина, каде се одгледува кавкаското говедо. Овчарството главно е раширено на повисоките подрачја со планински ливади. Најважните рибји ресурси се концентрирани на езерото Севан, на кое моментално е забранет риболов за економски цели. Најважните видови риба се севанската пастрмка, белица и крап.

Индустрија и енергетика[уреди | уреди извор]

Секундарниот сектор ги обезбедува најважните извозни производи — челик, бакар, молибден и други обоени метали.[19] Дисбалансот во надворешната трговија се создал главно заради турската и азербејџанската економска блокада, делумно бил покриван со средства од меѓународна помош, дознаки од дијаспората како и преку директни странски инвестиции.[20] Нуклеарната енергија учествува со 40% во енергетскиот сектор на земјата, додека нахидроенергија отпаѓа само 25% и покрај големиот хидропотенцијал на ерменските реки, а постојат планови во врска со искористување на енергијата на ветрот за економски цели.[21] Во енергетскиот сектор Ерменија е многу зависна од увозот на енергенси (особено од Русија и Иран).[22] Многу електроенергетски објекти денес се главно во руска сопственост.[23] Еден реактор од нуклеарната електрана кај Мецамор изградена во 1970 година е затворено по големиот земјотрес во 1988 година (иако самата електрана не претрпела поголеми оштетувања), додека другиот продолжил со работа сè до 1995 година, а последните години повторно почнал со работа (под управа на руската агенција за енергија).[24] Изградбата на нови нуклеарни централи е единствен начин да се спречи зависноста на земјата во енергетскиот сектор. На крајот на 2007 година била завршена изградбата на гасоводот со кој би се транспортирал природен гас од Иран за потребите на термоелектраната кај Ереван (завршена во средината на 2010).[се бара извор]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Армавија е национален авиопревозник
Татевскиот манастир од 10 век кај градот Горис

Вкупната должина на пругите е 852 км (2001 година) и сите се електрифицирани и имаат висок пропусен опсег, но неопходна е реконструкција на повеќето од нив.[25] Ерменската железница во меѓународен сообраќај имаат отворени линии единствено со Грузија. Планирана е изградба на нови линии кон Иран (вредност на проектот меѓу 1 и 2 милијарди евра) со вкупна должина околу 500 км.[26]

Вкупната должина на асфалтираните патишта е 8,4 илјади километри и поголемиот дел се во многу лоша состојба. Особено очајна е патната инфраструктура во провинцијата каде доминира макадам.[25]

Воздушниот сообраќај се одвива преку два аеродрома: Звартнотс во Ереван и Ширак во Гјумри. Национална авиокомпанија е Армавија. Меѓународниот аеродром Звартнотс се наоѓа 10 км западно од Ереван и е поврзан со 70 градови ширум светот. Бил изграден во 1961 година, а во 1998 бил отворен нов карго терминал, и во 2007 нов патнички терминал. Од аеродромот Ширак се лета главно кон Москва, Ростов на Дон и Сочи, а во тек се проширувања и работа на модернизација на пистата во склад со меѓународните стандарди.

Туризам[уреди | уреди извор]

Туристичкиот сектор во Ерменија сè уште не е доволно развиен, а приходите од туризмот не претставуваат значајна ставка во буџетот. Во 2009 година Ерменија ја посетиле 575.281 туристи.[27] На туристите особено интересни им се планинските одморалишта како Дилиџан и Цахкадзор, каде се наоѓаат популарни скијачки центри на само 50 км североисточно од Ереван и само 5 км од Храздана, а кој во советско време бил главна база за висински подготовки на советските спортисти. На туристите им се привлечни и бројни воздушни бањи со минерални извори на висини од преку 2.000 м како Џермук, Мегри и бројни средновековни манастири ширум земјата. Главни летни центри за пливање се наоѓаат на езерото Севан.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Ерменија.

