Религија во Централноафриканска Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Религија во ЦАР)
Религија во Централноафриканска Република[1]
Религија процент
Протестантство
  
51 %
Католицизам
  
29,0 %
Ислам
  
15 %
Останати
  
5 %

Религијата во Централноафриканска Република има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Според проценките од 2010 година, околу 80% од населението на Централноафриканската Република се христијани. Исламот се практикува од страна на 15% од населението. Поголемиот де. од муслиманите се сунити. Се верува дека голем дел од верниците ги вклучуваат традиционалните староседелски елементи во нивните верски практики[2].

Христијанство[уреди | уреди извор]

Катедрала во Централноафриканска Република.

Во земјата постојат голем број на мисионерски христијански групи, меѓу кои лутеранци, Баптисти, Католици и Јеховини сведоци. Поголем број од мисионерите се од САД, Франција, Италија и Шпанија, но има и мисионери од Нигерија, ДР Конго и останатите африкански држави. Поголем број од мисионерите ја напуштиле државата за време на конфликтот меѓу владата и бунтовниците во 2002 и 2003 година. Денеска, околу 51% од населението се протестанти додека Римокатолиците се застапени со 29%. Римокатоличката црква има формирано девет епархии со една архиепископија. Папа Франциск го посетил градот Банги во 2015 година.

Ислам[уреди | уреди извор]

Муслиманите во најголем дел се населени во северниот дел на земјата. Муслиманите се втора по големина верска заедница во земјата, со околу 15% од вкупниот број на население. Муслиманите главно имаат потекло од Судан и Чад.

Останати[уреди | уреди извор]

Традиционалните домородни верувања се практикуваат од страна на околу 5% од населението[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]