Рене

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рене
Генијот на христијанството, литограф од 1803, на кој се прикажани Рене и Амели
АвторФрансоа Рене де Шатобријан
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
Жанрромантизам, новела
Издадена
1802

Рене (француски: René) — кратка новела од францускиот писател Франсоа Рене де Шатобријан објавена во 1802. Делото имало влијание врз раниот романтизам, речиси во иста мера како Страдањата на младиот Вертер од Гете. Како и германската новела, Рене раскажува за страсен и чувствителен млад човек кој има необични доживувања во современото општество. Рене бил прво објавен како дел од Шатобријановиот Генијот на христијанството, заедно со уште една новела, Атала, иако бил извадок од подолго прозно дело што Шатобријан го напишал помеѓу 1793 и 1799, но не го објавил до 1826. Рене доживеал огромна популарност и бил повторно отпечатен во 1805 заедно со Атала.

Содржина[уреди | уреди извор]

Рене. несреќен млад Французин, бара прибежиште кај племето Натчези во американската држава Луизијана. Минало долго време пред тој да ги открие причините за својата тага. Раскажал за осаменото детство во татковиот замок во Бретања. Мајка му починала веднаш откако го родила, а татко му бил строг и повлечен. Рене наоѓал утеха кај сестра си Амели, со која многу се дружел и имал долги прошетки низ полјаните близу замокот.

Кога таткото на Рене починал, братот го наследил целиот семеен имот, а Рене одлучил да патува. Ги посетил остатоците од древниот Рим и Стара Грција кои му разбудиле меланхолични чувства. Потоа отпатувал во Шкотска да ги види местата за кои му спомнал слугата Осијан и познатите места во Италија. Но ништо не го задоволило: „Античкиот свет немал сигурност, модерниот нема убавина.“ Се вратил во Франција и увидел дека општеството е нерелигиозно и корумпирано. Сестрата Амели исто почнала да го избегнува. Рене објаснил:

Наскоро бев повеќе изолиран во сопствената земја, отколку кога бев во странство. Долго сакав да се пронајдам во свет кој ништо не ми велеше и ништо не ме разбираше. Мојата душа, сѐ уште неистрошена од страст, бараше предмет со кој ќе се поврзе; но дознав дека повеќе давав отколку што добивав. Не беа префинетиот јазик или длабоките чувства што ми беа побарани. Единствена задача ми беше да ја удавам мојата душа и да се спуштам на ниво на општеството.

Згрозен, Рене се повлекол од јавниот живот и се преселил во запуштена населба од градот. Но и овој повлечен живот наскоро му здосадил. Отишол на село, но и таму не нашол среќа: Конечно бев сам, сам на светот. Силна летаргија ми го обземаше телото. Одвратноста кон животот која ја имав во детството повторно се врати со поголема сила. Од скоро моето срце не испраќа храна до мојот мозок, и единствено чувствував апатија во моето постоење.

Рене решил да се самоубие, но кога сестрата дознала за неговата намера, повторно се спријателиле. Но немало среќен крај, бидејќи Амели имала други планови. Еден ден, Рене дознал дека си заминала, а во писмо што го иставила прочитал дека сакала да стане чесна сестра и заминала во манастир, но не кажала зошто. Рене бил присутен на церемонијата за замонашување, и таму таа му раскажала дека се посветила на црквата бидејќи сакала да ја преброди инцестната љубов кон него. Потресен од оваа исповед, Рене ја напуштил Европа и заминал за Америка. Откако минал некое време со Индијанците, добил писмо во кое бил известен за смртта на сестра му. Откако Рене ја раскажал својата животна приказна, новелата завршува со напомена дека Рене бил убиен во битка помеѓу Натчезите и Французите.

Значење и критика[уреди | уреди извор]

Според насловот, книгата содржи многу автобиографски елементи, кои се потпираат на сеќавањата на Шатобријан за неговото детство во Бретања и неговите патувања во Северна Америка во 1791. Шатобријан бил критикуван за вметнување на темата инцест бидејќи не постоеле индиции дека неговата сестра Лусил била вљубена во него. Рене бил инспирација за многу млади писатели од ерата на романтизмот, кои мислеле дека новелата прецизно ја доловува тежината на светот која ја доживувала нивната генерација. Меѓу позначајните уметници кои го пофалиле делото се композиторот Хектор Берлиоз и поетот Алфред де Мисе. Содржината на Рене била инспирација за поемата Странствувањето на Чајлд Харолд од Џорџ Гордон Бајрон. Ликовите на Рене и Харолд се немирни авантуристи со аристократско гледање за баналноста на светот. Како и Гете со Вертер, Шатобријан во поодминати години гледал со негодување за популарноста на Рене.

Ако Рене не постоеше, јас не би го пишувал повторно; ако е можно да го уништам, би го уништил. Тој создаде цели контингенти на поети иснпирирани од Рене и трговци со проза; сѐ што слушаме деновиве се бедни и неповрзани фрази; единствената тема се силни ветрови и бури, и непознати болни ликови што преку цела ноќ стенкаат до небото. Не постои шарлатан што не завршил факултет и кој не мисли дека тој е најсреќниот од сите луѓе; тоа не е неисцрпна крава молзница што постојано има што да понуди; кој верувал во себе и не бил измачуван од својот гениј; кој во длабочините на своите мисли, не се предал на „бранот на страсти“; кој не го подигнал бледото и набрчкано чело и го изненадил човештвото со страдален лик чие име ниту тој, ниту пак некој друг го знае.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Chateaubriand: Atala, René, Les aventures du dernier Abencérage, ed. Jean-Claude Berchet, Flammarion (1996)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]