Рене Лаенек
Рене Лаенек René Laennec | |
---|---|
Роден(а) | Рене-Теофил-Јасент Лаенек 17 февруари 1781 Кемпер, Франција |
Починал(а) | 13 август 1826 Плоаре, Франција | (возр. 45)
Образование | Универзитет во Париз |
Познат по | изум на стетоскопот |
Сопружник | Жакет Гишар (1824 — 1826) |
Рене-Теофил-Јасент Лаенек (17 февруари 1781 — 13 август 1826) — француски лекар и музичар. Неговата вештина да изработува сопствени дрвени флејти го навела да го измисли стетоскопот во 1816 година, додека работел во болницата Некер.[1] Лаенек бил пионер за негова употреба во дијагностицирањето на различни состојби на градниот кош. Станал предавач на Колеж де Франс (Collège de France) во 1822 година и професор по медицина во 1823 година. Пред да почине бил шеф на медицинската клиника во Опитал де Лашарите и професор на Колеж де Франс. Паднал во кома и умрел од туберкулоза на 13 август 1826 година на возраст 45 години.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Лаенек е роден во Кемпер (Бретања). Неговата мајка умрела од туберкулоза кога тој имал пет години, а тој отишол да живее кај неговиот дедо-вујко опатот Лаенек (свештеник).[3] Како дете, Лаенек се разболел од мака и од повторувани случаи на треска. Се сметало дека Лаенек има астма.[4] На возраст од дванаесет години, тој отишол во Нант, каде што неговиот вујко, Гијем-Франсоа Лаенек, работел на медицинскиот факултет на универзитетот. Лаенек бил надарен студент.
Неговиот татко (адвокат) подоцна го обесхрабрил да продолжи да работи како лекар, а Рене потоа имал период со долги прошетки на село, танцувал, учел грчки и пишувал поезија. Сепак, во 1799 година му се вратил на студирањето. Лаенек студирал медицина на Универзитетот во Париз кај неколку познати лекари, вклучувајќи ги Дипуитрен и Жан-Никола Корвизар. Тука бил обучен да го користи звукот како дијагностичко помагало. Корвизар се залагал за повторно воведување на перкусијата за време на Француската револуција.[5]
Изум на стетоскоп
[уреди | уреди извор]Рене Лаенек во класичната расправа De l'Auscultation Médiate напишал:[6]
Во 1816 година, [него] го консултирала една млада жена која боледувала со општи симптоми на заболено срце, и во чиј случај перкусијата и допирот со раката биле од мала корист поради големиот степен на дебелина. Другиот метод што штотуку го спомнав непосредната аускултација беше оневозможена според возраста и полот на пациентот, случајно се сетив на едноставен и добро познат факт во акустиката, ... големата различност со која слушаме гребење на игла на едниот крај од парче дрво при нанесувањето на нашето уво на другиот. Веднаш, по овој предлог, навивав хартија во еден вид цилиндар и го нанесов едниот крај на пределот на срцето, а другиот на моето уво, и немалку бев изненаден и задоволен што открив дека на тој начин можам да да ја согледам работата на срцето на начин многу појасен и почист отколку што некогаш сум бил во можност да направам со потпирање на моето уво.
Лаенек открил дека новиот стетоскоп е надмоќен во однос на вообичаено користениот метод за поставување на увото на градите, особено ако пациентот има прекумерна тежина. Со користењето стетоскоп го избегнувал и срамот да го става увото на градите на жената.[4]
Се вели дека Лаенек видел училишни деца како си играат со долго парче цврсто дрво во деновите пред неговиот изум.[7] Децата го држеле увото на едниот крај од стапот, додека спротивниот крај бил гребан со игла, стапот го пренесувал и го засилувал гребењето. Можеби го вдахнала и неговата вештина како флејтист. Својот прв инструмент го изработил како шуплив дрвен валец со димензии 25 на 2,5 см, кој подоцна го усовршил делејќи го на три дела што се одвојуваат. Усовршената конструкција се одликувала со шуплина во облик на инка за да го засили звукот, што можела да се одвои од телото на стетоскопот.[8]
Неговата клиничка работа му овозможила да ги следи пациентите со болести на градниот кош од болничкиот кревет до масата за обдукција. Затоа, можел да направи врска на звуците фатени со неговите нови инструменти со особени патолошки промени во градниот кош, всушност бил пионер на нова неинвазивна дијагностичка алатка. Белодробната фтиза, на пример, била една болест што можела појасно да се утврди врз основа на знаењето за типични и атипични градни звуци.[9] Лаенек бил првиот што ги класифицирал и расправал за поимите хропот, свирење, чкрипење и егофонија — поими што лекарите денес ги користат секојдневно за време на физичките прегледи и дијагнози.[7] Лаенек своите наоди и истражувања за стетоскопот ѝ ги претставил на Француската академија на науките, а во 1819 година го објавил своето ремек-дело „Посредна аускултација“.[6][4][10]
Лаенек го сковал изразот посредна аускултација (индиректно слушање), наспроти популарната практика во времето на директно ставање на увото на градите (непосредна аускултација). Својот инструмент го нарекол стетоскоп, од грчките зборови στήθος [stethos] (гради) и σκοπός [skopos] (испитување).
