Прејди на содржината

Рено Талисман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рено Талисман
Renault Talisman
ПроизведувачРено
Познат и какоРено Самсунг SM6
Производство2015–до денес (Франција)
2016–до денес (Јужна Кореја)
СклопувањеФранција, Јужна Кореја
ПретходникРено лагуна
Рено латитуд (Европа)
Класасредна класа / голем семеен автомобил (D-сегмент)
Вид каросерија4 врати седан
5 врати караван
Распоредмотор напред, погон напред
ПлатформаРено Нисан CMF платформа (CMF-CD)
Мотор
  • Бензин:
  • 1,6 L
  • 1,8 L
  • 2,0 L
  • Гас:
  • 2,0 L Renault LPe I4
  • Дизел:
  • 1,5 L турбодизел I4
  • 1.6 L единичен или двоен турбодизел I4
Пренос6-степен мануелен
6/7-степен автоматик
Меѓуоскино раст.2810 mm
Должина4850 mm
Ширина1870 mm
Висина1460 mm
СродниРено еспас V
КонструкторАлексис Марто [1]

Рено Талисман (француски: Renault Talisman) – автомобил што го произведува француската фабрика за автомобили Рено од 2015 година. За кинескиот пазар Талисман се продава од 2012 година, но во дизајнерска смисла тоа се две различни возила. Во Јужна Кореја, Талисман од 2012 година се вика Рено Самсунг SM7.[2]

Првпат во јавност бил прикажан на 6 јули 2015 година, а официјалната премиера ја имал во септември 2015 на саемот за автомобили во Франкфурт. Развиен е на платформата CMF-CD, која заедно ја равиле Рено и Нисан. Доаѓа како замена за лагуна и латитуд.

Се одликува со елегантен стил, простран ентериер, висока технологија и иновативност. Како Рено еспас и Рено каѓар има карактеристичен облик на маската на ладилникот со голем централно поставен амблем на марката. Осмислени се и оригинални стилски детали, како дневни лед светла или задни лед светла кои се вовлекуваат длабоко во капакот на багажникот. Располага со голем багажник од 608 литри. За разлика од лагуната, која назад имала петта врата, Талисман е класичен седан со четири врати или караван со пет врати.[3]

Опремен е со ефикасни мотори со мала кубикажа, бензински од 1,6 TCe (150 и 200 КС) и дизел мотори од 1,5 dCi (110 КС) и 1,6 dCi (130 и 160 КС).[4]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Un design classique mais original“. L'argus.
  2. Netcarshow: Renault Talisman (2013) (англиски)
  3. Б92: Рено Талисман – нова лимузина средње класе (српски)
  4. Вреле гуме: Рено Талисман

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]