Ремо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ремо(нова Битола))

Ремо е име на осум населби во Битола. Оваа населба е прилично нова во градот и тука се изградени само згради, од Ремо I до Ремо VIII. Населбата се наоѓа на прометно место на улицата „Васко Карангелевски“. На запад се граничи со Брусничка населба, на исток со населбата Маџармаале и на север со Довлеџик. Веднаш до зградите се наоѓа супермаркетот "Веро". Тука, исто така, се наоѓа и OУ „Елпида Караманди“. Улици во оваа населба се:

  • Васко Карангелевски
  • Игњат Атанасовски
  • ЈНА (дел)

Исто така во близина на зградите кои потекнуваат од населбата Ремо се наоѓа Градското Реонско Пазариште кое располага со повеќе од 260 дуќани и 40-тина тезги со зеленчук.