Стетоскопот брзо стекнал популарност бидејќи De l'Auscultation Médiate[6] бил преведен и разнесен низ Франција, Англија, Италија и Германија во раните 1820-ти.[9] Сепак, не сите лекари лесно го прифатиле новиот стетоскоп. Иако New England Journal of Medicine го објавил пронајдокот на стетоскопот две години подоцна во 1821 година, дури во 1885 година еден професор по медицина изјавил: „Кој има уши за слушање, нека ги користи своите уши, а не стетоскоп“. Дури и основачот на Американското здружение за срце, Л. А. Конор (1866 — 1950), носел свилено марамче со себе за да го постави на ѕидот на градниот кош за аускултација со увото.[11]
Лаенек често го нарекувал стетоскопот како „цилиндар“, а бидејќи се ближел до смрт само неколку години подоцна, му го оставил својот стетоскоп на својот внук, нарекувајќи го како „најголемото наследство од мојот живот“.
Современиот вид, стетоскоп со две слушалки, бил измислен во 1851 година од А. Леред. Во 1852 година ГП Каман го усовршил дизајнот на инструментот за трговско производство, кој станал сегашен стандарден облик.
Други медицински придонеси
[уреди | уреди извор]Лаенек развил разбирање за перитонитис и цироза. Иако болеста цироза била позната, Лаенек ѝ го дал името цироза, користејќи го грчкиот збор (κιρρος kirrhos, црвено-кафеаво) што се однесува на кафеави, жолти нодули својствени за болеста.
Тој го сковал поимот меланом и ги опишал метастазите на меланом во белите дробови. Во 1804 година, додека сè уште бил студент по медицина, тој бил првиот човек што предавал за меланом. Ова предавање подоцна било објавено во 1805 година. Лаенек всушност го користел поимот меланоза, кој го извел од грчкиот (μελαν, мелан, мела ) за „црно“. Со текот на годините, имало огорчени размени помеѓу Лаенек и Дипуитрен, вториот приговарал дека не се споменува неговата работа во оваа област и неговата улога во нејзиното откривање.
Лаенек исто така ја проучувал и туберкулозата. Случајно, неговиот внук, Меријадек Лаенек, дијагностицирал туберкулоза кај Лаенек користејќи го Лаенековиот стетоскоп.[4][7] Лаенек напишал „Трактат за болеста на градниот кош“ [10] во кој се сосредоточил на болестите на градниот кош како што е phthisis pulmonalis (туберкулоза) и дијагностика како што е пекторилокијата. Во делото расправал за симптомите на Phthisis pulmonalis и на кои делови од телото влијае. Напишано е на академски начин за образовни цели.[10]
Лаенек се залагал за објективно научно набљудување. Професорот Бенџамин Вард Ричардсон во својот Disciples of Aesculapius напишал дека „вистинскиот студент по медицина го чита трактатот за посредна аускултација и употреба на стетоскоп на Лаенек, еднаш на две години барем додека работи. Тој е на исто ниво со трудовите на Весалиј, Харви и Хипократ “.[12]
Верски погледи
[уреди | уреди извор]Лаенек „бил силно религиозен и бил побожен католик цел живот“.[12] Бил забележан како многу љубезен човек и неговата милосрдност за сиромашните станала пословична. Остин Флинт, претседател на Американското медицинско здружение од 1884 година, рекол дека „животот на Лаенек овозможува впечатлив пример меѓу другите што ја побива вулгарната грешка дека стремежот за наука е неповолен за религиозната вера“.[12]
Во анотираниот превод на Ј. Форбс на трактатот на Лаенек, Форбс објавил:
Наследство и почести
[уреди | уреди извор]Почести: Медицински поими именувани по Лаенек:
- Лаенекова цироза се однесува на појавата на регенериран црн дроб, кој содржи мали лобули одделени со фиброзно ткиво;
- Лаенекоов тромб е антенатален тромб во срцето;
- Лаенекови бисери се однесуваат на спутум произведен од астматичари;
- Хамановиот шум, познат и како симптом на Лаенек-Хаман, симптомот на Лаенек-Милер-вон Бергман-Хаман, или крцкањето на Хаман, е крцкање поради спонтан медијастинален емфизем, што се слуша преку прекордиумот.
