Републиката во пламен (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Републиката во пламен“
РежисерЉубиша Георгиевски и Јован Бошковски
СценаристЉубиша Георгиевски
Главни улогиРисто Шишков
Драги Костовски
Илија Милчин
Илија Џувалековски
Петре Прличко
Вукан Диневски
Јосиф Јосифовски
Ристо Стефановски
Ирена Просен
Јон Исаја
МузикаТома Прошев
ДистрибутерВардар филм
Премиера1969
Времетраење105 мин.
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Републиката во пламен e македонски игран филм по сценарио на Љубиша Георгиевски и Јован Бошковски, а во режија на Љубиша Георгиевски. Монтажер бил Вангел Чемчев, а музиката ја компонирал Тома Прошев.

Премиерата била одржана во 1969 година.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

На 2 август 1903 година, на светиот ден Илинден, во Македонија се крена востание. Тоа беше одговор на повеќевековното ропство и теророт на кој беше изложен македонскиот народ. Илинденското востание кулминираше во создавањето на Крушевската република која опстојуваше десет дена и беше единствена република на Балканот во тоа време. За да се објаснат целта и намерите на востанието, Никола Карев, претседател на Крушевската република го пишува Манифестот на Крушевската република, кој според прогресивноста на идеите изнесени во него е далеку пред времето на настанувањето. Веднаш по започнувањето на востанието кое претендираше да се прошири низ поголемиот дел од Македонија, стана јасно дека тоа е кренато без целосни подготовки... Бројна турска војска го напаѓа Крушево. Востаниците го напуштаат градот. Останува само четата на Питу Гули. Тој е решен да даде пример како се сака својот народ и како се гине за неговата слобода. Нивната херојска смрт на Мечкин Камен ја заслужи и почитта на непријателот. „Иако краткотрајна, по своите идеи Крушевската република беше величествена. Македонија го имаше својот прв Илинден, проследен со крвави години на тешки страдања. Македонија ќе го има и својот втор Илинден, при идната епоха на блиски победи и ослободувања. Овој втор Илинден е близок, тој доаѓа...“ - во „Илинденец“, Димо Хаџи Димов.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Драги Костовски Никола Карев
Ристо Шишков Питу Гули
Драгомир Фелба Чавче
Илија Џувалековски Ташку Ѓонда
Петре Прличко Дојчин
Вукан Диневски Сулејман Али
Ирена Просен
Јелена Жигон
Стево Спасовски
Илија Милчин Јаја-ефенди
Димитар Костаров
Тодор Николовски
Ацо Стефановски
Љубиша Трајковски
Истреф Беголи
Јосиф Јосифовски
Томо Видов
Јон Исаја

Останати улоги  ▼

Надворешни врски[уреди | уреди извор]