Ренато Сулиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ренато Сулиќ (Риека, 12 октомври 1979 година) е хрватски ракометар.

Ренато Сулиќ
Сулиќ во 2017 со Веспрем.
Лични податоци
Роден(а) 12 октомври 1979(1979-10-12)(44 г.)
Риека, СФР Југославија
Националност Хрват
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001920000001,92 м
Позиција Пивот

Клуска кариера[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал во РК Трсат каде за брзо покажал голема способност за играње ракомет.Потоа се преселил во РК Замет каде што му помогнал на тимот да се врати во Првата А Лига во сезона 1995-96.Истата година бил дел и од победничкиот тим на Замет во првенството за играчи до 19 години.

После 4 години во клубот станал незадоволен со неговиот статус и заминал во РК Метковиќ.Во клубот останал само 1 година и го освоил своето прво Европско натпреварување ЕХФ Купот и завршил како второ пласиран во лигата.

Сулиќ се вратил една сезона во РК Замет пред да отиде за игра за РК Загреб.За време на неговиот престој во Загреб освоил 3 лигашки титули и 2 куп титули.После Загреб имал кратки престои во Веспрем,Медвечак пред да помине три години во Целје.

Во 2009 Сулиќ се вратил во Веспрем каде го освоил секој домашен куп и лига од 2009 и СЕХА Лига од 2014.

Интернационална Кариера[уреди | уреди извор]

Ренато го забележал првиот настап за Хрватска во 2001 година на Светското Првенство.Истата година го освоил првиот медал на Медитеранските Игри на кои Хрватска го освоила првото место.

Во 2003 Сулиќ играл клучна улога за Хрватска во освојувањето на Светското Првенство.

По Европското првенство во 2004 година каде Хрватска го обезбедила 4то место, Сулиќ бил повреден во сообраќајна несреќа.тој имал операција на левото колено и ги пропуштил Летните олимписки игри во 2004 година.

Во 2006 година играл на Светското првенство во Шведска каде Хрватска го освоила првото место. Во 2008 година освои сребрен медал со Хрватска на ЕП 2008 во Норвешка.Истата година ја претставувал својата земја на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Кина.Хрватска загубила во полуфиналето и завршила на четвртото место.

Откако не бил избран цели 7 години, Жељко Бабиќ го повикал Сулиќ да игра за репрезентацијата, но Сулиќ одбил и рекол дека неговите репрезентативни денови се завршена приказна.

Личен Живот[уреди | уреди извор]

Сулиќ е во брак со поранешната натпреварувачка за Мис Универзум Маја Цециќ-Видош од 2003 година.Ренато и Маја имаат четири деца, три ќерки и еден син.

Извесно време Сулиќ и неговата сопруга поседувале локален бар во Риека по име Маат Бар.

Во 2016 година Сулиќ доби унгарско државјанство.