Република Алба
Изглед
Република Алба Repubblica di Alba
| |||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1796–1796 | |||||||||
|
Знаме | |||||||||
| Главен град | Алба | ||||||||
| Говорени јазици | Италијански Француски | ||||||||
| Вероисповед | Римокатоличка црква | ||||||||
| Уредување | Република | ||||||||
| Историја | |||||||||
• Основана | 26 април 1796 | ||||||||
• Престанала да постои | 28 април 1796 | ||||||||
| |||||||||
Република Алба (италијански: Repubblica di Alba) — мала револуционерна република прогласена на 26 април 1796 година, во Алба, Пиемонт, кога градот бил заземен од француската армија. Општината имала многу краток животен век, од само 2 дена бидејќи, со примирјето на Кераско на 28 април 1796 година, на кралот Виктор Амадеус III од Сардинија му била вратена цивилната контрола на целиот регион Пиемонт.