Рендал Манро

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рендал Манро
Randall Munroe ducks.JPG
Роден Рендал Патрик Манро (Randall Patrick Munroe)
17 октомври 1984
Истон, Пенсилванија
Националност Американец
Познат xkcd
Занимање Цртач на стрипови

Рендал Патрик Манро (англиски: Randall Patrick Munroe) е програмер познат по неговиот семрежен стрип xkcd. Тој и неговиот семрежен стрип уживаат култен статус меѓу љубителите на такви стрипови. Тој е еден од малкуте автори на семрежни стрипови кои живеат од тоа.[1]

Биографија[уреди]

Манро бил љубител на стрипови уште од мала возраст,[1] почнувајќи со Калвин и Хобс.[2] Матурирал во средното училиште за математика и наука во Клоувер Хил, а дипломирал физика на универзитетот Кристофер Њупорт во 2006.[3][4] Манро бил соработник на НАСА[5] пред и по дипломирањето. Во јануари 2006, неговиот договор со НАСА истекол и тогаш почнал да работи само на неговиот семрежен стрип, xkcd. Сега се издржува себеси со продавање на разна роба поврзана со xkcd.[1][6] Семрежнот стрип набргу станал многу популарен, достигнувајќи дури 70 милиони гледања на месец до октомври 2007.[7]

Манро држел говори на места како Googleplex, штабот на Google во Маунтин Вју, Калифорнија.[8]

Во декември 2006, Манро во знак на протест[9] им напишал чек на Verizon кој содржел сложен математички израз за да искаже $0,002.[10]

Манро живее во Сомерсвил, Масачусетс[1] и има двајца браќа: Даг[11] и Рики.[12]

Стрипот[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „xkcd.
"Википедијански протестирач", со дополнителен текст „СТАВЕТЕ ДЕЛУМНА ЗАШТИТА НА УСТАВОТ“ (SEMI-PROTECT THE CONSTITUTION)

xkcd е семрежен стрип со теми од програмирање, математика, наука, јазик и романтика.

Видете уште[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Cohen, Noam. „This Is Funny Only if You Know Unix“, „The New York Times“, 26 мај 2008. 0362-4331 (конс. 25 септември 2008).
  2. @Google Talks (venue). (2007-12-11) (Adobe Flash). „Authors@Google: Randall Munroe“. [Digital video]. Маунтин Вју, Калифорнија: Google. Се случува во 24:13. архивирано на 11 декември 2007. Грешка: Ако имате параметар |archivedate=, мора да имате и |archiveurl=. http://www.youtube.com/watch?v=zJOS0sV2a24. конс. 25 септември 2008. „...Calvin and Hobbes was the first comic that I discovered. (Калвин и Хобс е првиот стрип што го открив.)“ 
  3. Munroe, Randall. „About“. xkcd. http://xkcd.com/about/. конс. 26 септември 2008. 
  4. „582 students receive diplomas from Christopher Newport University“. Christopher Newport University. 17 мај 2006. http://universityrelations.cnu.edu/news/2006/05_17_06grads.html. конс. 30 мај 2008. 
  5. „Authors@Google: Randall Munroe“. „@Google Talks“. Маунтин Вју, Калифорнија: Google. 11 декември 2007. http://www.youtube.com/watch?v=zJOS0sV2a24. конс. 25 септември 2008. 
  6. Fernandez, Rebecca. „xkcd: A comic strip for the computer geek“, „Red Hat Magazine“, Red Hat, 12 октомври 2006 (конс. 25 септември 2008).
  7. So, Adrienne. „Real Geek Heart Beats in Xkcd's Stick Figures“, „Wired“, Condé Nast Publications, 13 ноември 2007. 1059-1028 (конс. 25 септември 2008).
  8. Spertus, Ellen (21 декември 2007). „Randall Munroe's visit to Google (xkcd)“. „Beyond Satire“. http://www.beyondsatire.us/?q=node/272. конс. 25 септември 2008. 
  9. Vaccaro, George. „VerizonMath“. http://verizonmath.blogspot.com/. 
  10. „The check“. http://xkcd.com/verizon/. 
  11. Munroe, Randall. „Pillar“. „xkcd“. http://xkcd.com/32/. 
  12. Munroe, Randall. „Egg Drop Failure“. „xkcd“. http://xkcd.com/510/.  See mouseover text.

Надворешни врски[уреди]

  • xkcd – страница на стрипот со врски до неговата продавница, форуми и благ (блог)
  • xkcd-esшпанска верзија на стрипот