Рене Гаспар Ернест Тајандје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рене Гаспар Ернест Тајандје
Saint Rene Taillandier 1879.png
Рене Гаспар Ернест Тајандје
Роден/а16 декември 1817
Париз, Франција
Починат/а22 февруари 1879
Париз, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин

Рене Гаспар Ернест Тајандје (француски: René Gaspard Ernest Taillandier, роден на 16 декември 1817 во Париз - починал на 22 февруари 1879 во Париз) — француски писател и критичар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Рене Гаспар Ернест Тајандје е роден на 16 декември 1817 во Париз, Франција. Ги завршил студиите во Хајделберг, а потоа станал професор по литература во Стразбур, Монпелје и на Сорбона, каде бил номиниран за претседател на Француската елоквентност во 1868 година. Поголемиот дел од неговото творештво е вклучено во делото „Revue des deux mondes“.

Во јануари 1870 година тој станал генерален секретар на Министерството за образование, а продолжил со оваа функција и по падот на империјата. Тој станал офицер на Легијата на честа во 1870 година, и бил избран за член на Француската академија во 1873 година. Починал во Париз во 1879 година[1].

Дела[уреди | уреди извор]

  • Allemagne et Russie, études historiques et litteraires (1856)
  • Le Poète du Caucase
  • Michel Lermontoff (1856)
  • Maurice de Saxe (1865)
  • Tchèques et Magyars (1869)
  • Le Général Philippe de Ségur (1875)[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]