- На Универзитетот Клод Бернар Лион 1, едно од четирите медицински училишта е именувано по Лаенек.
- На 17 февруари 2016 година, Google го прославил неговиот 235-ти роденден со Google Doodle.[13]
Знаменитости на Лаенек во Париз
[уреди | уреди извор]На надворешниот ѕид на „Hôpital Necker – Enfants Malades“, каде што Лаенек ја напишал Посредна аускултација, во близина на влезот на болницата во ул. Севр бр. 149, има мермерна спомен-плоча со изгравиран портрет на Лаенек и со следниов натпис: Dans cet hôpital Laennec découvrit l'auscultation 1781–1826“ (Во оваа болница Лаенек ја откри аускултацијата 1781-1826).
-
Влезот во улицата Севр
-
Спомен-плоча на Лаенек
-
Една од старите згради на болницата
-
Посредна аускултација... Париз: Ж.-А. Бросон и Ж.-С. Шод, 1819.
-
Посредна аускултација....Цртежи на стетоскоп и бели дробови.
-
Посредна аускултација...Повеќето од документите во неговата книга го прикажуваат заболениот бел дроб. Овие четири прикажуваат бел дроб заболен одтуберкулоза.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Wong, Lisa, M., MD (2014). „Music and medicine: Harnessing discipline and creativity“. The Virtual Mentor. 16 (8): 648–651. doi:10.1001/virtualmentor.2014.16.08.mhst1-1408. PMID 25140689. Посетено на September 5, 2019.
- ↑ Dubos, Rene and Jean (1952). The White Plague. Canada: McClelland and Stewart Limited. стр. 91. ISBN 9780813512242.
- ↑ McCallum, Jack Edward (2008). Military Medicine: From Ancient Times to the 21st Century. ABC-CLIO. стр. 185. ISBN 9781851096930.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Roguin, A. (September 2006). „Rene Theophile Hyacinthe Laënnec (1781–1826): The man behind the stethoscope“. Clinical Medicine & Research. 4 (3): 230–235. doi:10.3121/cmr.4.3.230. PMC 1570491. PMID 17048358.
- ↑ Gabbay, John (1989). „Clinical medicine in revolution: 2: Fusion in the crucible“. British Medical Journal. 299 (6692): 166–169. doi:10.1136/bmj.299.6692.166. JSTOR 29704703. PMC 1837051. PMID 2504361.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 Laennec, René T.H. (1819). De l'Auscultation Médiate, ou Traité du Diagnostic des Maladies des Poumon et du Coeur [On Indirect Listening: A treatise on the diagnosis of lung and heart diseases]. Paris, FR: Brosson & Chaudé. 8. Two volumes.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Scherer, John R. (2007). „Before cardiac MRI: Rene Laennec (1781–1826) and the invention of the stethoscope“. Cardiology. 14 (5): 518–519. PMID 18651515.
- ↑ Risse, Guenter (1999). Mending Bodies, Saving Souls. Oxford, UK: Oxford University Press. стр. 316. ISBN 978-0-19-505523-8 – преку Internet Archive (archive.org).
- ↑ 9,0 9,1 Bynum, W.F. (27 May 1994). Science and the Practice of Medicine in the Nineteenth Century. Cambridge University Press. стр. 39. ISBN 978-052127205-6.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Laennec, R.T.H. (1962). Forbes, John (уред.). A Treatise on the Disease[s] of the Chest. New York: Hafner Publishing Company.
- ↑ Bloch, Harry (1993). „Dr. Connor's technique“. Family Practice.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 Празен навод (help)
- ↑ „Rene Laennec's 235th birthday“. Google. 17 February 2016.
Литература
[уреди | уреди извор]- Bon, H. (1925). Laennec (1781–1826). Dijon, FR: Lumière.
- Duffin, Jacalyn (1998). To See with a Better Eye: The life of R.T.H. Laennec. Princeton, NJ: Princeton University Press.
- Laennec, R.T.H. (1819). De l'Auscultation Médiate ou Traité du Diagnostic des Maladies des Poumons et du Coeur. Paris, FR: Brosson & Chaudé. — The complete title of this book, often referred to as the 'Treatise' is De l'Auscultation Médiate ou Traité du Diagnostic des Maladies des Poumons et du Coeur (On Mediate Auscultation or Treatise on the Diagnosis of the Diseases of the Lungs and Heart).
- Laennec, R.T.H. (1819). De l'Auscultation Médiate ... (online and analyzed. изд.) – преку BibNum.Education.FR. – [click 'à télécharger' for the English version].
- Rouxeaux, U. (1920). Laennec. Paris, FR: Baillière. Занемарен непознатиот параметар
|orig-date=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Рене Лаенек на Ризницата ?