Ренато Димитриевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ренато Димитриевски
ПозицијаКрило
Крилен центар
Висина1,96 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаГостивар
Број12
Роден17 октомври 1991 (1991-10-17) (30 г.)
Гостивар, Македонија
НационалностМакедонец
Клубови
2011-2012Ултимејт Баскет/Кралеви
2012-2013Колибри/Лихнидос
2013-2015Т-Баскет
2015-Гостивар
Репрезентација
Инфо од: 19.06.2020.

Ренато Димитриевски (роден 17 октомври 1991 во Гостивар) — македонски кошаркар. Тој игра на позициите крило и крилен центар во КК Гостивар. Тој е брат-близнак на кошаркарот и соиграч Роберт Димитриевски.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Димитриевски настапувал за второлигашот Ултимејт Баскет/Кралеви во сезоната 2011/12.[1] Следната сезона играл за охридскиот клуб Колибри/Лихнидос.[2] Со нов клуб во сезоната 2013/14, Т-Баскет, играл во вториот ранг на кошарка.[3] Во втората сезона со тетовскиот клуб,[4] Ренато ја освоил Втората лига и со тоа се пласирале во Првата лига. Но поради технички причини клубот се распаднал, и за следната сезона се префрлил во КК Гостивар кој бил новопријавен второлигаш. Во првата сезона со Гостивар, тој и екипата завршиле на третото место, недоволно за настап во елитата. Сезоната 2016/17, Гостивар и Ренато станале второлигашки прваци. Во сезоната 2017/18, сега како прволигашки кошаркар, со Гостивар стигнал до Супер лигата и завршил на петтото место. Следната сезона, бил полуфиналист во Првенството и Купот на Македонија со гостиварскиот состав. Во средината на јули, тој ја продолжил соработката со Гостивар за сезоната 2019/20.[5] Таа сезона, тој затекнат со прекин на сезоната поради COVID-19 пандемијата во земјата и светот.[6][7] За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал двегодишен договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.[8] [9]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Т-Баскет[уреди | уреди извор]

Македонија Гостивар[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Регистрирани играчи: Втора лига мажи - сезона 2011/12“ (PDF). Македонска кошаркарска федерација преку web.archive.org. Посетено на 19 јуни 2020.
  2. „Листа на одобрени играчи и службени лица - КК Колибри“ (PDF). Македонска кошаркарска федерација преку web.archive.org. 19 октомври 2012. Посетено на 19 јуни 2020.
  3. „T-Basket Tetovo 2013-14“. eurobasket.com преку web.archive.org. Посетено на 19 јуни 2020.
  4. „T-Basket Tetovo 2014-15“. eurobasket.com преку web.archive.org. Посетено на 19 јуни 2020.
  5. „Кланот Димитрие(в)ски ќе владее во Гостивар“. gol.mk преку web.archive.org. 17 јули 2019. Посетено на 19 јуни 2020.
  6. „Антиќ пресече: Нема шампион, нема испаѓање од кошаркарската Прва лига“. ekipa.mk преку web.archive.org. 14 мај 2020. Посетено на 18 јуни 2020.
  7. „КФМ донесе конечна одлука: Сезоната е завршена, шампион нема да има!“. gol.mk преку web.archive.org. 14 мај 2020. Посетено на 18 јуни 2020.
  8. „ГОСТИВАР ЈА ПРОДОЛЖИ СОРАБОТКАТА И СО КАПИТЕНОТ ДИМИТРИЕВСКИ“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 18 јуни 2020. Посетено на 18 јуни 2020.
  9. „Капитенот Димитриевски останува во Гостивар уште две години“. gol.mk преку web.archive.org. 18 јуни 2020. Посетено на 18 јуни 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]