Ерменците или арменците се индоевропски народ, кој претежно живее во Ерменија и сочинува 93% од населението. Нивната држава Ерменија (Armenia) постоела на Кавказот уште по првиот милениум пред новата ера и претставува една од најстарите светски цивилизации. Ерменија била прва држава во светот која христијанството го прогласила како официјална религија околу 300 години пo новата ера.

Ерменците се по вероисповед христијани (монофизити), а зборуваат на ерменски јазик, кој се смета за посебна гранка на индоевропската фамилија на јазици.

Ерменци има вкупно 7.631.000, од нив 3.509.000 во Ерменија, 851.000 во САД, 611.000 во Азербејџан и 577.000 во Грузија. Ерменците се и мнозинско население (околу 95%) во Република Нагорно-Карабах, која формално припаѓа на Азербејџан, но фактички претставува независна држава. Ерменците се мнозинско население (90%) и во грузиската покраина Џавахетија.

За време на Првата светска војна, тешко настрадале во ерменскиот геноцид (убиени се околу 1.500.000 Ерменци) од страна на Младотурците, кога и се протерани на територијата на којашто и денес живеат. Младите Ерменци сѐ уште се борат да го докажат геноцидот. Тоа е народ кој со гордост ја раскажува својата историја.

Религија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Ерменија .
Верници во Ерменија
Православни
  
98 %
Муслимани
  
0,3 %
Језиди
  
1 %
Други
  
0,7 %
Манастирот Хор Вирап изграден во 7ми век. Во позадината се наоѓа планината Арарат, на чиј врв се смета дека застанала ноевата арка за време на библискиот потоп.

Поголемиот дел од Ерменците се христијани, религија што во Ерменија постои пред околу 1.700 години. Ерменија има своја црква, Ерменска апостолска црква. Според едно предание, таа била основана од страна на Апостол Вартоломеј и Апостол Тадеј. Историски била формирана од страна на светецот Григориј Просветител во 301 година, чијшто син Аристакес учествувал на Првиот Вселенски собор. Оваа црква се потпира на решенијата од првите три Вселенски собори и ја поддржува христологијата на Свети Кирил Александриски. Веќе на Четвртиот Вселенски собор, ерменската апостолска црква не учествувала и не ги поддржала, односно не ги признала решенијата од тој собор. Во периодот од 491 до 536 година конечно се оделила од Византија.

Култура[уреди | уреди извор]

Ерменски традиционален танц
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Ерменија.

Јазик и писменост[уреди | уреди извор]

Ерменците имаат карактеристично писмо и јазик. 96% од населението зборува ерменски, а 40% и руски. Населението на Ерменија е потполно писмено, 99% од населението знае да чита и пишува. Повеќето возрасни лица во Ереван зборуваат и на руски јазик, а популарноста на англискиот јазик постојано расте.

Книжевност[уреди | уреди извор]

Ерменскиот фолклор обилува со различни видови усно народно творештво. Старите бајки, како „За Гајка и Бела“, зборуваат за отпорот на ерменскиот народ кон асирските освојувачи, а многу е пзоната и прекрасната бајка „За раѓањето на Ваагна“ во која се раскажува за големите јунаци, за огнените коњи, за светлото и темното царство, итн. Едно од најголемите достигнувања на ерменскиот фолклор е епотСасунци Давид“ од 10 век во кој се пее за борбата против арапското ропство.[28]

Музеи и галерии[уреди | уреди извор]

Градската национална галерија на уметности има повеќе од 16.000 дела, од кои, некои потекнуваат уште од средниот век. Во неа се наоѓаат и слики на многу европски мајстори. Музејот на модерната уметност, Галеријата на детски слики и Сарјанскиот музеј се само мал дел од уметничката понуда во Ереван. Исто така, постојат повеќе лични галерии, а боројот на нови постојано расте. Во нив се организираат ротациски изложби и продажби.

Музика[уреди | уреди извор]

Ерменскиот филхармониски оркестар е од светска класа, свири во зградата на Градската опера, каде што настапува и ерменската опера и балет. Џезот е популарен, особено во лето, кога живите свирки се редовна појава во градските кафулиња.

