Рем џем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рем Џем
ПотеклоЊујорк, САД
Жанровихард рок, блуз рок, хеви метал
Период на активност1977 (1977)–1978
Поранешни членови
Бил Барлет
Хауард Артур Блоувелт
Пит Чарлс
Мајк Скавоне

Рем Џем беше американска хард рок и хеви метал група, формирана во Њујорк во 1977 година. Групата е позната по својот најголем хит, песната „Black Betty“. Групата постоеше само една година, но подоцна во 1994 година истата повторно се состави за да сними само уште еден албум. За време на нејзиното кратко постоење, Рем Џем донесе три албуми со голем број на песни, кои се омилени меѓу љубителите на класичната рок и метал музика.

Членови на бендот[уреди | уреди извор]

Во бендот членуваа: гитаристот Бил Барлет, басистот Хауард Артур Блоувелт[1], тапанарот Пит Чарлс[2] и вокалистот Мајк Скавоне. Освен нив, во групата членуваа и други музичари кои настапуваа за време на нивните турнеи. Меѓу нив беа и гитаристот Џими Санторо, кој им помогнал во реализацијата на нивниот прв албум, како и пејачот на Транс Сибериан Оркестра, Макс Ман, кој настапуваше со нив на неколку свирки во 90-тите. Додека пак, басистот Блоувелт пред да стане дел од Рем Џем свиреше во повеќе бендови со познатиот пејач Били Џоел.

Историја[уреди | уреди извор]

Барлет ја започна својата музичка кариера свирејќи во поп групата Лемон Пајперс. Потоа, заедно со уште некој од таа група, ја формира Старстрак. Додека постоеше неговата група, Барлет ја имаше слушнато песната „Black Betty“ од блуз пејачот Лид Бели, која му стана омилена. Набрзо, тој направи свој аранжман на истата и ја отсвири со својот бенд Старстрак. „Black Betty“ стана голем хит, но Старстрак се распадна. Кога Барлет стана дел од Рем Џем, тој повторно ја сними истата песна. Сега веќе, кога Рем Џем ја издаде „Black Betty“, таа стана хит на национално ниво. Тоа му овозможи на пресно формираната група огромен успех за многу кратко време. Првиот албум на Рем Џем, кој го носи името на групата беше објавен во 1977 година. Звукот на албумот се карактеризираше со хард рок елементи. Според некои новинари и други експерти, овој албум имаше расистички елементи. И покрај таквите критики, албумот имаше поголем успех во европските земји. Во САД тој го достигна бројот 37 на Топ листите, во Британија тој се најде помеѓу првите 10 на 1977 година, додека пак најголем успех албумот забележа во Холандија, достигнувајќи го бројот 4 на Топ листите.[3][4]

Вториот албум „Portrait of the Artist as a Young Ram“ од 1978 година, не доживеа толкав успех колку првиот. Во песните од ова издание покарактеристичен беше хеви метал звукот. Сепак, ова издание се наоѓа во 100те најдобри метал албуми од 70-тите. Во неговото снимање не учествуваше гитаристот Бил Барлет.

По 1978 година, групата беше пасивна сè до 90-тите. Тогаш членовите издадоа неколку компилации во кои ги имаше сите 20 песни од нивните први албуми. Првата компилација бендот ја објави во 1990 година со речиси истиот омот од првиот албум. Во овој период, нивната најпозната песна повторно станува голем хит. Песната „Black Betty“ во оваа деценија забележа неколку различни кавери и ремиксови. Истото ќе се продолжи и на почетокот на новиот милениум, кога песната ќе има повеќе преработки од различни музичари и бендови.

Во 1994 година Рем Џем го издаде својот трет албум „Thank You Mam“, но со друга постава. По неговото излегување, Рем Џем одржа неколку свирки, но набрзо повторно се распадна. Барлет започна своја соло кариера свирејќи гитара, пијано, хармоника и настапувајќи со рокенрол музика. Скавоне по распадот престана да се занимава со музика, но подоцна ја реформира својата прва група The Doughboys. Во 2015 година тој стана член на Јардбрдс[5]. Тапанарот Чарлс почина во 2002 година, а пак Блоувелд почина пред да се објави последниот албум на бендот, во 1993 година.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Howie Blauvelt (1949-1993)“. FindAGrave.com. Посетено на 2012-12-24.
  2. Thedeadrockstarsclub.com - accessed April 2009
  3. „UNH's 'Black Betty'bam-ba-lams its last“. Архивирано од изворникот на 2014-11-30. Посетено на 29 November 2014.
  4. Crouse, Richard (2000). Big Bang, Baby: Rock Trivia. Dundurn. стр. 187.
  5. „Yardbirds.US: Home“. Yardbirds. Архивирано од изворникот на 2017-09-12. Посетено на 2017-09-20.