Театар[уреди | уреди извор]

Во Ереван има повеќе драмски театри, каде што се играат претстави на ерменски, руски и повремено на англиски јазик.

Занаетчиство[уреди | уреди извор]

Во Ереван се наоѓа и плоштад на уметнички дела и занаети, блиску до Плоштадот на Републиката, кадешто стотици продавачи ги нудат своите ракотворби. На овој плоштад можат да се купат антиквитети, чипка, рачно-изработени волнени теписи... Ерменското златарство има долга и очувана традиција и во еден дел од плоштадот можат да се купат и предмети од злато.

Образование[уреди | уреди извор]

Американскиот универзитет во Ерменија, помеѓу останатото, нуди и студии по менаџмент и право. Оваа институција е плод на зедничките напори на владата на Ерменија, Ерменскиот добротворен совет, USAID и Bolt Hall School of Law од Калифорнискиот универзитет во Беркли.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Constitution of the Republic of Armenia (27 ноември 2005), Chapter 1: The Foundations of Constitutional Order, Article 12.
  2. Asatryan, Garnik; Arakelova, Victoria (Yerevan 2002). The Ethnic Minorities in Armenia. Part of the OSCE. Archived copy at WebCite (16 April 2010).
  3. Ministry of Culture of Armenia "The ethnic minorities in Armenia. Brief information". As per the most recent census in 2011. "National minority".
  4. The Constitution of the Republic of Armenia (27 ноември 2005), Chapter 3: The President of the Republic, Article 55.
  5. date of the Battle of Dyutsaznamart of Khorenac‘i's History as calculated by Mikayel Chamchian (1784); see Panossian, Razmik (2006). The Armenians: From Kings And Priests to Merchants And Commissars. Columbia University Press. стр. p. 106. ISBN 978-0231139267. 
  6. „National Statistical Service of the Republic of Armenia“. конс. 2008-10-16. 
  7. „Census of 2001 of the Republic of Armenia“. 
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „Armenia“. International Monetary Fund. конс. 2008-10-09. 
  9. „Gini index“. World Bank. конс. 12 May 2016. 
  10. „Human Development Report 2013“. United Nations. 2013. конс. 21 мај 2013. 
  11. The Government of the Republic of Armenia: Geography (англиски)
  12. Сите податоци поврзани за економската дејност на Република Ерменија се достапни на службената страница на Стопанската комора на Ерменија
  13. CIA world fact book (англиски)
  14. UNDP: Human Development Report 2010 — 20th Anniversary Edition: The Real Wealth of Nations: Pathways to Human Development(англиски)
  15. Transparency International: Corruption Perceptions Index 2010 (англиски)
  16. Heritage Foundation: 2011 Index of Economic Freedom World Rankings (англиски)
  17. Statistical Yearbook 2007, Armenia National Statistical Service, Yerevan
  18. BBC Russian: В Армении найдена древнейшая винодельня (руски)
  19. „Country Studies - Armenian Industry“. Countrystudies.us. конс. 19. 10. 2011.. 
  20. „Economy of Armenia“. Absoluteastronomy.com. 
  21. „Projects: Iran-Armenia Wind Farm“. Ebrdrenewables.com. 
  22. Resolving a Supply Dispute, Armenia to Buy Russian Gas, New York Times, April 7, 2006.
  23. ARMENIA: NEW PROJECTS A STAB AT INDEPENDENCE FROM MOSCOW? Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) , EurasiaNet.org, October 17, 2008.
  24. "New Armenian Power Plant Set For Launch", Armenia Liberty (RFE/RL), December 21, 2010.
  25. 25,0 25,1 Armenia Country Specific Information.Travel.State.Gov Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски)
  26. Uden, Marco van (1. 6. 2008.). „Railway Operators in Armenia“. Railfaneurope.net. 
  27. Социально-экономическое положение Республики Армения в январе 2010 года \\ 4.2.1. Международный туризм (pdf). Национальная статистическая служба Республики Армения.
  28. Ц. Котевска, „Бисери народног духа“, во: Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 178.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Ерменија